Skip to main content

Автор: инфодеск

Марихуана

Кривични пријави за 55 и 30 годишни охриѓани за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“

Views: 92 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 55 и 30 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.– Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за натамошна препродажба. При претрес во домот на едно од лицата, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа опаковки со марихуана и...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Свикана третата седница на Советот на Општина Охрид

Views: 82 Третата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во четврток, 13 ноември, со почеток во 10:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот дневен ред:Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за млади и невладини организации за 2025 година....

Продолжи со читање

Денеска се чествува Великомаченик Свети Димитриј – Митровден

Views: 76 Митровден e голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој се празнува на 8 ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време-зимата.Светиот великомаченик Димитриј, кој живеел во Солун, во 3. век. Тој бил син на градоначалникот, кој долго време немал деца и по долги молитви, добил син, кого го воспитувал според христијанските верувања. По смртта на татко му, Димитриј бил назначен за градоначалник на Солун. Во тоа време, христијанството не било признаено како државна...

Продолжи со читање

Викендов ќе имаме променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Views: 87 Викендов не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец.Во Охрид денешните температури ќе бидат во интервал од 9 до 15 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Пештани

Санацијата на дефектот во Пештани прекината – продолжува утре наутро поради тешки услови на теренот

Views: 87 Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека нивните екипи повеќе од 12 часа макотрпно работат на санација на дефектот во село Пештани, но поради компликации настанати при санацијата на непристапниот и ризичен терен за работа во ноќни услови и за да не биде загрозена безбедноста на работниците, санацијата се прекинува и со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.

Продолжи со читање

СВР Охрид предупредува: Лажни полициски инспектори измамуваат граѓани преку телефон

Views: 117 Од СВР Охрид ја известуваат јавноста дека деновиве, повторно зачестиле случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.– Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон. Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски...

Продолжи со читање

Детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини” вечерва во Охрид Мол

Views: 120 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, вечерва ќе биде прикажана детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини”.– Претставата има за цел преку театарско-едукативен пристап, пропратен со забава, хумор, песни и игри, да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се преминува улица,  препознавање на знаци и сигнализација, безбедно однесување со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција. Оваа е продолжение на куклената претстава „Другарство“. Креирањето...

Продолжи со читање

Положено свежо цвеќе во чест на ослободувањето на Охрид

Views: 83 По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.Градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и го проследи краткиот историски час, подготвен од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.Делегации на Општина Охрид...

Продолжи со читање