Автор: инфодеск
Views: 71 Здружението „Ретко е да си редок“ објави дека во тек се подготовките за 8. сезона на националната кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ која традиционално треба да започне во февруари 2026 година.-Оваа, 8. сезона, продолжуваме со нашата мисија: да го подигнеме гласот за сите лица со ретки дијагнози и нивните семејства. Во текот на 28 дена, повторно ќе ви претставиме 28 нови ретки болести, нивните предизвици, симптоми и можни решенија. Зошто е ова важно? За да ги запознаеме здравствените работници со нови дијагнози. За да им дадеме глас на пациентите и да ја промовираме...
Шест нови одличја за охридските стрелци на III- тиот по ред Куп на МССФ
Views: 94 Изминатиот викенд во новиот Национален центар за спортско стрелаштво во Скопје, се одржа третиот по ред Куп на МССФ на кој учество зедоа сите активни спортски клубови од државата со свои претставници.Поради одржување на континуитет и традиција, а со цел мотивација на спортистите од приоритетната олимписка дисциплина-воздушно оружје, беа доделени награди за 6-тиот Стрелец куп во сите дисциплини и категории.Најуспешен настап во дисциплината воздушен пиштол-јуниорки имаше Стефанија Вељаноска од СК ,, Охрид” со извонреден резултат, воедно и личен рекорд од 552 круга,...
Хорот АCordis при Црвен крст – Охрид отворен за прием на нови членови
Views: 78 Посебноста на Црвен крст Охрид се огледа во бројните програми и активности што поттикнуваат хуманост, солидарност, креативност и културно изразување кај луѓе од сите возрасти, а тука може да се вметне и делувањето на женскиот хор АCordis, кој на 11.11.2019 е формиран во Црвен крст Охрид на иницијатива на група долгогодишни хористки.-Хорот го сочинуваат 12 хористки кои ги поврзува љубовта кон музиката и хорското пеење. Женскиот хор ACordis е спој на музиката и седумте принципи на Црвениот крст: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволност, единство,...
Сефиданис и ВИ во служба на просветата и културата во Охрид: „3000 години охридска писменост“
Views: 141 Д-р Анис Сефиданис, професорот на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, го објави својот најнов проект, „3000 години охридска писменост“, кратко видео кое е е изработено со помош на најновата верзија на Sora AI, а по повод Патрониот ден на УИНТ.– Видеото ќе ве одведе на авантура од наколните живеалишта кај „Заливот на коските“, преку уметноста на Античкиот театар, Светлината од училиштето на св. Климент, миризливите предавања под стариот чинар со Прличев, топлите југословенски...
Светиот апостол Филип ѓакон
Views: 55 Апостол од Седумдесетте. Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Јерусалим, светиот апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде...
Променливо облачно и релативно топло
Views: 57 Променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).Во Охрид минималните температури од 13, а максималните до 19 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено...
Свежо цвеќе во чест на Македонската револуционерна борба
Views: 85 Делегација на Општина Охрид предводена од раководители во локалната администрација, положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.Цвеќе положија и пратениците во македонското собрание, делегација од Сојузот на Борци и останати претставници од политичкиот и општествениот живот од Охрид.
Црвен крст Охрид: Успешно завршен и последниот ден од обуката за врснички едукатори
Views: 55 Од Црвен крст Охрид информираат дека успешно е завршен и последниот ден од обуката за врснички едукатори – пробни врснички едукации, каде 6 кандидати за врснички едукатори, одржаа 3 пробни врснички едукации на 18 волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид.Презентациите ги одржаа, и беа на теми:-Елена Павловска и Михаела Плевнароска – Градење на самодоверба.-Лина Јоноска и Анастасија Треноска – Превенција од трговија со луѓе.-Jована Шутароска и Ангел Крстески – Превенција од болести на зависности.Обуката за врснички едукатори...









