Skip to main content

Автор: инфодеск

Ретроспективна изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски

Post Views: 325 По повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“, на големиот празник Илинден, ќе биде отворена ретроспективната изложба на слики од уметникот кој го воодушеви светот.Семејството на уметникот, особено синот Рубенс, сеќавајќи се на одбележувањата од самите почетоците откога е отворена галеријата, вели дека годинава ќе се направи една ретроспектива во која посетителите ќе имаат една претстава како се движел Вангел во неговиот ликовен израз а со тоа и во неговата идеолошка...

Продолжи со читање

Уникатна вечер со Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под диригентската палка на маестро Еминовиќ

Post Views: 259 Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вчеравечер беше дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ .Оркестарот настапи заедно со солистите Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. Диригентската палка му беше доверена на маестро Иван Еминовиќ  кој соработува со Музичката младина на Македонија повеќе од една деценија.Репертоарот според Еминовиќ беше внимателно одбран за фестивалската публика на „Охридсколето“, а беа застапени домашни и странски композитори.-И оваа година на огромна...

Продолжи со читање

Театарската претстава „Рацин“ – рефлексија за она што претставува денес Рацин

Post Views: 252 Актерите од Народниот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот од Велес вчеравечер маестрално ја одиграа театарската премиера „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски.Претставата беше ново, свежо и несекојдневно доживување и третирање на Кочо Рацин како човек и уметник, но во прв план беше неговата човечка димензија преку која беа претставени и некои други факти кои на извесен начин ги заобиколила историјата.Според режисерот Дејан Пројковски, Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК-та на секој од нас, а неговата емоција во ова...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето во населбата Св.Стефан

Post Views: 286 При вршење на ископ за изградба на објект од страна на градежна компанија во населбата Св.Стефан, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка (салонит) со профил ф160 мм, велат од ЈП Водовод Охрид.Прекин во водоснабдувањето од 11:00 часот, ќе има во населбата Св.Стефан на потегот од Хотел Гранит до Горица 2.Екипи на ЈП ВОДОВОД се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Испраќање на Илинденската коњаница од Славна Дебрца

Post Views: 285 Денес во село Сливово во пресрет на чествување на големиот Христијански празник посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската...

Продолжи со читање

Денес и утре на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” Армијата ќе одржи тактичко-технички активности

Post Views: 208 Денеска (31.07.2024) од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот, на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум”, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и...

Продолжи со читање

Чешка вечер со трио „Халир“

Post Views: 237 Традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Чешката амбасада во Македонија, вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе целовечерен концерт на триото „Халир“.Ова трио e оформено во 2016 година со цел да се одржи споменот на ликот и делото на Чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909). По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха, триото „Халир“ го сочинуваат: Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и чешката...

Продолжи со читање

8-мо издание на Drim Short Film Festival во Струга

Post Views: 344 Oд 8-ми до 11-ти август во Струга ќе се одржи осмото издание на Drim Short Film Festival.–Осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес...

Продолжи со читање

Денес сончево и топло

Post Views: 206 Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се движат од 16 до 32 степени. UV индексот ќе биде 8.До петок ќе се задржи сончево и топло време. Во деновите од викендот наместа ќе има пороен дожд и грмежи, а локално и услови за појава на невреме. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Продолжи со читање

Општина Охрид превзема конкретни чекори за градење отпорност кон ризици од катастрофи

Post Views: 290 На 9 јуни 2024 година, со поддршка на УНДРР (Канцеларијата на Обиденетите нации за намалување на ризици од катастрофи за Европа и Централна Азија) беше одржана наменска работилница за проценка на отпорноста на општина Охрид со цел да се согледа капацитетот и моменталните состојби на општината за исполнување на кретириумите и очекувањата од оваа Иницијатива.,,Да ги направиме градовите отпорни 2030” (Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) претставува иницијатива за подобрување на локалната отпорност преку активности и мерки за споделување на знаења и...

Продолжи со читање

Второ издание на Ohrid Water Festival

Post Views: 267 Охрид се подготвува за Фестивалот на водени спортови, ќе се одржи второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија. Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.Ќе има меѓународна едриличарска регата, пливачки митинг, Илинденска регата на кајак и кану, акватлон, подводна...

Продолжи со читање

Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар

Post Views: 318 Во рамките на кампањата „Безбедно лето”, вчера (29.07.2024) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” и волонтери на Црвениот крст од Охрид во водите на Охридското езеро спроведоа превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар. Тим од полициски службеници и волонтери со полициски глисер реализираа патролни активности и остварија кратки средби со граѓаните кои со своите пловни објекти пловат по езерото. Притоа, низ разговори, полициските службеници и волонтерите, ги потсетуваа граѓаните како да се...

Продолжи со читање