Автор: инфодеск
Views: 70 На 28 октомври 2025 година, во 14:15 часот во СВР Охрид, 21-годишно лице од Охрид пријавило дека два дена претходно, на 26 октомври 2025 година, околу 02:30 часот во угостителски објект во Охрид бил нападнат со стаклен предмет од едно женско лице, при што се здобил со повреда, констатирана во Општа болница во Охрид.– Се преземат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Вечерва изложба на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска во Скопје
Views: 126 Во Културно информативен центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска.Во интимниот свет на серијата колажи на Ивана Мојсовска Головска, просторот станува и засолниште и замка – псохолошки простор во кој фигурата ја преиспитува сопствената присутност. Во овие надреални сцени, блискоста и изолацијата се две лица на истата желба за поврзување. Свет што се шири до бесконечност, но во себе носи клаустрофобија.Ивана Мојсовска Головска (р. 1993) е визуелен уметник чиј експресивен и експериментален...
Оставка од директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје поради морални причини
Views: 90 Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми дал неотповиклива оставка од својата функција, вчера за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, а била депонирана на записник пред судија на претходна постапка и опишана како „морален чин“ и гаранција дека Рустеми нема да влијае врз истрагата.– Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие...
Охридските училишта и „Збогум Буково“ започнуваат со активности за селекција на отпад
Views: 99 Иницијативата „Збогум Буково“ започна со подготовка на училиштата за селекција на отпадот како дел од активностите за спроведување на Планот за управување со отпад којшто се спроведува во Југоисточен и Пелагониски регион.Од таму посочуваат дека 11 училишта од Охрид се дел од програмата „Училишта без пластика” која цели кон создавање на одржлив систем за селекција и собирање на селектираниот отпад и едукација на темите за рециклирање, реупотреба, редукција и одржлив развој на заедниците.-Ги повикуваме сите родители да им помогнат на училиштата да ги остварат своите...
Ураганот Мелиса ја опустоши Јамајка, во Куба е еден од најсилните што го погодиле островот од 2017 година
Views: 85 Ураганот „Мелиса“, кој се смета за најсилниот досега, предизвика огромни разурнувања на Јамајка и во други делови на Карибите. Властите изјавија дека градот Сент Елизабет е потопен, а повеќе од половина милион жители останале без струја и телефонски услуги. Засега нема информации за жртви.-Ова е катастрофална ситуација. За Јамајка сигурно ќе биде бура на векот, изјави специјалистката за тропски циклони од Светската метеоролошка организација Ен-Клер Фонтан.Додека минуваше над Куба, неговата сила се намали од петта на трета категорија, но последиците и штетите што ги...
Светиот маченик Лонгин
Views: 75 Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги потплатуваа војниците да разгласуваат лажна...
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра
Views: 88 Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла. Дневната температура ќе бележи тенденција на пораст, особено во деновите од викендот.Во Охрид денените температури ќе бидат во интервал од 4 до 15 степени Целзиусови.
Португалија е прогласена за најдобра туристичка дестинација во Европа за 2025 година
Views: 124 На овогодинешните World Travel Awards, Португалија беше избрана за најдобра дестинација во Европа. Инаку, Португалија ја врати титулата што ја загубија од Грција минатата година, а која ја освоија шест пати од 2017 година.Ова признание ја потврдува Португалија како земја со уникатна комбинација од култура, гастрономија, архитектура и природна убавина, што ја прави омилена меѓу патниците од целиот свет.Лисабон е избран за Најдобра европска градска дестинација, а Алгарве, повторно ја освои титулата за Најдобра покрајбрежна дестинација во Европа. Покрај нив, островскиот...









