Автор: инфодеск
Post Views: 193 Во понеделник, 12 Август во просториите на Младинскиот Центар Охрид ќе се одбележи меѓународниот Меѓународен Ден на Млади.Овој настан е симбол за младинско учество и подигање на свеста за младите, со цел да се сврти вниманието кон одреден збир на културни и правни прашања коишто ги засегаат младите.По овој повод, и оваа година Младински Центар Охрид подготви низа настани на различни локации во Охрид со цел младите да се поврзат, забавуваат, да ја разбудат својата креативност и да научат некоја нова вештина.
Анкета – Потреби и предизвици на жените во заедницата
Post Views: 1.138 ТВМ Телевизија во рамки на рубриката „Заедницата има многу лица“ реализира дебатни емисии, со цел, сензибилизирање на јавноста за различните интереси, потреби, приоритети и можности на различни групи граѓани.Втората емисија ја посветуваме на потребите, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат жените и девојките во секојдневното живеење во градов, а кои треба да се земат во предвид при креирањето локални политики и колку во заедницата се води грижа за нив.Учествувајте во креирањето на емисијата од „Заедницата има многу лица“ така што ќе ја...
Во „Прличевата одаја“ промоција на „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска
Post Views: 234 Утре, напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирано најновото поетско дело на Оливера Јовановска „Секојдневниот ореол“.Промотор ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска, а с тихови ќе читаат Софија Милеска и Христијан Јовановски.Оливера Јовановска е родена на 21 јули 1970 година во Битола, Македонија. Таа е македонска и австралиска поетеса која во далечната 1986 година се пресели да живее во Австралија. Таму се здобива со диплома за администрација и бизнис менаџмент, кој се главен фактор за нејзино успешно менаџирање бизнис за здрава...
Денес сончево и топло време со слаб до умерен ветер
Post Views: 295 Денес времето ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 32 степени, а УВ индексот ќе биде 8.Утре и во петок ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во покачување.
Изложба „Ех, моја Македонија” во сеќавање на Драган Спасески Охридски, утревечер во Лапидариум
Post Views: 317 Изложба „Ех, моја Македонија” во сеќавање на Драган Спасески Охридски ќе биде отворена утревечер во музејскиот културен центар „Лапидариум“ .На изложбата со свои дела ќе се претстават Мајкл Клос од Канада, Демир Демироски Македонец од Германија, Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски од Македонија.Четворицата уметници изложбата ја организираат во сеќавање на познатиот доктор и уметник Спасески Охридски со кого ги поврзува почетокот на уметничките кариери од 1985-тата година. Тогаш сопругата на уметникот Мајкл Клос, Менка, во Домот на култура во...
Во четврток и петок ќе се одржи крводарителска акција „Плаошник 2024“
Post Views: 234 Традиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, и тоа на:8 август (четврток), во периодот од 19 до 24 часот9 август (петок), во периодот од 9 до 13 часот.-Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост...
УЈП во контрола на туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран
Post Views: 434 Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија контроли во туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран во 108 објекти.Кај 49 даночни обврзници се утврдени неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, не регистрирана резервна фискална апаратура, неводење книга за дневни финансиски извештаи, неводење итна сметковотствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга, непоставено соопштение на видно место со кое се информира купувачот на добро, односно корисникот на...
Аерозагадување од пожарите во Охридскиот регион
Post Views: 306 Чадот од пожарите во Охридскиот регион се чувствува и во градот, предизвикано е големо аерозагадување. Деновиве мерните станици покажуваат забалежително зголемено ниво на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Чадот кој се гледа и чувствува на километри далечина е исклучително штетен за белите дробови, особено за децата, повозрасните и оние со астма, бронхитис и хронични срцеви заболувања.Шумските пожари шират многу штетни емисии, јаглерод моноксид азотни оксиди и многу опасни материи штетни по здравјето на луѓето.-„Тие пожари предизвикаа енормно...
Грчките уметници Гримпас и Лазаридис приредија прекрасен концерт за публиката на „Охридско лето“
Post Views: 319 Во прекрасниот и акустичен амбиент на катедралната црква „Света Софија“ вчеравечер концерт одржаа реномираните уметници од Грција, виолончелистот Христос Гримпас и пијанистот Емануел Лазаридис.Двајцата уметници со внимателно одбрана програма на чиј репертоар беа Сонатата за виолончело од Лудвиг ван Бетовен, Грчката свита за виолончело и пијано од композиторот Михаелидес и Сонатата за пијано од Франц Лист, настапија во рамките на Грчката вечер која е традиционална на фестивалот „Охридско лето“ и секоја година ги носи најдобрите уметници од...
Пожарите во охридскиот регион ставени под контрола, пожарот на Илинска планина сè уште активен
Post Views: 255 Од Центарот за управување со кризи информираат дека двата пожари во охридскиот регион кај селата Косел – Расино – Опеница – Вапила и на планината Галичица се ставени под контрола, додека пожарот на Илинска планина е сè уште активен.Од таму велат дека изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо...
Библиотеката од Охрид донираше книги за децата кои учат македонски во Војводина
Post Views: 248 Минатата недела во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше Охридија Димитровска наставничка од Вршац – Војводина, која веќе пет години предава македонски јазик со елементи на национална култура на ученици во ОУ „Моша Пијаде“ во Гудулица и во ОУ „Јован Стерја – Поповиќ“ во Вршац.-Наставничката Охридија ни објасни дека минатата учебна година имала по два часа неделно во мешовитите македонски паралелки составени со ученици од прво до шесто одделение а заинтересираните деца македонскиот можат да го учат до крајот на осмо одделение.Чувствувајќи ја...
На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски
Post Views: 274 Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски.Љупчо Јолевски е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде...