Skip to main content

Автор: инфодеск

Во петок „Креативна есенска работилница“ во просториите на Младински Центар Охрид  

Views: 116 Во просториите на Младински Центар Охрид во петок ќе се одржи „Креативна есенска работилница“.-Време е да ја разбудиме креативноста и да ја почувствуваме магијата на есента! Ќе создадеме нешто убаво, инспирирано од боите и топлината на ова годишно време, велат од Младински Центар Охрид.Материјалите се обезбедени од организаторот, а работилницата започнува во 14:30 часот.

Продолжи со читање

Горива

Ново поскапување на горивата

Views: 71 Од ноќеска на полноќ дизел горивата поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Со одлуката зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 0,88 отсто повеќе во споредба на претходната пресметка.Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 е 73,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 75,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 68, а екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 67,5 денари за...

Продолжи со читање

Два златни и два бронзени медали за таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ на „Дубровник Опен 2025“

Views: 140 Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, член на Македонската традиционална таеквондо федерација, викендов учествуваше на меѓународниот натпревар „Дубровник Опен 2025“ во Хрватска. На турнирот настапија над 700 натпреварувачи од 9 европски земји – Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Полска, Австрија и Македонија.Боите на охридскиот клуб, под водство на Христијана Парулеска, ги бранеа пет млади натпреварувачки кои се натпреваруваа во дисциплината форми. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два златни и два...

Продолжи со читање

Прличевци дел од завршната мобилност на проектот „Climate Change Data Journalism“ во Турција

Views: 152 Од ООУ „Григор Прличев“ информираат за нивната последна посета во Ескишехир, Турција, во рамките на завршната мобилност од Erasmus+ проектот Climate Change Data Journalism, заедно со наставници од партнер-училиштето од Италија и координаторите од Португалија.-Со оваа завршна мобилност беа финализирани сите проектни активности во траење од две години. Горди сме што нашето училиште имаше успешно претставување во семејството на Erasmus+, бидејќи квалитетната работа, посветеноста и трудот секогаш го наоѓаат својот пат, се вели во нивното соопштение.Од таму додаваат...

Продолжи со читање

Денес извлекување на наградите од хуманитарната акција „За посреќно детство“

Views: 117 Денес со почеток во 19 часот ќе биде извршено извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“.Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на линкот.-Доколку биде извлечен бројот на вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата. Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 50.364 денари, а...

Продолжи со читање

Денес е Света Петка

Views: 107 Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост...

Продолжи со читање

Облачно и врнежливо

Views: 60 Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.Утре ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нов локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот, информираат ид УХМР.Во Охрид денешните температури ќе бидат во интервал од 13...

Продолжи со читање

„5К Надеж“: Настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола

Views: 109 Денес здружението „Збогум Буково” во соработка со „Здружение на лица со дијабет, Охрид”, Уметничка едукативна академија „СЈАЈ” и „Ретко е да си редок” организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола.–Со „5К надеж”, поддршка и љубов испраќаме порака дека ниту една жена не е сама во борбата со ракот на дојка. Вклучете се, прошетајте, трчајте или едноставно присуствувајте и подржете. Секој чекор значи повеќе свесност, повеќе превенција и повеќе животи спасени, велат организаторите....

Продолжи со читање