Автор: инфодеск
Post Views: 226 Традиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, и тоа на:8 август (четврток), во периодот од 19 до 24 часот9 август (петок), во периодот од 9 до 13 часот.-Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост...
Денес се одбележува денот на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка
Post Views: 265 Денеска православните верници ја слават Света Петка летна.Света преподобна маченичка Петка Римјанка се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа...
Свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски – Летен
Post Views: 238 Прекрасно музичко уживање приреди оперската пејачка Илина Митревска, која во придружба на проф. Андреј Наунов вчеравачер одржа свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски -летен.Пред писутните гости, во катедралната црква „Света Софија“ свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Доделена ни е честа и привилегијата, во оваа прекрасна августовска вечер, во прегратките на древниот Охрид, овде, во уникатниот амбиент на еден од најубавите црковни храмови, да ја почуствуваме уметноста и преку...
Вечерва на Охридско лето концерт за виолина и пијано со Климент Тодороски и Марија Вршкова
Post Views: 248 Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во Тулуз,Франција во класата на професор Благоја Димчевски сѐ до 2002 година. Дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко....
Фолклорниот Ансамбл Отекс Фолк од Охрид ќе учествува на фолклорниот фестивал Folk Azores
Post Views: 428 Фолклорниот Ансамбл Отекс Фолк од Охрид го најави своето учество на престижниот фолклорен фестивал Folk Azores, кој ќе се одржи на Азорските Острови, островот Терцеира од 11-ти до 18-ти август. Азорските Острови, лоцирани во Атлантскиот Океан, се наоѓаат на приближно 4,300 километри оддалеченост од Охрид, што ја нагласува значајноста на патувањето и учеството на ансамблот. Азорските Острови се автономен регион на Португалија.На овој меѓународен фестивал ќе настапат 13 ансамбли од различни делови на светот, вклучувајќи ги Аргентина, Бугарија, Чиле, Словачка,...
Избран најдобриот расказ на годинашниот конкурс „Живко Чинго“
Post Views: 178 Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 09 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на...
Општина Охрид објави јавен конкурс за избор на директори во јавните препријатија
Post Views: 372 Согласно законските процедури, Општина Охрид распишува јавни конкурси за избор на директори на повеќе јавни претпријатија. Конкурсите можете да ги видете на линкот.
Винарија Охрид вработува тројца сезонски работници
Post Views: 287 Винарија Охрид има потреба од тројца сезонски работници за претстојната берба во времетраење од 30 дена. Работното време е организирано во две смени, и тоа прва смена од 10ч до 18ч и втора смена од 18ч до 02ч.Исплатата ќе се врши врз основа на одработени денови. За подетални информации обратете се во Винарија Охрид на 046/279-225 или на е-маил vinarija@yahoo.com .Дневницата изнесува 2000 денари.
Почина бебе од струшко Мороишта
Post Views: 321 Почина четиримесечно бебе од струшкото село Мороишта. Синоќа, по неуспешната реанимација во семејниот дом, екипите на Брзата помош, бебето без знаци на живот, го пренеле на Детското одделение во Општата болница во Струга, каде била констатирана смрт.-На 06.08.2024 во 22.43 часот во ОВР Струга е пријавено дека на Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска...
Пожар помеѓу селата Волино и Мороишта
Post Views: 201 На 06.08.2024 во 15.42 часот во СВР Охрид е пријавено дека на отворен простор со нискостеблеста вегетација, помеѓу селата Волино, општина Дебрца и Мороишта, општина Струга, настанал пожар кој зафатил и нива со овошни насади. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, се вели во соопштението од СВР Охрид.
ЈП„Охридски Комуналец” со апел до граѓаните од У.З. Стар Град да го почитуваат комуналниот ред
Post Views: 201 Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпадОд таму апелираат до граѓаните комуналниот отпад уредно да го депонираат на определени места за оваа намена во точно определените денови за дадениот реон и во периодот од 22.00 часот до 07.00 часот.Додаваат дека граѓаните кои поседуваат објекти за издавање на туристи треба да ги информираат своите гости за комуналниот ред за да се избегнат непријатните слики и ситуации со кои секојдневно...
Цените на мало на годишно ниво пораснале за 3.9 %
Post Views: 249 Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, порасна за 0,7 %. Цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година пораснаа за 1,5%, објави Државниот завод за статистика.На годишно ниво ( јули 2024- јули 2023.) инфлацијата мерена преку трошоците на животот изнесува 3%, додека цените на мало на годишно ниво пораснаа за 3,9 %.Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи:...