Автор: инфодеск
Post Views: 348 Средношколци и студенти го надополнија недостигот на кадар во хотелско- угостителскиот сектор на брегот на Охридското Езеро. Келнери, шанкери, готвачи, помошници во кујна се најчестите позиции на кои се сезонски ангажирани. Во кафулињата, рестораните, шанковите на плажите најзастапена е генерацијата од 15 до 19 години, кои сакаат да стекнат работно искуство, но и да заработат додека се на распуст од училишните обврски.„Завршив средно угостителско училиште на смерот хотелско угостителски техничар. Имам 18 години, а ова ми е трета година како работам на...
Лице од Велешта доби кривична за производство и дистрибуција на детска порнографија
Post Views: 314 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија”.-Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Д-р Асен Шајн поднел оставка, директорското место во Општа болница го напушта на средина од мандатот со обезбедување вредна донација за установата
Post Views: 310 ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација вредна шест милиони денари од Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, информираат од установата. Станува збор за најголема донација досега, која ќе биде искористена за купување на современа медицинска опрема, што значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди установата, посочува директорот на болницата д-р Асен Шајн, кој воедно информира дека поднел оставка на функцијата за што писмено го известил Министерот за здравство. Во оставката посочува дека директорското место го напушта од лични...
Градскиот хор Vox Lychnidos доби Повелба за негување и унапредување на македонската хорска музика
Post Views: 260 Повелба за негување и унапредување на македонската хорска музика доби градскиот хор Vox Lychnidos од 29-то издание на еден од најпрестижните хорски фестивали со натпреварувачки карактер во регионот „Блистави гласови”, што изминатиот викенд се одржа на летната сцена во Нишката тврдина во Србија.Моќно и емотивно звучеа композициите Ubi caritas, Bum ta ka bum од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, Konj и Besame mucho, а публиката со овации аплаудираше по секоја изведба.Членовите на стручното жири како и организациониот одбор на...
Денес Баталјонот за специјални сили на Армијата ќе реализира вежбовни активности
Post Views: 260 Денеска (10.07.2024) од 10.30 до 16.30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич” во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 09 часот, на истата локација. Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот...
Денес староградска вечер во Лапидариум
Post Views: 292 Културолошката иницијатива 5 до 12 денес организира староградска вечер на културата во Музејско-културниот центар „Лапидариум” каде посетителите ќе можат да уживаат во еден моќен спој на уметности кои ќе говорат за Охрид и традицијата. На настанот посетителите ќе можат да уживаат во изложбата на фотографии „Староградска пловидба низ годините“ и во поетското читање „Имам нешто да ти кажам“, а ќе биде прикажана и премиера на краткометражен документарец „Бело платно“.„БЕЛО ПЛАТНО” е краток аудиовизуелен пејсаж на манифестација на Петровден...
СВР билтен: опожарен автомобил, охриѓанец приведен за физички напад
Post Views: 363 На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ” со тетовски регистарски ознаки, додека се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид, управувано од А.Р.(31) од Тетово. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.На 08.07.2024 година во 17.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведен е 32 годишен охриѓанец, кој претходно физички ги нападнал 28 годишно лице од Охрид и малолетничка од Македонски...
Портокалов аларм до средината на наредната недела
Post Views: 319 Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
Секое трето дете во земјава се соочува со дебелина
Post Views: 222 Дебелината кај децата – глобална епидемија и голем предизвик за јавното здравје. Едно од три деца на возраст од 7 до 9 години, во земјава се соочува со прекумерена тежина, покажа истражувањето на УНИЦЕФ.Главните причини се зголемен внес на енергетски заситена храна богата со масти и шеќери, но и намален степен на физичка активност. Воедно, нездравата храна е многу подостапна во близина на училиштата. „Статистиката покажува дека едно од три деца се соочува со дебелина во целиот регион, вкучувајќи ја и С. Македонија. Проблемот е тоа што децата не...
Потреби, предизвици и проблеми на пензионерите во Охрид
Post Views: 1.082 ТВМ Телевизија во рамки на рубриката „Заедницата има многу лица“ ќе реализира дебатни емисии, со цел, сензибилизирање на јавноста за различните интереси, потреби, приоритети и можности на различни групи граѓани.Првата емисија ќе ја посветиме на потребите, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат лицата над 65 години, во секојдневното живеење во градов, а кои треба да се земат во предвид при креирањето локални политики и колку во заедницата се води грижа за нив.Учествувајте во креирањето на емисијата така што ќе ја пополните нашата анкета, во која ќе дадете...
Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид
Post Views: 242 Вечерва ќе се одржи втората вечер на Летно кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12″.ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА е македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски.Главните улоги ги играат: Дајана Поповска (охриѓанка по мајка и татко), Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која...
Градоначалникот Пецаков оствари средба со македонската претставничка на Летните Олимписки Игри Анастасија Мојсовска
Post Views: 459 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со охриѓанката Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024, во категоријата спортско стрелаштво.Градоначалникот изрази големо задоволство што Охрид е горд на уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот. Тој упати честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри со желби за висок резултат и уште поголеми успеси во нејзината спортска кариера во иднина. Градоначалникот истакна...