Skip to main content

Автор: инфодеск

30 години ЦКА-ПХВ и Клуб на млади при Црвен крст Охрид, jубилеј на хуманоста, волонтерството и младинската енергија

Views: 131 Со емоции, спомени и средба на повеќе генерации, во Охрид беше одбележан значаен јубилеј, 30 години од имплементацијата на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) и 30 години постоење на Клубот на млади при Црвен крст Охрид.Големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид беше исполнета со волонтери, активисти и пријатели на Црвениот крст, кои заедно го одбележаа тридеценискиот пат исполнет со хуманост, солидарност и младински активизам.Настанот беше можност да се оддаде признание на сите генерации волонтери кои низ...

Продолжи со читање

Кардиолошки центар Охрид со важна порака на Светскиот ден на срцето: Грижата започнува со превенција

Views: 159 По повод Светскиот ден на срцето, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид ја нагласува важноста од превенцијата, навремената дијагностика и грижата за срцевото здравје.Светскиот ден на срцето, кој се одбележува секоја година на 29 септември, годинава се одбележува под мотото „DON’T MISS A BEAT“, со порака за поголема грижа и свесност за здравјето на срцето.По тој повод, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид се вклучува во...

Продолжи со читање

Нов систем за командување при катастрофи, во подготовка и примена на вештачка интелигенција

Views: 155 Поплави, пожари и невремиња – ризиците од елементарни непогоди се менуваат и стануваат сè поголем предизвик за институциите. Општините и надлежните служби мора постојано да ги прилагодуваат капацитетите и начинот на реагирање.За првпат во земјава ќе се воведува систем за командување во кризите, со примена и на вештачка интелигенција.„За прв пат ќе воведеме систем за командување, кој што ќе овозможи сите институции што се вклучени во она што се случува на терен, оние што донесуваат одлуки на национално ниво, но и на локално ниво, да можат да видат што се...

Продолжи со читање

Најдобро време во денот за десерт

Views: 294 Ако ве фаќа желба за чоколадо, колач или друг десерт, времето во кое го јадете можеби не е целосно неважно. Истражувањата покажуваат дека организмот различно реагира на храна во различни делови од денот, особено кога станува збор за регулирањето на глукозата.Научните податоци укажуваат дека доцното внесување храна, особено богата со шеќери и јаглехидрати, може да предизвика поголеми осцилации на шеќерот во крвта отколку истиот оброк консумиран порано во текот на денот.Интересни податоци доаѓаат од студија објавена во списанието Diabetes & Metabolism.Во...

Продолжи со читање

Струга Црн Дрим

Општина Струга организира јавни консултации со спортските клубови и граѓанскиот сектор

Views: 140 Спортските клубови и граѓанските организации ќе имаат можност да дадат свои предлози и забелешки за новите општински програми и правилници.Општина Струга организира јавни консултации со спортските клубови и граѓанските организации, со цел нивно активно вклучување во креирањето и унапредувањето на општинските програми и правилници.Консултациите со спортските клубови ќе се одржат на 1 октомври 2026 година, со почеток во 14:00 часот, во Салата на Советот на Општина Струга.На средбата ќе се разговара за новата Програма за спорт, Правилникот за спорт, како и за концептот...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Две лица физички нападнале 21-годишник на на булеварот „Железничка“

Views: 116 Во близина на деловен објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, две лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец. Случајот бил пријавен во СВР Охрид на 28 септември, околу 23 часот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

ЈП „Градски Пазар“ со апел до продавачите да не ги зафаќаат тротоарите, туку да продаваат во пазарот

Views: 142 ЈП „Градски Пазар“ – Охрид спроведе акција на повеќе локации во градот со цел да се обезбедат уредни јавни површини и непречено движење на пешаците.Во понеделникот, 28 септември, ЈП „Градски Пазар“ – Охрид спроведе акција за расчистување и уредување на јавните површини на повеќе локации во градот. Акцијата опфати делови кај КАМ Маркет, кај Билјанини Извори, автобускиот простор кај болниците, како и тротоарите во непосредна близина на Градскиот Пазар, информираа од јавното претпријатие.Оттаму посочуваат дека целта била да се овозможи непречено движење на пешаците и...

Продолжи со читање

кабаст отпад

Во петок акција за подигнување кабаст и зелен отпад од улиците ,,Абас Емин”, ,,Железничка” и дел од ,,Булевар Туристичка”

Views: 121 Ј.П.,,Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.10.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улиците ,,Абас Емин”, ,,Железничка” и дел од ,,Булевар Туристичка”-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 02.10.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944, се додава во соопштението од претпријатието.

Продолжи со читање