Автор: инфодеск
Post Views: 6 Сојузот на синдикати на Македонија денеска најави протести на 2 април годинава, поради одлуката на Владата да ја утврди минималната плата без учество на работниците. Ова денес на прес конференција го изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов по седницата на претседателствот на ССМ. Главна причина за ваквата одлука, како што посочи, е одлуката на Владата еднострано да ја усвои информацијата за минимална плата, со која минималецот се зголемува за 1,800 денари.„ Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите...
Сообраќајниот срам на охриѓани низ призмата на сообраќајната полиција
Post Views: 34 Има ли сообраќајна полиција во Охрид? Пошто очигледно сообраќајна култура нема. Можеби некогаш и имало, но неказнивоста и “знаеш ли кој сум јас” или “само на две минутки” си го направија своето.Наша читателка во рубриката „Ти Си Твојот Град“ реагира за сообраќајниот метеж низ охридските главни улици кој се повторува од ден во ден.-Вчера се возев 15-тина минути низ Охрид и на сите улици по кои поминав имаше паркирани возила на коловоз со 4 жмигавци – шофери од типот “само на две минутки” или узурпирани тротоари – шофери од типот “никој не ми...
Охриѓанец се заканувал и телефонски вознемирувал 38-годишна жена
Post Views: 11 Вчера во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 48-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека, поради нерасчистени односи од порано, се заканувал и телефонски вознемирувал 38-годишна жена од Охрид.– По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Разорен земјотрес во Мјанмар, уништен голем дел од патната мрежа
Post Views: 23 Два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. Вторниот земјотрес кој се случил по 12 минути е регистриран со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Бил на длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј. Земјотресот бил многу силно почувствуван и во соседна Индија, но и во Тајланд.Светските агенции јавуваат дека голем дел од патната мрежа во Мјанмар е уништена и не е безбедна...
Денес ќе биде промовирана книгата „Пред црковните порти“ од Смиле Наумовски – Брсјак
Post Views: 12 НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со Општина Охрид во чест на денот кога Прличев во Атина е овенчан со ловоров венец за поемата „Сердарот“ денес организираат промоција на збриката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак.-Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак, треперат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот и реалноста, стварноста и илузијата, можното и неможното, реалното и посакуваното. Насловниот расказ, во духот на нашата најдобра книжевна традиција, пред петнаесет години ја освои првата награда на конкурсот за...
Ученици од Србија во посета на OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски”
Post Views: 9 16 ученици од Техничката школа во Ужице, Република Србија, а во рамките на програмата RYCO Superschools, која промовира училишна размена во регионот WB6 за градење мир, помирување и меѓукултурно учење, реализираа седумдневна посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Од школото информираат дека учениците беа сместени во семејствата на своите врсници, што им овозможи уникатно доживување на локалниот начин на живот, обичаи и традиции и се заблагодаруваат на одличната организација на наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, и големата посветеност за...
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии
Post Views: 14 Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, беа сосем млади луѓе, а сè уште не беа христијани. И никогаш не се крстија со вода, но се крстија со крв. Еден ден овие седуммина момчиња гледаа како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилки, трети пред ѕверови, па гледајќи ги како поднесуваат маки со трпение, се распалија со ревност по Христа, самите себеси си ги врзаа рацете наопаку и така врзани дојдоа пред Урбан велејќи: „И ние сме христијани!“ Залудни беа ласкањата и заканите на...
Променливо облачно и врнежливо време
Post Views: 8 Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.Денес температурите во Охрид од 7 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека и во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер...