Skip to main content

Автор: инфодеск

Започнаа подготовките за Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 617 Општина Охрид навремено ги започна подготвителните активности за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон.За таа цел денеска се одржа состанок со претставници на Националната пливачка федерација на кој се разговараше за дел од потребните технички и логистички услови за целокупната организација на оваа значајна спортска манифестација за Охрид и Република Македонија.По иницијатива на Општина Охрид, Охридскиот пливачки маратон е ставен под закрила на Европската пливачка федерација и ќе се одржува во рамки на Отвореното првенство на...

Продолжи со читање

За директорот на студенскиот дом сомнителни се сликите со инсекти

Post Views: 374 Студентската јавност деновиве е вознемирана од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи на кои се гледаат инсекти во храната која наводно потекнува од мензата на охридскиот студентски дом „Никола Карев“. Директорот на студентскиот дом со резерва ги прифаќа овие наводи, бидејќи на 17-ти март извршена е дезинфекција, дезинсекција и дератизација, на површина од 150 метри квадратни, на кујната и ресторанот.Причина за евентуалниот инцидент треба да се бара и во непочитувањето на правилата од страна на студентите, вели директорот.Не можам да потврдам...

Продолжи со читање

Здружението на пензионери ги демантира обвинувањата изнесени од група незадоволни членови

Post Views: 322 Здружението на пензионери од Охрид ги отфрлува обвинувањата изнесени од дел од членовите. Претседателот Ѓорги Трпчески за ТВМ вели обвинувањата доаѓаат од група членови кои имаат лични и бизнис интереси, за што, вели, има и докази. Судот ги отфрлил сите обвинувања и поднесени кривични пријави, кон претседателот и другите раководни членови на здружението. Тврди, се работи согласно Статут и програма, а средствата се користат строго наменски.Трпчески ги отфрлува и обвинувањата во однос на нерегуларности на изборите на претседател на Здружението.Имавме програма...

Продолжи со читање

Денеска Јавна дебата за катна гаража во Охрид

Post Views: 187 Денеска со почеток во 11 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи Јавна дебата на тема „Катна гаража – нова можност за Охрид“, имплементирана од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“.Јавната дебата е во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација наизборни системи (ИФЕС).Шестмесечната иницијатива во рамки на горенаведениот проект е насловена како: „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“ која што ја имплементира...

Продолжи со читање

Детска трка во Струга

Детска трка на 20 мај во Струга

Post Views: 377 Во рамките на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ што годинава ќе се одржи на 21 мај во Струга, ден претходно ќе се реализира и „Детска трка“, соопшти здружението „Мостови на Струга“.Според организаторот, детската трка ќе се реализира во пет категории за деца од четири до 13 години.Оваа година еден ден пред главниот настан, на 20 мај дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани, кои ги памети и создава нашата убава Струга. Натпреварувањето ќе биде во пет категории: прва категорија за 4 и 5 годишна возраст...

Продолжи со читање

Кампања на МНЗА по повод Светскиот ден на аутизмот

Post Views: 729 Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод 2 април – „Светскиот ден на аутизмот“ оваа година повторно се вклучува во онлајн кампањата на Аутизам Европа која се спроведува ширум Европа, под наслов: „Градење на инклузивно општество за аутистичните луѓе“.Кампањата за 2023 година, која се спроведува заедно со членовите на Аутизам Европа е можност да се размислува за напредокот постигнат досега за заедницата со аутизам и за работата што останува за подобрување на животот на аутистичните лица и нивните семејства.Би сакале да ги повикаме националните...

Продолжи со читање

Субвенции за регистрирани занаетчии во Охрид

Post Views: 253 Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-2466/1 од 22.02.2023 година и Одлуката за давање согласност на правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид со број 08-3254/93 од 14.03.2023 година објавува Јавен повик за субвенционирање на регистрирани занаетчии...

Продолжи со читање

Неколку часа без вода жителите на нас. Христо Узунов

Post Views: 185 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 14:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците во населбата Христо Узунов, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Продолжи со читање

Седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 193 Општина Охрид денеска беше домаќин на деветтата редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.Со седницата претседаваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој од оваа седница официјално го oтпочна мандатот на функцијата Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На седницата беа присутни градоначалниците на општините од регионот, претставници на општинската администрација и претставници на Центарот за развој на југозападниот плански регион.Членовите на советот ги разгледуваа и едногласно ги изгласаа...

Продолжи со читање

Хуманитарна акција на Црвен крст и Тамаро

Post Views: 219 Црвен крст Охрид, во соработка со охридските Тамаро маркети спроведе акција за донирање на пакети за помош на загрозени семејства од Охрид во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.Акцијата е дел од поголемата кампања „Секој има право на најсреќен Велигден со Тамаро“, во рамките на која ќе се поделат бројни пакети со намирници за семејствата на кои тоа им е најпотребно.Да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. На сите охриѓани постојано им подаруваме најниски цени за купување, а за сите на кои им е најпотребно, сега и можност да го...

Продолжи со читање

Македонија партнер на саемот за туризам во Ниш

Post Views: 299 Македонија е земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Ниш. Настанот кој ќе се одржува од 30-ти март до 1-ви април е можност за зајакнување на партнерските односи и создавање на нови.Соработката меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, за што се надевам дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. На македонскиот штанд кој со својата репрезентативност ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости, коегзибитори се општина Демир Капија и општина Гевгелија – истакна Љупчо Јаневски, директор на...

Продолжи со читање

Се поставува потисен цевковод на ул. Јордан Мијалков

Post Views: 208 Деновиве се одвиваат градежни активности на улицата „Јордан Мијалков“ за изведба на потисен цевковод средна зона.Должината на цевководот изнесува околу 300 метри, а вредноста е околу 5 000 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање