Skip to main content

Автор: инфодеск

Менди Ќура најави продажба на аудито од Мерко, отпуштања на административци и ревизија на работењето

Views: 107 Независниот  кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура денес го доби уверението   од ОИК. По куса средба со претходниот градопначалник,  Ќура најави две предлог одлуки. Првата  продажба на аудито,  рече  за своите потреби ке го користи приватниот автомобил. Воедно  најави отпуштање на сите вработени во општината кои што  не одат на работа.– Денеска почнуваме од зборови на дела почнуваат промените. Мојот изборен број 133 е среќен број денеска таблиците на мојата кола кои се исти 133 ке биде автомобил кој ке служи на општина Струга во следните четири години....

Продолжи со читање

Полициски службеници

Изминатиот викенд регистрирани 1466 сообраќајни прекршоци, 14 лица лишени од слобода за безобзирно управување на возило

Views: 73 За време на изминатиот викенд (08/09.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1466 издадени платни налози, 786 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 14 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, двајца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, еден за возење со брзина поголема...

Продолжи со читање

assorted books on wooden table

 Рекордни 773 милиони денари во буџетот за научно-истражувачка дејност

Views: 91 Министерството за образование и наука го честита Светскиот ден на науката за мир и развој и соопшти дека за следната 2026 година е предвидено рекордно зголемување на буџетот за научно-истражувачка дејност, кој изнесува 22 милони евра.-Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно-истражувачката дејност....

Продолжи со читање

Младинска конференција за женско претприемништво во МЦО

Views: 72 Младински Центар Охрид организира Конференцијата посветена на младинското и женското претприемништво, која ќе се одржи на 11ти ноември 2025 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.Настанот е посветен на поттикнување на младинското и женското претприемништво преку споделување инспиративни искуства, практични совети и создавање можности за вмрежување.Конференцијата ќе обедини локални претприемачки, млади лидери и професионалци од различни области кои преку своите приказни и примери ќе ја поттикнат креативноста и акцијата кај...

Продолжи со читање

Светата маченичка Параскева (Петка)

Views: 103 Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители, како девојка, почна да им го раздава својот имот на бедните и на болните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја, кнезот ја фрли во затвор каде...

Продолжи со читање

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Views: 73 Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Од УХМР велат дека и утре ќе има локални врнежи во претпладневните часови . Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.Во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Избрано ново раководство на гимназиската младинска заедница

Views: 121 На првата конститутивна седница на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, беа спроведени изборите за ново раководство на ова ученичко тело за учебната 2025/2026 година.На изборите, учениците повторно му ја доверија функцијата претседател на Иво Георгиески, кој и минатата година успешно ја извршуваше оваа одговорна улога. За потпретседател беше избран Ангел Трајчески, а за секретар Зорица Стевоска.-Новото раководство има за цел активно да се грижи за потребите и проблемите на учениците, да го унапредува ученичкото учество во одлучувањето и да...

Продолжи со читање

Во Тетово одржана третата панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“

Views: 74 Во Тетово денеска се одржува панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“, со фокус на тоа како се менувало значењето на оценувањето низ генерации, што денес значи вистински успех и како наставниците го препознаваат трудот и напредокот на учениците во современиот контекст.Ова е трета дискусија во државата која Министерството за образование и наука ја одржува во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ чија цел е да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството....

Продолжи со читање