Автор: инфодеск
Views: 92 По повод празникот посветен на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.Исто така, утре граѓаните традиционално ќе се соберат на црковно-народен собир пред црквата во туристичката населба Лагадин. Богослужбата ќе започне во 13:00 часот.
Светата великомаченичка Ефимија
Views: 108 Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка – Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија. Меѓутоа, ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ѝ се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме, ако не Му се...
Променливо облачно со сончеви периоди, во Охрид температури до 22 степени Целзиусови
Views: 92 Променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Во Охрид денес температурите од 7 до 22 степени Целзиусови.До крајот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.
„Парите се отепувачка“ повторно на сцената на Народен театар Охрид на 3 октомври
Views: 301 Претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле ќе биде изведена во сабота, 3 октомври, на сцената на Народен театар Охрид. Претставата започнува во 20:00 часот, а цената на билетот изнесува 300 денари.Адаптацијата и режијата се на Андреј Цветановски, сцената, костимите и видео-дизајнот се на Сергеј Светозарев, додека музиката е на Димитар Андоновски.Во претставата настапуваат:Митре – Стрезо СтаматовскиАнѓеле – Филип КипровскиМара – Марија НовакКата – Адријана Билаловиќ-ТодороскаСофре – Никола ТодороскиИнспициент е Филип Ангеличин-Жура, за тон...
Еразмус+ ги отвора европските можности за учениците и наставниците во Вевчани
Views: 193 Можностите што ги нуди европската програма „Еразмус+” денеска беа претставени во општина Вевчани. Целта е наставниците и учениците од помалите општини и руралните средини да се запознаат со можностите за размена, стекнување нови искуства и практики, но и создавање партнерства со образовни институции од Европа.Во актуелната финансиска рамка за Македонија досега се обезбедени повеќе од 40 милиони евра. Во последните пет години, преку програмата за млади учествувале повеќе од 1.500 млади, а преку „Еразмус+” во странство заминале повеќе од 2.000 студенти....
24-годишен охриѓанец лишен од слобода, ја нападнал мајка си во семејниот дом
Views: 139 24-годишен жител на Охрид е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом.На 28 септември 2026 година, во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 24-годишниот охриѓанец, по претходно добиена пријава за семејно насилство. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка.По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Возач од Гостивар фатен со 1,96 промили алкохол на Кеј Македонија во Охрид
Views: 161 Возач од Гостивар бил затекнат со 1,96 промили алкохол во крвта при сообраќајна контрола во Охрид.На 27 септември 2026 година, во 01:34 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај запреле патничко возило „БМВ“ со словенечки национални ознаки. Со возилото управувал 66-годишен жител на Гостивар, кај кого при извршеното алкотестирање биле констатирани 1,96 промили алкохол во крвта, информираа од СВР Охрид.Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и му биле одземени возачките документи. По целосното...
Екипата на Црвен крст Охрид втора на Државниот натпревар по прва помош
Views: 128 Екипата на Црвен крст Охрид освои второ место на XXXII Државен натпревар по прва помош, кој се одржа на 26 септември 2026 година во Скопје.Домаќин на натпреварот беше Црвениот крст на град Скопје, а на него учествуваа 10 екипи од исто толку општински организации на Црвениот крст, кои претходно обезбедија најдобар пласман на регионалните натпревари.Натпреварувачкиот дел се одвиваше на 10 бази – пет бази за прва помош и пет бази со забавен и интерактивен карактер. Натпреварувачите своите знаења и вештини ги покажаа на повеќе локации во централното градско подрачје на...









