Skip to main content

Автор: инфодеск

Night Car Show по втор пат во Охрид

Post Views: 206 Охридското здружениена автомобилисти USCCO со поддршка на Општина Охрид и оваа година ќе ja организира изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили Night car show. Настанот ќе се одржи на 10.08.2024 година (Сабота) со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна.Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.Според најавите на изложбата ќе учествуваат претставници на повеќе странски...

Продолжи со читање

Угостителските услуги во јули покапи за 4,8 отсто во споредба со лани

Post Views: 327 Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4,8 %, соопшти Државниот завод за статистика.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиотпериод од минатата година, е зголемен за 5,6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2,4 %.Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.

Продолжи со читање

Охридските пожарникари пет дена се борат со огнената стихија

Post Views: 240 Припадниците на ТППЕ Охрид неуморно се борат со огнената стихија која пет дена не стивнува на потегот помеѓу селата Косел, Расино, Опеница и Вапила. Денеска пожарот ставен под контрола, благодарение на ефикасното делување на сите ангажирани на терен.На земја со екипите на Територијалната против пожарна единица од Охрид, координирано дејствуваат и вработени во општинските Јавни претпријатија,, Национални шуми, Национален парк “Галичица”, членови на доброволното против пожарно друштво “Ентузијаст”, ЦУК, ДЗС, месно население, како и...

Продолжи со читање

Српскиот хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ денеска до 11 часот испуштил 126 тони вода над пожарот во охридско

Post Views: 397 Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода, јави дописникот на МИА од Белград.– Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на македонските колеги во борбата против пожарот. Нашата посада на „Супер Пума“ е ангажирана во гаснењето на пожарите во околината...

Продолжи со читање

На „Охридско лето“ музичко патување низ земјите од Јужна Америка

Post Views: 266 Виножитниот спектар на латино ритмови вчеравечер беше прикажан на Долни Сарај, на концертот што по повод 64. роденден на фестивалот „Охридско лето” го одржаа членовите на салса оркестарот „Меркадонегро”.Музичкото  патување низ земјите на Јужна Америка, со презентација на музика и песна од државите и краиштата од каде доаѓаат уметниците го следеше и претседателката на државава, Гордана Силјановска-Давкова . Таа заедно со публиката играше  и  се восхитуваше  на уметниците кои со својата надареност ја доловија уникатната...

Продолжи со читање

Пецаков: двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола

Post Views: 239 Градоначалникот Кирил Пецаков на својот Фејсбук профил објави дека двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола благодарение на ефикасното делување на сите надлежни служби на терен.-Акцијата за елиминирање на пожарите продолжува со максимална посветеност и денеска заедно со двата хелихоптери, кои од утрово повторно оперираат од воздух. Упатувам јавно признание до сите вклучени во оваа неколкудневна акција! Нивниот ангажман е од непроценлива важност за заштита на заедницата и природата. Јавноста и месното население, како и до сега ќе бидат...

Продолжи со читање

Вечерва концерт со грчки уметници на Охридско лето

Post Views: 276 Христос Гримпас студира на Државниот конзерваториум во Солун (проф. Д. Патрас) како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Пост- дипломските студии ги завршува на Високата школа за музика во Есен во класата на В. Менделсон. Бил член на младинскиот оркестар на Рајнскиот регион, Меѓународниот младински оркестар и Оркестарот на ЕУ. Наградите кои се впишани во неговата биографија ги вклучуваат: Грчкиот натпревар за млади солисти во 1997 година, Меѓународниот натпревар „Хелекспо” во 1998 година, а добитник е на стипендии од Здружението на љубители на...

Продолжи со читање

„Охридско лето“ денеска одбележува 64 години со концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“

Post Views: 226 Со салса оркестарот „Мерканонегро“ , „Охридско лето“ вечерва ќе одбележи 64 години успешно постоење.На денешната прес-конференција по повод роденденскиот концерт, директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ истакна дека „Охридско лето“ е уникатен македонски подиум на кој се вкрстуваат уметничките креации од целиот свет, а на фестивалската сцена, како што потсети, секоја година се обединуваат различните култури оставајќи неизбришлива трага за идните генерации.-Огромна е благодарноста до сите оние кои со својот настап го воздигнале...

Продолжи со читање

Продолжува акцијата за гаснење на пожарите

Post Views: 277 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својата објава информира дека денешната акција за гасење на пожарите се одвива согласно претходно договореното и дека сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси, а учествуваат два хеликоптери на МВР и АРМ, и три авиони за гасење пожар.Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места.-Апелирам до сите за воздржување од ширење на дезинформации поврзани со пожарите, како не би настанала непотребна паника помеѓу жителите, се вели во...

Продолжи со читање

Охрид го прославува Илинден

Post Views: 248 Со бројни свечености Општина Охрид го прославува 2. Август – Денот на Републиката. Во рамки на чесвувањето, денес, делегација на Општина Охрид предводена од Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, заменик  – градоначалничката Ана Крстеска и советничката Деса Косаркоска положи свежо цвеќе и се поклона пред спомен обележјето на Илинденците во Градскиот парк. Свежо цвеќе во Градскиот парк положија претставници на политички партии, здруженија на граѓани и инстиуции.Делегација на општината предводена од советниците Леона Кичеец...

Продолжи со читање

Охрид го празнува Илинден

Post Views: 166 Со богата културно-уметничка програма  синоќа во охридското село Велгошти започнаа чествувањата по повод 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.– Во предвечерието на големиот празник Илинден се собравме тука во атарот на  ова прекрасно охридско село за да им оддадеме почит  и да се поклониме пред сите великани – учесници на двата илиндена во 1903-та и 1944 –та година на чии коски и крв се изгради и  воздигна  независна и современа ...

Продолжи со читање

Честитка од градоначалникот Кирил Пецаков по повод 2. Август – Денот на Републиката

Post Views: 165–Чествувајќи го 2. Август – Денот на Републиакта значи дека сеуште тлее идеалот на двата Илиндена во нас. И се додека тоа е така значи дека суште ја прославуваме љубовта кон татковината. 2. Август е денот кој не обединувал уште од минатото, денот кој не инспирира и кој значи продолжување на делото што нашите славни предци го започнаа. Денес се сеќаваме и им оддаваме почит на големиот број револуционери, кои верни на својте идеали за слободна и независна Македонија ги положиле своите животи. Нивната жртва е потсетник дека слободата и независноста на ...

Продолжи со читање