Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес за најмладите детскaта интерактивна претстава „Другарство“

Views: 145 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, денес на сцената во Охрид мол ќе биде прикажана детската интерактивна претстава „Другарство“.Куклената претстава „Другарство“ е интерактивна претстава за најмалата публика, во која темата е другарството и сето она што го подразбира вистинскиот другарски однос. Претставта има за цел да ги едуцира децата и поттикне да реагираат и побараат помош, доколку се жртва на врсничко насилство, или доколку забележат знаци на булинг во средината која ги опкружува.Приказната е во изведба на...

Продолжи со читање

Вечерва премиера на најновото остварување на Охридскиот народен театар – „Парите се отепувачка“

Views: 133 Вечерва охриѓани ќе уживаат во најновото драмско остварување на Народен театар Охрид, драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.Актерскиот ансамбл многу искрено, успешно и умешно ќе ја обработи класиката во македонската драматургија во режија на Андреј Цветановски и ќе и понуди на публиката ново искуство исполнето со емоции и прашања.Во претставата играатч Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј Цветановски, сцена, костими и видео...

Продолжи со читање

Светиот апостол и евангелист Лука

Views: 90 Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Јерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше вбројан меѓу Седумдесетте апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на светиот апостол Павле со...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди

Views: 74 Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Од УХМР велат дека за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.Денес во Охрид температурите ќе се движат од 5 до 15 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Од денеска времен режим на сообраќај на делниците Извор – Врбјани и Ботун – Климештани

Views: 139 ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата.Имено, согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие две делници ќе се одвива во период од 30 октомври 2025 година до 28 октомври 2026 година

Продолжи со читање

Македонија гласаше за продолжување на санкциите на САД кон Куба

Views: 105 Генералното собрание на ОН повторно ѝ даде силна поддршка на Куба, усвојувајќи резолуција со која се повикува на укинување на американското ембарго што е во сила повеќе од шест децении. За документот гласаа 165 земји, против беа седум, меѓу кои и Македонија, а 12 беа воздржани.Резолуцијата, со ознака A/80/L.6, ја нагласува потребата од „итно запирање на економската, трговската и финансиската изолација на Куба“, воведена од Вашингтон во 1962 година. Иако документот секоја година добива речиси едногласна поддршка, тој има симболично, но не и обврзувачко значење, бидејќи само...

Продолжи со читање

„Подигање на свеста за менталното здравје и активното стареење“ – најново предавање од Црвен крст Охрид

Views: 59 Од Црвен крст – Охрид информираат дека по барање на Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебарца, одржаа предавање по повод Меѓународниот ден на старите лица (1 октомври) и Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври), а беа опфатени две теми: „Ментално здравје кај старите лица“ и „Состојбата на старите лица во светот, Македонија, Охрид и Дебарца“.-Настанот беше наменет за членови на здружението и имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на менталното здравје и активното стареење. Присуствуваа околу дваесетина пензионери, кои со голем интерес ги...

Продолжи со читање

Сѐ помалку се подготвува домашна зимница

Views: 55 Исчезнува мирисот на зимницата. Се помалку домаќинките подготвуваат домашен ајвар, лутеница, расол, туршија. Пазарџиите  во Охрид, велат од година во година им се намалува потрошувачката. Постарите генерации купуваат помалку, онолку колку што може да зготват, а младите воопшто не подготвуваат  зимница, купуваат индустриска, или нарачуваат домашна.-Секоја година се полошо и полошо. Нема,  криза е. Со плати  мали, пензии  мали. На наши  години прават, а младите готово, има по маркети, одат, земаат, вели една постара охриѓанка.–Има разлика, и тоа голема од порано...

Продолжи со читање