Skip to main content

Автор: инфодеск

Пукање и пожар во шаторите пред српскиот Парламент во Белград

Views: 106 Неколку шатори горат пред Собранието на Србија, а три пожарникарски тимови се обидуваат да ги изгаснат. Според белградски медиуми, приведено е едно лице. Како што е објавено на социјални мрежи, на пожарот му претходеле истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огнено оружје. РТС објави неофицијални информации дека причина за пожарот наводно била плинска боца.Ovako je počelo u ćacilendu u 10:19Neko je pucao iz vatrenog oružja i onda kenuo i požar iznutra pic.twitter.com/bA4ylB4JGp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) October 22, 2025

Продолжи со читање

Објавен конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година

Views: 68 НУЦК “Григор Прличев” -Охрид објави конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година.Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 22 ноември 2025 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се...

Продолжи со читање

Свеќи

Светиот апостол Јаков

Views: 96 Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело, свети Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи...

Продолжи со читање

Променливо облачно со услови за повремен дожд

Views: 72 Променливо облачно со услови за појава на повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од УХМР велат дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен утре и во сабота кога ќе преовладува стабилно време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен правец.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 11 до 17 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето во село Лескоец

Views: 125 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицara „Рашанец’ во село Лескоец.

Продолжи со читање

Утре промоција на книгата ,,Охридски фолклористи”

Views: 94 Во рамките на Програмата на Општина Охрид за чествување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, утре ќе биде промовирана книгата ,,Охридски фолклористи” од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Во програма предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, на уредникот на едицијата ,,Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, како и на промоторот проф. д-р Велика Серафимоска. Исто така предвиден е настап на Митко Колјушевски –...

Продолжи со читање

Четврток, 23 октомври – неработен ден за сите граѓани

Views: 128 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2025 (четврток), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.Денот на Македонската револуционерна борба се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Македонија...

Продолжи со читање

Охрид ќе го одбележи 23. Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Views: 124 Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.-Овој празник е потсетник на храброста и визијата на нашите претходници и темел на нашата борба за државност и независност. Да ги чуваме и чествуваме делата на нашите револуционери и да продолжиме заедно по патот на вистинските вредности, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Активностите започнуваат утре напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе биде промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во...

Продолжи со читање