Автор: инфодеск
Views: 110 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ свечено ќе го одбележи патрониот ден посветен на својот заштитник и духовен патрон – Св. Апостол Павле. Свеченоста ќе се одржи на 22 октомври (среда) со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе присуствуваат претставници од академската заедница, студенти, гости и пријатели на институцијата.–Настанот е посветен на духот на мудроста, истрајноста и инспирацијата, кој повеќе од една деценија го води Универзитетот во неговата мисија за развој на современо образование и...
Викендов започнува зимското сметање на времето
Views: 85 Ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври, Македонија повторно ќе премине на зимско сметање на времето. Точно во 3 часот по полноќ, стрелките ќе се поместат еден час наназад, на 2 часот. Со тоа ќе добиеме еден час повеќе сон и ќе се означи враќањето на стандардното времеОваа промена, која традиционално носи повеќе дневна светлина наутро, но и порано затемнување попладне, годинава ќе се случи најрано во последниве единаесет години. Последен пат стрелките се поместуваа на ист датум во 2014 година.Практиката на поместување на времето не е од поново време, таа потекнува уште...
Во подготовки театарската премиера на „Парите се отепувачка“
Views: 86 Од Народен Театар Охрид информираат дека во тек се подготовките за нивниот најнов проект „Парите се отепувачка” од Ристо Крле, а во режија на Андреј Цветановски.Премиерната изведба ќе биде на 31-ви октомври 2025 година.
Преподобна Пелагија
Views: 76 Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците. И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од себеси, се исплаши од Бога, се покаја за своите нечисти гревови и припадна пред свети Нон со молба да ја крсти. „Смилувај се на мене,...
Денес во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, утре дожд
Views: 80 Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.Минималните температури од 10, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Утре ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Во сабота премиера на краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“
Views: 71 Во сабота, 25 октомври, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар е закажана премиерата на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски. Премиерата е закажана во 19:30 часот.–„Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ја раскажам човечноста што често не ја забележуваме, да покажам дека херојството може да биде тивко,...
Денес настан на тема: Значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција на ракот на дојка
Views: 92 Здружението на лица со дијабет од Охрид, а по повод месецот за превенција од рак на дојка, денеска организира настан кој преку разни содржини ќе има задача да го повтори значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција.–Пред присутните ќе се обрати Др. Тони Чифлигароски, а за своите искуства од справувањето со болеста, периодот после откривање на истата и со пораки кои инспирираат, ќе се обратат жени-борци, говорнички. За присутните ќе има и мали изненадувања, ќе има и лотарија и тивка аукција, со цел настанот да ја покаже и човечката димензија, си...
Во Дебрца втор круг за Градоначалник за Зоран Ногачески и Златко Силјаноски
Views: 100 Во вториот круг за градоначалничката функцијата на Општина Дебрца ќе се борат Златко Силјаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кој освои 1.212 гласа (48,1%), и актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, кој освои 663 гласа (26,31%).На изборите за членови на совет во Дебрца ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 1.136 (45,08%), а коалиција предводена од СДСМ 538 (21,35%), Искуство за успех 216 (8,57%).ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија 6 места во Советот на Општина Дебрца, , СДСМ и коалiцијата 2 мандати и Искуство за успех 1.









