Автор: инфодеск
Post Views: 39 Од понеделник, 1 септември пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид го враќа стандардното работно време.Секој работен ден од понеделник до петок библиотеката ќе биде отворена за читателите во времето од 8 и 30 до 18.30 часот.Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката, информираат од Установата.Висината на...
На 5-ти септември ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ВИС „Билјана“
Post Views: 92 На 05.09.2025 година (петок) ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид со почеток во 20:00 часот. Ова година по тринаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Гости на ВИС Билјана оваа година се Емилија Колоска и Стефан Петрески.Билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 денари и можете да ги резервирате на телефонскиот број 076/212-680 и ќе можете да ги подигнете на самиот влез еден час пред почетокот на...
Повреден 16-годишник додека изведувал пракса на објект во изградба
Post Views: 69 На 25.08.2025 во 13:20 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Медицински центар Охрид со повреди бил пренесен 16-годишник од Охрид.-Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за приватна градежна фирма на објект во изградба, а каде што бил на пракса по претходен договор со средно училиште. Полициски службеници излегле на местото и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Црвен крст Охрид започнува со уписи за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“
Post Views: 54 Црвен крст Охрид започнува со уписи за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на претстојните училишни задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за...
Ј.П. „Билјанини Извори” се поднови со опрема за одржување на спортските терени
Post Views: 50 Ј.П. „Билјанини Извори” продолжува со вложувања во унапредување и модернизација на опремата за одржување на тревнатите спортски терени. Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, реализирана е набавка на нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени. Заедно со тракторот е набавена и повеќнаменска вертикална косилка PERUZZO коала 1600, која покрај...
Штафетно нуркање на здив, интересен настан со силна порака за мир
Post Views: 54 „Штафетно нуркање за мир“ се одржа денеска на пладне во водите на Охридското езеро кај малото пристаниште. Меѓународниот настан е дел од Фестивалот на водени спортови, а по повод одбележувањето на јубилејот 80 години Црвен крст Охрид. Во време кога светот никогаш не бил поразединет, целта е да се обединат луѓето со слободумни и хуманистичка пориви и да се испрати порака за мир, вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.-Да испратиме една силна порака, симболична порака за мир, почитување и толеранција насекаде во светот бидејќи во овој момент во...
Од полноќ поскапуваат горивата
Post Views: 56 Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата. Бензините поскапуваат за еден денар по литар, а дизелот се зголемува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во однос на претходната корекција.„Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68 денари, додека Екстра лесното масло за горење...
Организиран превоз до Скребатно по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
Post Views: 165 По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, во четврток, на 28-ти август 2025 година, Општина Охрид организира бесплатен превоз до селото Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир.Тргнувањето е во 09:00 часот од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец.Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“







