Автор: инфодеск
Views: 68 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 15 степени Целзиусови.Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.
Јавен повик за финансирање на предлог идеи од социјална и здравствена заштита
Views: 105 Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2026 година, ќе поддржи предлог идеи на правни лица кои вршат дејност од јавен интерес од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, фондации и слично, регистрирани на територија на општина Охрид кои се занимаваат со активности од областа на здравствената и социјалната заштита, со цел намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби чии активности се на...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец за узурпација на државно земјиште
Views: 68 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.– Пријавениот, на катастарска парцела узурпирал земјиште во државна сопственост, при што поставил ограда и монтажна барака, без да поседува решение за изведба и одобрение за поставување на времени објекти на земјиште во државна сопственост, информираат од СВР Охрид.
Турнир во баскет 3×3 Охрид 2025 – спортски спектакл во декември
Views: 107 Градот Охрид повторно ќе биде домаќин на спортски спектакл, турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември во спортската сала „Билјанини Извори“. Настанот е организиран од ЈП „Билјанини Извори“ и КК „Колибри“ Охрид, со поддршка од Општина Охрид.Целта на турнирот е да се промовира баскетот како динамичен, модерен и урбан спорт кој ги поврзува генерациите, и да се понуди вистинско уживање за сите љубители на кошарката.Право на учество имаат сите играчи кои имаат наполнато 18 години и постари, а бројот на пријавени екипи е ограничен на 20...
Во вторник ново, ноемвриско издание на „Импровокација“
Views: 103 Во вторник, 11 ноември, со почеток во 20:00, на сцената на Народен театар Охрид, ќе се одржи ноемвриското издание на театарската импровизација „Импровокација“, а кое ќе биде во знакот на “Мовембер”.-Мовембер е годишен настан што се одржува во текот на ноември, за подигање на свеста и собирање средства за здравствени проблеми кај мажите, како ракот на простата и тестисите, менталното здравје и спречување на самоубиства. Најчестиот начин за учество е да се пуштат мустаќи во текот на целиот месец почнувајќи со избричано лице на 1 ноември, велат организаторите....
2 сребрени и 1 бронзен медал од “Плевен Опен 2025” за младите таеквондисти
Views: 140 Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар „Плевен Опен 2025″. Натпреварот кој беше за деца до 14 години оваа година боите ги бранеа пет натпреварувачи, еден натпреварувачи од Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид,и четири натпреварувачи од Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга. Натпреварувачите се бореа под водство на Марјанчо Лазаревски, а се натпреваруваа само во една дисциплина -спаринг/борби. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два...
Одиграно прво коло на V Општинско првенство во шах
Views: 147 Оваа недела во просториите на ШК Ласкер Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид, се игра V Општинско првенство во шах, каде учествуваат 24 шахисти од Охрид и Струга, а се игра по Швајцарски систем во 7 кола со темпо 30 минути со додаток од 30 секунди на секој потег.Турнирот е во чест на 7 Ноември, ослободувањето на Охрид.Првото коло се одигра вчеа. Резултатите во прилог:V Општинско првенство во шах 7 Ноември 2025 се оирганизира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.
Детскиот фонд на охридската Библиотека збогатен со литература на англиски јазик
Views: 117 Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид информираат за нивната последна, но многу значајна донација на книги за деца на англиски јазик од волонтерска организација Darien Book Aid од САД, која инаку е посветена на унапредување на писменоста и образованието ширум светот.-Оваа вредна донација е дел од проектот Storybook Studio, во кој активно се вклучени Дени Хамилтон, волонтер од Мировниот корпус на САД и Елена Станкоска од нашата библиотека, кои заеднички работат на развивање на нови и креативни активности за описменување и учење англиски јазик за најмладите читатели, велат...









