Skip to main content

Автор: инфодеск

Охриѓанката Анастасија Наумовска го заврши својот настап на ЛОИ во Париз

Post Views: 291 Охридската стрелачка Анастасија Мојсовска не се пласираше во финалето на дисциплината воздушна пушка на 10 метри на Олимписките игри во Париз. Таа се пласираше на 31.вото место од вкупно 43 натпреварувачки со резултат од 625,3 кругови.„Како тренер на Анастасија Мојсовска која денес на 28.07.2024 година во 9 часот и 15 мин настапи на Олимписките игри во Париз 2024 можам да истакнам дека во текот на натпреварот таа се носеше рамо до рамо со сите 42 натпреварувачки и добро се координираше со мене со тоа што сите серии беа над 104 кругови освен една 103.7...

Продолжи со читање

Депонијата Мауцкер нема да работи до среда

Post Views: 202 Депонијата Мауцкер до 31.08.2024 год.(среда) нема да работиЗаради санација на состојбата на депонија Мауцкер после подметанатиот пожар, Ј.П.,,Охридски Комуналец” ги известува граѓаните и правните субјети дека истата нема да работи до 31.08.2024 год.(среда).Од претпријатието велат дека нивните служби ги превземаат сите неопходни активности за гаснење на пожарот и нормализирање на состојбата и додаваат дека опожарениот дел се покрива со повеќе слоеви земја кои во континуиран период од настанување на жариштето се транспортираат и нанесуваат во...

Продолжи со читање

Светска премиера на „Кралот Лир“ со „Lit Moon Theatre Company“ театарот од Санта Барбара

Post Views: 239 Вонвременскиот Шекспир и неговиот „Крал Лир“ повторно на програмата на „Охридско лето“, но овојпат во продукција специјално подготвена за фестивалската  публика и наменски осмислена за да се игра во неповторливиот амбиент на Предворјето на „Света Софија“.Во рамки на американската вечер на „Охридско лето“, вечерва од 21 часот, на сцената на Предворјето на „Света Софија“ актерската екипа на  „Lit Moon Theatre Company“ театарот од Санта Барбара, САД, ќе ја има светската премиера на претставата „Кралот Лир“.Како што беше истакнато на денешната...

Продолжи со читање

Детскиот хепенинг донесе незаборавна забава за најмладите

Post Views: 176 Во рамки на програмата на Општина Охрид „За сите деца“ вчеравечер на малиот плоштад „Вангел Наумовски“ се одржа Детски хепенинг со неколку интересни активности.На свеченото отворање на настанот, во името на Локалната самоуправа, присутните ги поздрави Ана Крстеска, заменик градоначалник.-Искрено се радувам што имам можност да бидам овде заедно со вас, на овој прекрасен детски хепенинг, кој носи насмевки и весело расположение за сите присутни! Овој настан е еден од низата активности во рамки на специјалната програма „За сите деца“, која Општина...

Продолжи со читање

Хуманитарна акција за Дијана Трипуновска

Post Views: 335 На Дијана Трипуновска од Маврово и е дијагностицирана ретка болест и неопходно е итно обезбеди лекови кои чинат 50.000 евра.  Остануваат уште 4000 евра за да ја победи болеста!Да и помогнеме на Дијана!

Продолжи со читање

Магичниот глас на тенорот Мачидо одекна под сводовите на „Света Софија“

Post Views: 263 „Петте популарни песни“ создадени од композиторот Карлос Лопез Бучардо, „Петте популарни аргентински песни“ од Алберто Гинастера, како и „Триптихот од Кубанска поезија“ од Модеста Бар и „Есенските песни“ на Антонио Естевес прозвучија магично со прекрасниот глас на тенорот Акилес Мачадо кој вчеравечер настапи во црквата „Света Софија“ во пијано придружба на македонскиот пијанист Адреја Наунов. Концертот се одржа во рамки на традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија.-Долги...

Продолжи со читање

Бројни културни настани и манифестации  оставаат свој печат на летната сезона 2024

Post Views: 350 „Охридски поетски бисер“, „На зајдисонце во Трпејца“, „Поетска ноќ на Велестово“, „Културата расте со децата“, се дел од манифестациите кои ја збогатуваат туристичката понуда и го афирмираат градот  Охрид. Настаните се спој на ликовна, книжевна, музичка и драмска уметност, но и одраз и промоција на културата.„Поетската ноќ во Велестово“, потоа културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ се манифестации кои следуваат во овој период. Добро е што се манифестации од меѓународен карактер, привлекуваат голем број љубители на пишаниот...

Продолжи со читање

Отворена 16-та по ред Летна школа за учење македонски јазик во Охрид

Post Views: 275 Во организација на Агенцијата за иселеништво на 25 јули свечено беше отворена 16-та по ред Летна школа за учење македонски јазик што се одржува во Конгресниот центар покрај Охридското Езеро. На отворањето на учесниците им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и им посака успешна работа и незаборавен престој и дружење во татковината.На Школата присуствуваат деца од Шведска, Хрватска, Швајцарија, Србија, Франција, Малта, Босна и Херцеговина, Германија. Директорот Близнаковски им додели дипломи на децата, а на...

Продолжи со читање

Влатко Стефановски вечерва со концерт на „Охридско лето“ одбележува пет децении музичка кариера

Post Views: 262 Најголемиот македонски амбасадор, Влатко Стефановски, вечерва на Античкиот театар ќе прослави половина век музичка кариера во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе започне во 21 часот.Стефановски е основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и...

Продолжи со читање

По третпат се организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“

Post Views: 224 „Слоу фуд Охрид“ по третпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“, утре на 27-ми јули на плоштадот кај „Долна Порта“.Посетителите ќе може да вкусат различни специјалитети кои се дел од охридската гастрономска приказна и да се запознаат со бројни локални производи.-„Слоу Фуд Охрид“ е дел од „Слоу Фуд Македонија“ и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.„Вкусете го Охрид, локално“ се организира со поддршка на Општина...

Продолжи со читање

Вечерва детски хепенинг на плоштадот „Вангел Наумовски“

Post Views: 208 Со детски хепенинг од неколку интересни настани, денес со почеток во 19.30 часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ продолжува програмата на Општина Охрид  „За  сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“.На отворениот простор, присутните ќе можат да ја погледнат изложбата на фотографии „Низ детските очи“ од охридската сликарска школа „Пробај уметност”, која е активност на Здружението „Тактус“ од Охрид. На плоштадот ќе бидат поставени и штафелаи на кои децата ќе можат да цртаат на слободна тема и да ги запознаат основните техники на слкарството со...

Продолжи со читање

Второто издание на Ohrid Water Festival со богата социјално-едукативна програма

Post Views: 238 Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 27-ми август со фото изложбата „Трпејца под вода“ на Клубот за подводни дејности и коцерт на Емилија Колоска и BALTER.На 28-ми август од страна на Здружението на риболовци „ Свети Апостол Петар“ ќе биде организирана изложба „Видови риби во Охридското Езеро“, а за музичкиот дел од програмата ќе бидат задолжени DJ Chvare & DJ Goce Saf.На 29-ти август ќе биде организиранa изложба „Подводниот свет на Охридското Езеро“ од страна на нуркачкиот клуб „Амфора“. Во рамки на музичкиот дел е предвиден концерт на...

Продолжи со читање