Skip to main content

Автор: инфодеск

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Views: 129 Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија.Договорот ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи од Велика Британија.Овој Договор се потпиша на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај...

Продолжи со читање

Свечена академија по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба

Views: 109 Со свечена академија, вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба.Пред бројните граѓани и гости свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг и славен процес, исполнет со храброст, жртва и огромна љубов кон татковината.На овој ден, пред 132 години, група храбри Македонци ја формираа Внатрешната Македонска Револуционерна...

Продолжи со читање

Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Views: 126 На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Врвна точка на дејноста на ВМOРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум...

Продолжи со читање

Светите маченици Евлампиј и Евлампија

Views: 55 Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан, некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот, ја виде царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот, ја симна и ја искина. За ова веднаш беше изведен пред судија. Кога судијата почна да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почна да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како единствен жив Бог. По...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на променливо облачно време

Views: 61 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 19 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.

Продолжи со читање

Промовирана книгата „Охридски фолклористи“

Views: 85 Денеска во спомен  куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23- Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.-Во очи големиот празник, 23 Октомври во прекрасниот амбиент на прлчичевата куќа се собравме да го  промовираме најновиот труд „Охридски Фолклористи“ од гореспоменатите...

Продолжи со читање

Во Битола отворена првата регионална очна болница – „Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија“

Views: 126 Вчеравечер, во присуство на бројни гости, претставници од медицинската фела, јавниот живот, соработници и пациенти, свечено беше отворена Првата регионална очна болница во Битола – Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија. Со ова, жителите на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна офталмолошка хирургија и нега, блиску до својот дом.Оваа нова болница е резултат на речиси една деценија посветена работа, искуство и доверба стекната преку Дијагностичкиот центар Систина Офталмологија Битола, кој сега прераснува во современа болница, дел од...

Продолжи со читање

Претставата „Јованче и Марика“ за најмладите овој петок во Охрид мол

Views: 99 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, овој петок ќе се одржи детската интерактивна претстава „Јованче и Марика“ во изведба на „Балада продукција“.Претставата ќе се одржи во Охрид мол со почеток во 19:00 часот.

Продолжи со читање