Skip to main content

Автор: инфодеск

Саем за кариера утре на УИНТ Св. Апостол Павле

Post Views: 118 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид на 3 декември 2025 година организира Саем за кариера, кој ќе започне во 12:00 часот на Универзитетот.Настанот има за цел да обезбеди директна средба помеѓу студентите и претставници од компании, со фокус на можности за пракса, вработување и понатамошен професионален развој. Компаниите ќе имаат можност да ги претстават своите програми, вработувачки потреби и активности, а учеството за нив е целосно бесплатно.–Како високoобразовна институција која континуирано придонесува за...

Продолжи со читање

Охрид достојно ќе го одбележи патрониот празник „Свети Климент Охридски“

Post Views: 143 Со низа настани Охрид ќе го одбележи 8-ми Декември- Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот. Програмата насловена „Деца сме на Климента“ ќе започне на 3-ти декември, а ќе заврши на 8-ми Декември со Свечена академија.Чествувањата започнуваат утре, среда, 3-ти декември, со Археолошко и јазично описменување преку литературата за деца и млади „Охридска археолошка азбука” второ издание, од проф. д-р Антонио Јакимовски, археолог, д-р Елизабета Томевска-Илиевска и м-р Маја Јаневска, педагози и м-р по археологија Иван Малезанов, кое ќе се одржи во Општина...

Продолжи со читање

Променливо време со локални врнежи кон вечерните часови

Post Views: 78 Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 2 до 10 степени Целлзиусови.

Продолжи со читање

Започна реализацијата на два важни проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија

Post Views: 113 На пригоден настан кој се одржа денеска во Охрид, официјално започна реализацијата на проектите „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“ и „Крушево и Елбасан – Патување во природа и авантура“, финансирани од Европската Унија преку ИПА 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Кирил Пецаков ја истакна важноста на прекуграничната соработка во зајакнувањето на локалниот развој, заштитата на природата и унапредувањето на безбедноста на...

Продолжи со читање

Средба на претставници од СВР Охрид и Здружението на пензионери за превенција од телефонски измами

Post Views: 88 На иницијатива на СВР Охрид, денеска се одржа работна средба помеѓу полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.-Целта на средбата беше размена на информации и координација околу повторните телефонски измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди. Притоа, полициските службеници укажаа на потребата, Здружението низ своите активности како и низ други форми, да врши поинтензивно информирање на своите членови за телефонските измами на претежно повозрасни лица...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид го одбележува Светски ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА

Post Views: 77 1-ви декември, Светски ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2025 г.), Црвен крст Охрид го одбележува со низа активности во рамките на светската кампања под мотото „ЕДУЦИРАЈ СЕ, ПРЕВЕНИРАЈ ХИВ/СИДА“  потенцирајќи го значењето и важноста од едукацијата и превенцијата во борба против СИДА-та.  Овој ден претставува заедничка борба, не само медицинска туку и општествена, во која секој сегмент има клучна улога.ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ ирусот во човечкиот организам доведува до уништување на...

Продолжи со читање

Низа полициски интервенции: Тешка телесна повреда во Охрид, разбојништво во Струга и заплена дрога кај Франгово

Post Views: 117 На 30.11.2025 во 10:45 часот на ул.,,Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од Охрид. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид, физички го нападнал нападнал 34-годишно лице од Охрид, при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 30.11.2025 во 23:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 23:00 часот во спортска обложувалница во Струга, едно лице со закани кон вработената одзело пари од дневниот...

Продолжи со читање

Продолжен рокот за огласот за изнајмување на типизираните куќарки

Post Views: 103 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 год. од 25.12.2024 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.3/2024), Одлука за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во Општина Охрид бр. 08-15415/56 од 25.12.2024г, Извод за поставување на урбана опрема, која се наоѓа на Плоштадот св.Климент Охридски,Охрид во зона А бр.19-15112/2 од11.11.2025година од Општина Охрид и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-492/8...

Продолжи со читање

Денес започна пробниот период за проектот „Безбеден град“, граѓаните ќе се казнуваат од 1 јануари

Post Views: 120 Денес стартува едномесечниот тест период на системот „Сејф сити – Безбеден град, безбедна држава“. Новиот систем ќе ја преземе улогата на „електронски сообраќаец“: камерите ќе снимаат, компјутерите ќе препознаваат, а прекршочните налози автоматски ќе стигнуваат на телефон и мејл. До крајот на годината ќе трае пробниот период, во кој ќе се издаваат само опомени, а од почетокот на следната година ќе започне и изрекувањето казни.–За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град, на сопственикот на возилото со кое е констатиран...

Продолжи со читање

Светиот маченик Платон

Post Views: 63 Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели. Не ја криеше својата вера во Христа, туку јавно ја проповедаше изобличувајќи ги идолопоклониците заради поклонувањето на мртви твари наместо на живиот Создател. Заради ова беше изведен на суд пред началникот Агрипин и беше многу малтретиран и мачен од него. Кога началникот почна да го советува да ја избегне смртта и да си го зачува животот поклонувајќи им се на идолите, Платон му одговори: „Има две смрти, привремена и вечна, но...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 59 Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла која ќе се задржи подолго во текот на денот и таму температурата ќе остане пониска. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минималните температури во Охрид од 3, а максималните до 9 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека од вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Продолжи со читање

Повеќе полициски интервенции во Охрид: Лишувања од слобода, семејно насилство и затекнати малолетни лица во угостителски објекти

Post Views: 114 На 30 ноември 2025 година, во 02:30 часот, на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти, лишени се од слобода три лица на возраст од 37, 41 и 31 години, сите од истото село.– Тие се затекнати во домот на едно од лицата, каде, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, по судска наредба, извршија претрес и пронајдоа најлонски опаковки со бела прашкаста материја и со опојна дрога марихуана како и други предмети со остатоци од дрога. Истите се одземени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни...

Продолжи со читање