Автор: инфодеск
Post Views: 322 И оваа година охриѓани ќе можат да уживаат во проекциите на Beach Film Festival. Фестивалот, кој се одржува од 17-ти до 21-ви јули, ќе ги прикажува филмовите на најразлични локации и тоа: плажите Сараиште и Славија, и бродот Армада.Од 3-ти до 7ми јули ќе се одржи и Beach Film Festival Warm-u, чија програма нуди 5 филмски проекции, а сите ќе се одржат на плажата Сараиште.Во препрограмата во фокус ќе бидат шпанските филмови: EL BOLA, LUCIA Y EL SEXO, INTEMPERIE, CAMPEONES и MAR ADENTRO. Фестивалот се одржува со поддршка на шпанската амбасада.Сите...
Поради лошите временски услови свеченото отворање на Балканскиот фестивал ќе се одржи утре
Post Views: 250 Поради најавата за лошите временски услови свеченото отворање на Балканскиот фестивал, во среда 03.07.2024 година ќе се оддржи на алтернативната сцена во големата сала на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20.30 часот, информираат организаторите.
Несовесни граѓани формираат депонии и крадат од шумата во атарот на с. Вишни
Post Views: 601 Во рубриката Ти Си Твојот Град на ТВМ пристигна реакција од граѓани кои престојуваат во убавото село Вишни. Реакцијата се однесува на нередовно подигнување на комуналниот отпад, но и за сомнежи за нелегална сеча на дрва.-Три дена по ред се јавувам во Комунално Струга, известен е шефот, ама 12 дена откако сме ние тука не се пројдени. Пред тоа сигурно уште месец. А каква убавина, горе планина долу езеро, невиден потенцијал. Пупе компани од време на време истовара странци точно пред контејнеров. Цело време поминуваат камиони полни со дрвја што се сечат по...
Градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење
Post Views: 429 Од денеска, 1 јули, градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење.ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека рекреативното користење на базените е од 13 – 19 голем базен и 13 – 17:30 мал базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи.Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.
Утре започнува 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Post Views: 352 Утре започнува 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.Програмата започнува со изложбата насловена „Моменти“ од авторот Антонио Стојчески која ќе биде отворена на 2 јули.Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде со целовечерен концерт на националниот ансамбл „Танец“ со почеток во 20:30 часот на сцената на „Долни Сарај“. Пред почетокот на концертот, ансамблите традиционално ќе продефилираат низ охридската чаршија. Дефилето на учесниците ќе започне од пред Центарот за култура...
Заврши 39тата уметничката колонија „Дебрца 2024“
Post Views: 212 После десетдневно, активно ликовно создавање, заврши 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваа 11 ликовни уметници, од Mакедонија, потоа, Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул), како, и, тројца учесници, од Србија и двајца учесници од Црна Гора.-Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ располагаше со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува,...
Свикана 43тата седница на советот на општина Охрид во петок
Post Views: 306 Советот на општина Охрид на ден 05.07.2024 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот ќе ја одржи четириесет и третата седница на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата предложен е следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 41-та седница и Записникот од 42-та седницаПредлог-одлука за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување за 2024 година во ООУ „Ванчо Николески“ – с.Лескоец.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“- Охрид за...
Во летниот период Центарот за јавно здравје ќе работи секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот
Post Views: 353 Од Центарот за јавно здравје информираат дека почнувајќи од денес, 01.07.2024 г. па се до 31.08.2024 г. микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 6:30 ч. до 15:00 ч. Во сабота, центарот ќе работи од 8 до 12 часот.-Дозволете да Ве потсетиме дека, со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во летниот период, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица,...
Се подготвува фудбалскиот терен за натпреварот од квалификациите за Лигата на шампиони
Post Views: 232 Од ЈП Билјанини Извори информираат дека на 3 јули стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” како последни подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. Тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Слован Братислава од Словачка.-Ние како претпријатие во соработка со македонскиот фудбалски шампион максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на...
Од денес започнува забраната за изведување градежни работи во централното градско подрачје
Post Views: 198 Од први јули (понеделник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од „Булевар Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките локалитети од каналот Студенчишта до Св.Наум.Забраната ќе биде на сила до 31 август, информираат од општина Охрид.
Охрид подготвен за шпицот на туристичката сезона
Post Views: 308 Охрид подготвен за шпицот на туристичката сезона и напливот на голем број туристи. Јули и август е највисоката сезона, кога се очекуваат илјадници гости да престојуваат во главниот туристички центар во земјава. Јавните претпријатија се подготвени и со механизација и дополнително екипирани да одговорат на зголемениот обем на работа. Градот ќе се чисти во три смени и редовно ќе се одржува водоснабдителната и канализационата мрежа.„Немам дилеми дека Охрид е спремен не само затоа што е лето, туку генерално имаме пракса како град и искуство...
Тешка сообраќајна несреќа кај месноста „Сатеска“
Post Views: 436 На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска”, патнички автомобил „Рено Флуенце”, со охридски регистарски таблици, што бил управуван од 63 годишно лице од Охрид, излетал од патот. Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот и вториот сопатник исто така од Охрид, се здобиле со телесни повреди додека кај третиот сопатник, не биле констатирани повреди. Увид на местото...