Автор: инфодеск
Post Views: 289 Празничната вечер на фестивалот „Охридско лето“ ќе донесе авторски концерт посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски со наслов „ Вечерен ѕвон“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.Викторија Коларовска-Гмирја, музиколог, пијанистките Марија Вршкова и Марија Ѓошевска, виолинистот Владимир Костов, флејтистот Страшо Темков, сопранот Гонца Богоморова, како гудачкиот квартет составен од Ева Богоевска – виолина, Ивана Здравкова – виолина, Леона Кондратенко –...
СВР Билтен: сообраќајна несреќа, физички пресметки, пронајдена дрога…
Post Views: 307 На 01.08.2024 во 10.10 часот, на улицата „15 корпус” во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген” со австриски национални ознаки, управувано од 50 годишно лице од Р.Австрија и патничко возило „поло” со охридски регистарски ознаки, управувано од 40 годишен охриѓанец, како и паркирано товарно возило „фиат” со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло” 43 годишно лице од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со...
Црвениот крст на РСМ отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош и донации за настраданото население од пожарите
Post Views: 295 Црвениот крст на Република Северна Македонија е активно вклучен во операцијата со справувањето со пожарите во државата. Преку своите мобилните тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош.Црвениот крст на РСМ упатува голема благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција.
Од ТАВ Македонија демантираат дека нивен вработен сакал да и го одземе телефонот на косовската претседателка
Post Views: 255„Категорично ги отфрламе наводите дека наш вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот. Телефонот и’ беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето...
Охрид го живее шпицот на туристичката сезона
Post Views: 340 Традиционално околу Илинден Охрид го живее шпицот на сезоната, градот е преполн со туристи. Раздвижено насекаде, во вечерните часови, посетителите едвај се разминуваат на охридското шеталиште.Туристичките работници генерално се задоволни од сезоната, велат во Охрид нема слободни соби, апартмани, а целосна исполнетост ќе има до средината на август.„Хотелските капацитети се 100% исполнети, во текот на оваа недела мислам дека и нема слободна соба, ниту во приватните сместувачки капацитети. Домашната публика тука е секако застапена, имаме гости од нашата...
Св. Прoрoк Илија – Бoгoвидeц, чудoтвoрeц, рeвнитeл за вeрата Бoжја
Post Views: 343 Денеска православните верници го слават Св. пророк Илија-Илинден, кој има посебно значење за Македонците, бидејќи се слави и како верски и како национален празник, Ден на Републиката.Бoгoвидeц, чудoтвoрeц, рeвнитeл за вeрата Бoжја, св. Илија бил рoдум oд плeмeтo Арoнoвo oд градoт Тeсвит, пoради штo бил нарeчeн Тeсвиќанeц. Кoга сe рoдил Илија, нeгoвиoт таткo Савах видeл ангeли Бoжји oкoлу дeтeтo какo сo oган гo пoвиваат и пламeн му даваат да јадe. Тoа билo прeдзнак на oгнeниoт карактeр на Илија и нeгoвата oд Бoга дадeна oгнeна сила.Сeта свoја младoст ја...
Македонија го празнува Илинден – Денот на републиката
Post Views: 297 Македонија ги празнува двата Илиндени, 1903-та и 1944-та година. Илинден е потсетник на концептот на Крушевскиот манифест и идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитетна држава и сите знајни и незнајни жртви положени за таа кауза.Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша,...
33 полициски кадети добија договори за вработувања во СВР Охрид
Post Views: 249 На пригодна свеченост, денеска во СВР Охрид, 33 полициски кадети, добија договор за вработување за работно место „полицаец приправник”. Тие, во наредниве шест месеци, во рамките на нивниот приправнички стаж, ќе извршуваат одредени полициски задачи во повеќе организациони единици, на целото подрачје што го покрива СВР Охрид. На свеченоста, на новите полицајци им се обрати началникот Игор Смилески кој, им посака успешно, посветено, законско и чесно полициско работење. Се работи за генерацијата полициски кадети кои беа дел од генерацијата на кандидати за...
Романска вечер „Од Букурешт до Мадрид“ на „Охридско лето“
Post Views: 262 Традиционалната Романска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт „Од Букурешт до Мадрид“ со виолинистката Ирина Мурезану и пијанистот Даниел дел Пино.Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“инспирирано од нивното лично културно наследство. Како што кажува насловoт, репертоарот музички и географски го следи патот кој води од едниот до другиот град со попатни станици во Унгарија,...
„Зготви и подари“ – благородна иницијатива на охриѓанката Весна Миленкоска
Post Views: 463 Охриѓанката Весна Миленкоска готви и подарува – топол оброк. Нејзината благородна мисија од неформалната Зготви и подари, овој месец по 45 пат ќе однесе радост во некое семејство на кое му е потребна помош. Започна во време на пандемијата со зготвен топол оброк, а денес прерасна во препознатлива хуманос. Со поддршка од бизнис секторот и заедницата, кои самоиницијативно се вклучуваат, заеднички на социјално загрозените семејства им помагаат и со облека, покуќнина, огревни дрва и слично.Вели готви со љубов, а среќата се множи кога се дели.„Оваа идеја...
Утре ќе се одржи 45-то издание на малиот илинденски пливачки маратон
Post Views: 285 Утре ќе се одржи јубилејното 45-то издание на малиот илинденски пливачки маратон во организација на П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид .Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица (Кај дивоно) до кејот на Охридското езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км. Пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години.Првиот старт ќе започне во 10.30часот, додека вториот старт ќе започне во 11.30ч.Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки...
Утре за Илинден ќе биде отворена „Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“
Post Views: 330 На изложбата ќе бидат претставени дела содржани во збирката „Вангел Наумовски“ во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид.Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска и м-р Сашо Блажески раководители на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела.Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство...

