Skip to main content

Автор: инфодеск

Свр Охрид

Тешко повреден возач во сообраќајка кај селото Оровник на автопатот Охрид-Кичево

Views: 69 На 4 ноември 2025 година, околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на селото Оровник, општина Дебрца, патничко возило марка „Смарт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од селото Горенци, Општина Дебрца, излетало надвор од коловозот.– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. 

Продолжи со читање

Охридски аеродром

СДК: „Аустријан ерлајнс“ од 17 мај 2026 година ќе лета од Виена за Охрид

Views: 83 Компанијата „Аустријан ерлајнс“ идното лето ќе лета од Виена за Охрид. Првиот лет е закажан за 17 мај 2026 и картите се веќе достапни во резервациониот систем. За почеток, австриската компанија која е дел од „Групацијата Луфтханза“ ќе лета еднаш неделно, а во јули и август ќе ја одржува линијата два пати неделно со авион од типот „ербас- А320“, објави порталот сдк.мк.Последниот лет за идната година е закажан за 27 септември.Очекувањата се „Аустријан“ да ја пополни празнината што ќе се отвори откако „Визер“ ќе ја укине линијата Виена-Охрид на 14 март идната година. Во...

Продолжи со читање

Прекин вода

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид поради интервенции на водоводната мрежа

Views: 191Поради извршување на поголема интервенција на водоводната мрежа, на ден 06.11.2025 година (Четврток), од 08:00 часот повеќе часа без вода односно до завршување со работата, ќе бидат корисниците на улицата „Вис“ во село Велгошти.Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“ , на ден 06.11.2025 година (Четврток), од 08:00 часот повеќе часа без вода односно до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, С.Лескоец и С.Лакочереј.

Продолжи со читање

По пожарот во Домот за стари лица во Тузла утрово директорот поднесе оставка

Views: 103 Најмалку единаесет жители загинаа во пожар во општинскиот Пензионерски дом во босанскиот град Тузла, а триесет и пет други лица се пренесени на лекување во болница, од кои тројца се во критична состојба.Пожарот избувнал на седмиот кат од деветкатната зграда во вторникот вечерта од причини кои сè уште не се јасни. Според извештаите, на катот биле сместени пациенти кои биле неподвижни и на кои им била потребна нега, некои со тешка деменција и рак. Меѓу повредените има и пожарникари, полицајци, болничари и персонал кој работел во домот за стари лица.Домот за стари лица во...

Продолжи со читање

Одиграно второто коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“

Views: 140 Вчера беше одиграно и второто коло од V Општинско првенство во шах – 7 Ноември 2025, кое оваа недела се одржува во просториите на ШК „Ласкер“ Охрид, во ООУ „Братство Единство“ – Охрид. На првенството учествуваат 24 шахисти од Охрид и Струга, а турнирот се игра по Швајцарски систем во 7 кола со темпо 30 минути со додаток од 30 секунди на секој потег.Резултатите во прилог:V Општинско првенство во шах 7 Ноември 2025 се организира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Јавен повик за доделување образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од Општина Охрид

Views: 104Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2025/2026 година....

Продолжи со читање

Дејвид Бекам прогласен за витез од кралот Чарлс

Views: 117 Поранешниот англиски фудбалски ас Дејвид Бекам, вчера беше официјално прогласен за витез за неговите заслуги во спортот и добротворните организации на церемонија одржана во замокот Виндзор.Бекам призна дека денот на доделувањето на орденот е еден од најпосебните во неговиот живот.-Не можам ни да опишам колку е посебен овој ден за мене, момче родено во Источен Лондон, кое денес добива витешка титула од Кралот. Навистина сум понизен и благодарен за оваа чест, напиша Бекам на својот Инстаграм профил.Придонесот на Бекам во фудбалот, со 25 освоени трофеи, 115...

Продолжи со читање

Свети апостол Јаков, брат Господов

Views: 98 Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од самиот почеток Му беше приврзан на Господ Исус. Според преданието тој и во Египет одеше со Пресветата Дева и со Јосиф, кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја...

Продолжи со читање