Skip to main content

Автор: инфодеск

Се поставуваат воздушни завеси и мобилна клима во Музејот на вода

Post Views: 324 Согласно годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, за изведување на работи и подобрување на функционалноста на објектите кои се под наша надлежност, а финансирана од сопствена сметка, се спроведе јавна набавка за „Набавка и монтажа на мобилна клима и воздушни завеси за греење и ладење во Музејски комплекс „Музеј на вода“ во локалитетот Градиште преку ЕСЈН (Одлука бр. 05-842/1 од 09.07.2024 година), со број на оглас 11421/2024“ на која како изведувач доби фирмата Друштво за производство градежништво трговија и...

Продолжи со читање

Гласната музика сè уште нерешлив проблем на охриѓани

Post Views: 776 Нарушување на јавниот ред и мир од несовесни граѓани кои започнуваат со музика во раните утрински часови и која ги тероризира околните жители до доцна во ноќта. –Веќе четврти ден трае тортурата, вели револтирано нашата сограѓанка, чии гости од соседна Србија и ги испратиле видео снимките.Несфатливо е зошто години наназад нема решение за гласната музика во нашиот град која им пречи на охриѓани во извршување на секојдневните обврски. Несанкционирањето доведе до тоа да од година во година овој проблем ескалира, и гласната музика стана за жал, препознатлив...

Продолжи со читање

Санкционирани 265 возачи на територијата на цела држава

Post Views: 291 Во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи. Од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.-Сообраќајните контроли продолжуваат и во...

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе го одбележи 2-ри август Денот на Републиката

Post Views: 340 Оваа година се навршуваат 121 година од Илинденското Востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ. Со повеќе свечености, општина Охрид ќе го одбележи претстојниот празник 2-ри август – Денот на Републиката.Настаните ќе започнат четврток во 20.30 часот со обраќање на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, а ќе се положи и цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците во село Велгошти. Свој настап ќе имаат учениците од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти, македонската виолинистка Сања Зјделар и танцовиот клуб „Соната“.Во петок во градскиот парк во...

Продолжи со читање

Младински Центар Охрид организира летна ликовна школа

Post Views: 240 Младински Центар Охрид во период од 12.08 до 16.08 организира летна ликовна школа под менторство на наставникот по ликовно образование Димитрие Ристески.Летната школа ќе опфати теорија на ликовниот јазик, кратка историја и ликовно изразување преку цртање, сликање и вајање. Реализација од идеја, скица крајно ликовно дело.Организаторите напоменуваат дека летната школа е бесплатна, но местата се ограничени, а сите заинтересирани можат да резервираат нивното место на линкот најдоцна до 09.08.2024.

Продолжи со читање

Почина Мирјана Мијалкова – поранешен новинар и уредник  во Радио Охрид

Post Views: 234 Денеска во 76 година од животот по кусо боледување почина Мирјана Мијалкова, поранешен новинар и одговорен уредник во Центарот за печат и радио Охрид.Мирјана Мијалкова роден Стевчева животниот пат го почнува  во Куманово  а од раното детство  живее во Охрид.Завршила славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје.Од  1986 до 2003 работеше како новинар , а потоа до 2006 година беше одговорен уредник во Радио Охрид.Претходно во Штип го уредувала весникот на ЗИК „Црвена Ѕвезда“ а била соработник...

Продолжи со читање

Признание за директорката Поповиќ за промовирање на Американската култура на „Охридско лето“

Post Views: 263  Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Северна Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон.Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на...

Продолжи со читање

Тектонската појава „Дувало“ прогласена за природна реткост

Post Views: 352 Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувало“ во атарот на с. Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.Локалитетот Дувало се наоѓа на оддалеченост од 7 км северно од Охрид на десната страна од регионалниот пат Охрид Битола во с. Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари. Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита  од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.

Продолжи со читање

Охриѓанец пријатно изненаден од брзата реакција на ЈП Охридски Комуналец

Post Views: 497 Во рубриката Ти Си Твојот Град денес пристигна видео од наш сограѓанин на кое може да се забележи дека во близина на Градскиот пазар во Охрид, во најфреквентниот дел од градот, насекаде има расфрлано ѓубре од искинати документи на кои се гледа дека претходно биле во сопственост на жител од Охрид.Откако го добивме видеото, после 10 минути нашиот сограѓанин ни испрати и други слики, каде се гледа дека по неговата навремена реакција до ЈП Охридски Комуналец, вработените веднаш реагирале и изразува благодарност за нивната работа.Од...

Продолжи со читање

ЈП ВОДОВОД Охрид апелира рационално и внимателно да се користи водата за пиење

Post Views: 238 ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници, рационално и внимателно да ја користат водата за пиење.-Во деновите што следат, со екстремно високи температури како и исполнетоста на градот со туристи, особено  во периодот од 17:00 до 21:00 часот   кога потрошувачката на вода е екстремно  голема ,  да се избегнува наводнување на поголеми површини (бавчи, ниви и паркови), полевање на дворови и улици, полнење базени и сл. со цел да се избегне нестабилност во водоснабдувањето, односно водата наменски да се користи како сите жители би имале непрекинато...

Продолжи со читање

Кривична за поранешниот министер Бектеши, за ДУИ потегот на МВР е „лов на политички вештерки”

Post Views: 222 Поранешниот министер за економија Kрешник Бектеши доби кривична пријава, се сомничи  за сторено кривично дело „попречување на правдата”. Според МВР вршел притисок врз началникот  во СВР Охрид за време на изборите. На денот на изборниот молк праќал  командувачки пораки.Министерството за внатрешни работи ја објави оваа информација во дневниот билтен на 25 јули без да прецизира дека станува збор за поранешен висок функционер.– На 7 мај, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР...

Продолжи со читање

„Крал Лир“-претстава за внатрешното слепило на луѓето

Post Views: 341 Актерите од „Lit Moon Theatre“ од Санта Барбара, САД, вчера во рамки на Американската вечер на „Охридско лето“ ја одиграа светската премиера на претставата „Крал Лир“, од Вилијам Шекспир.Создадена од уметници од Северна Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата е режирана од извонредниот Џон Блондел по импресии од сцената на предворјето на црквата „Света Софија“. Сценографијата и костимите пак, се дело на нашиот познат костимограф Благој Мицевски кому ова му е втора премиера годинава на „Охридско лето“, по неодамнешната „Галеб“ со Битолскиот народен...

Продолжи со читање