Автор: инфодеск
Views: 100 Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 7, а максималните до 18 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од...
Менди Ќура прогласи победа во Струга
Views: 142 Независниот кандидат за Градоначалник на Струга и бизнисмен, Менди Ќура, прогласи победа на Локалните избори 2025.Според податоците на Државната изборна комисија од преброени 96,34% од гласовите, Менди Ќура има освоено 12.040 гласa односно 49,81% од вкупниот број гласови, додека кандидатот на коалицијата НАИ предводена од ДУИ, Арсим Далипи освои 11.411 односно 47.21% од вкупниот број гласови.
Златко Сиљаноски е нов градоначалник на Општина Дебрца
Views: 119 Жителите на Општина Дебрца одлучија Златко Сиљаноски да биде новиот градоначалник на општината.По преброени 99,82% од гласовите, Златко Сиљаноски од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 1.507 гласови, односно 61,64% од вкупниот број гласови, а неговиот противкандидат Зоран Ногачески, независен кандидат на група избирачи освои 857 гласови, односно 35,05%.На вториот круг од Локалните избори 2025 во Дебрца гласаа 2.431 избирачи. Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња е 2.364, а на неважечки 81. Официјалната излезност на овој изборен циклус е...
Се бројат гласовите за избор на градоначалници во Дебрца и Струга
Views: 98 Во 19 часот заврши гласањето од вториот круг за избор на градоначалници на Локалните избори 2025.Според податоците од ДИК, до 18:30 часот излезноста во Општина Дебрца е 60,56% од вкупниот број избирачи, а во Струга гласале 40,14%.Во вториот круг за градоначалничката функцијата на Општина Дебрца денеска се борат Златко Силјаноски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кој во првиот круг освои 1.212 гласа, односно 48,1% од гласачите, и актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, кој освои 663 гласа (26,31%).Во Струга кандидати за градоначалник се...
Регистрирани три пријави за нарушување на изборниот молк на подрачје на СВР Охрид
Views: 101 За време на предизборниот молк, од 1 ноември 2025 година до 07:00 часот на 2 ноември 2025 година, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола.– По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани. Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски...
Втор круг гласање за избор на градоначалници во Струга и Дебрца
Views: 100 Денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Нема да се гласа за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори.Денеска се гласа и за градоначалници и на Струга и Дебрца. Во Општина Дебрца противкандидати се Златко Силјановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од Група избирачи, а право на глас имаат 3 937...
Почина охридскиот новинар и публицист Владимир Ангеличин – Жура
Views: 152 На 78-годишна возраст почина познатиот охридски новинар и публицист Владимир Ангеличин-Жура.Во својата богата професионална кариера Владо Жура бил уредник на Радио Охрид (1961-1975), а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник” во Охрид (1975-1997). Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид: циклусот од над 150 неделни едночасовни емисии „Реликвија”, посветени на минатото на Охрид – врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во...
Жител на Лешани физички нападнат пред угостителски објект во Волино
Views: 89 На 31 октомври 2025 година, во 23:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред угостителски објект во селото Волино, општина Дебрца, 57-годишник од селото Лешани бил физички нападнат од страна на три лица.– Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид/








