Автор: инфодеск
Post Views: 274 На 07.07.2024 година во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост” на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес” со турски национални ознаки, управуван од 68 годишно лице од Турција и мотоцикл „сузуки” без регистарски таблички, управуван од 23 годишно лице од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија јавен...
Земјотрес почуствуван во Охрид и околината
Post Views: 225 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7.07.2024 година во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6, се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската...
Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноември”
Post Views: 312 Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноевмври”.Деновиве се поставува последниот слој асфалт по што ќе следува хоризонтално и вертикално обележување на улицата, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Се одржа 43-тата седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 261 Со четириесет и пет точки на дневниот ред, денес се одржа четириесет и третата седница на Советот на Општина Охрид. Првите десет точки од дневниот ред се однесуваа на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, а поголемиот дел од денешната работа на советниците помина во усвојување на измените во програмите за работа во сите сектори од општинската администрација.Во продолжение на работата, советниците ги усвоија измените и дополнувањата во општинскиот буџетот за 2024 година, а беа донесени и неколку одлуки од урбанистичката...
Во вторник ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки
Post Views: 347 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка, локалната самоуправа известува дека ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник до 06 часот во среда.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на...
Сообраќајна несреќа на Стража
Post Views: 473 На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража”, патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38 годишна охриѓанка, удрило во 22 годишен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, се вели во соопштението на СВР Охрид.
Скопјанец продавал марихуана во Охрид
Post Views: 233 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При преглед извршен на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, се вели во соопштението од СВР Охрид.
Денес за најмладите театарската претстава за деца „Црвенкапа“
Post Views: 233 Под мотото „Културата расте со децата“, денес – 05.07.2024г ., со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одржи театарската претстава за деца „Црвенкапа“.Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.
Денес ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“ во Куќата на Робевци
Post Views: 293 Денес во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата Антологија 4. Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-ОхридНа изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски. Куратор на изложбата e м-р Сашо Блажески.
Започна Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Post Views: 159 Со концерт на ансамблот „Танец“ синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, почна 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.Традиционално фестивалот беше отворен од покровителот, Потпретседателот на македонското собрание, Антонијо Милошоски, а во име на охридскиот градоначалникот пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Дозвоолете да ја изразам мојата искрена радост што ноќва по 63 пат тука во нашиов прекрасен Охрид го славиме раѓањето...
Општина Охрид објави јавен оглас за добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници
Post Views: 272 Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена на седницата на Совет одржана на ден 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-653/12 од 31.01.2022 година, Oпштина Охрид објавува Оглас за добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници....
Summer Drive-in Cinema – летно кино со автомобили во Касарна Охрид од 8-ми до 9-ти јули
Post Views: 340 И оваа година Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид организира Summer Drive-in Cinema – летно кино со автомобили. На настанот кој ќе се одржува во Касарната, ќе се прикажат македонските филмови ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ и ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА.Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч. Организаторите потенцираат дека по почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување, а сите заинтересирани билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купат во Shilla – coffee & bar или на влез.
