Автор: инфодеск
Views: 118 Во пресрет на Светскиот ден на дијабет – 14 ноември 2025 година, Црвен крст Охрид, во соработка со Здружението на лица со дијабет тип 1 од Охрид, ќе организира едукативно-забавен настан со цел подигнување на свеста за дијабетот и значењето на здравите навики.Настанот ќе вклучи мерење на шеќер во крвта, едукативни активности и физичка активност за сите заинтересирани посетители.Штандот на Црвен крст Охрид ќе биде поставен на пешачката патека кон Горица, после мостот, утре, недела, на 2 ноември 2025 година, од 11 до 13 часот.
Митровденска Задушница – помен и молитва за упокоените
Views: 71 Православните верници го одбележуваат еден од четирите најголеми празници посветени на мртвите на 8 ноември – Митровденска Задушница. Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата. Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и...
УХМР: Викендов времето ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини
Views: 74 Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Денешните температури во Охрид ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.
Вечер на полноќ започнува предизборниот молк, во недела ќе се гласа за градоначалник на Струга и Дебрца
Views: 72 Денес завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 кои ќе се одржат во недела на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот.Во вториот круг од локалните избори за градоначалник ќе се гласа во 32 општини и Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници откако Управниот суд ги поништи резултатите поради утврдени нерегуларности.Втор круг од гласањето за избор на градоначалник ќе има во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош,...
Во понеделник свечено врачување на уверенија на избраните функционери и конститутивна седница на новиот Совет на Општина Охрид
Views: 78 Во понеделник, 3ти ноември, Општинската изборна комисија Охрид свечено ќе ги врачи уверенијата на избраните локални функционери во првиот круг на Локалните избори, кои се одржаа на 19ти октомври 2025 година.Претседателот на Општинската изборна комисија ќе му го врачи Уверението на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков, за претстојниот четиригодишен мандат. Ќе им бидат доделени и уверенијата на новоизбраните советници на Општина Охрид, по што ќе следи Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Охрид, која ќе се одржи во...
СВР Охрид: Пријавено физичко насилство во Основно училиште во Струга, нападнат велгоштанец на автобуска постојка
Views: 72 На 30 октомври 2025 година, во 10:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Основно училиште во Струга, двајца ученици го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз нивни соученик.– Полициски службеници, заедно со претставници од школото и од Центарот за социјални работи Струга, работат на расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. На 31 октомври 2025 година, во 00:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на автобуска постојка во охридското село Велгошти, едно лице физички нападнало 28-годишник од истото село.– Тој...
Пијан тракторист предизвикал сообраќајка во Требеништа – тешко повредена 86-годишна жена
Views: 107 На 30 октомври 2025 година, во 16:10 часот, на локален пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.– Незгодата се случила помеѓу трактор марка „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од страна на 58-годишник и патничко возило „Фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 72-годишник, двајцата од селото Требеништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишна жена која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишна сопатничка во возилото „Фолксваген...
Меѓународна недела за подигнување на свеста за булозна епидермолиза (Epidermolysis Bullosa – EB)
Views: 105 Булозната епидермолиза (БЕ) е ретка генетска болест на кожата и слузницата. Се манифестира со формирање на меури и отворени рани, поради што кожата е премногу чувствителна и на најмал допир или притисок. Децата кои страдаат од оваа болест се познати и како „деца-пеперуги“.Според други податоци, болеста се јавува кај 2 до 4 лица на 100.000 жители. Болеста не е заразна и се јавува кај сите раси, подеднакво кај мажи и жени. Причина за ПојаваКожата се состои од три главни слоја: епидермис, дермис и хиподермис.Кај здрави лица, врзувачките протеини, како кератин и...









