Skip to main content

Автор: инфодеск

Пријавен случај на семејно насилство во Охрид

Post Views: 283 Вчера во 18.15 часот, во СВР Охрид е пријавен случај каде машко лице од Охрид, во семејниот дом бил агресивен а потоа и физички нападнал членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Учесниците од Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2024 “ на прием кај градоначалникот Ногачески

Post Views: 289 Организаторот – Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, за сите учесниците на 39то издание на Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “, подготви внимателно одбрана програма со цел да им ги покаже амбиенталните природни вредности на општина Дебрца, но и на Охрид. Исто така, тие се запознале и со историското минато на Дебрца, од поново време, кога, практично била лулката на зародишот на македонската држава и државност.Учесниците беа и на прием кај градоначалникот на општината Дебца. –И во оваа пригода го истакнав значењето на овој...

Продолжи со читање

Од денес започнува летниот режим на сообраќај во стариот дел од градот

Post Views: 230 Од денес започнува да функционира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори”.-Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни информации или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во дирекцијата на ЈП “Билјанини...

Продолжи со читање

Детскиот настан „Весели Ѕвончиња“ денес за најмладите

Post Views: 310 Под мотото  „Културата расте со децата“ , овој петок – 28.06., со почеток  во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе настапи модерниот детски, светски бренд „Веселите ѕвончиња“.Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид, а сите посетители ќе добијат пригоден подарок од Стоби флипс, информираат организаторите.

Продолжи со читање

Бројот на бездомни кучиња во Охрид расте

Post Views: 293 Со финансии од општина Охрид два пати масечно се прават стерилизации на бедомните кучиња во градот. Но и покрај тоа бројот на бездомни животни расте. Главниот виновник е човекот, неодоговрно сопственишто исфрлување на нови легла по улиците. Активистите велат немоќни се да се борат против оваа појава. Итно е потребна изградба на стационар, поголема контрола и спроведување на законот.Треба да се следи примерот на европските земји, изградба на стационари, масовна стерилизација и казни за неодговорните сопственици.„ Нема стационар во Охрид, нема во...

Продолжи со читање

Од 1-ви јули за 0,4 % ќе се зголеми трошокот за струја за 88% од домаќинствата

Post Views: 279 Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад , Марко Бислимовски ги објави новите цени на електричната енергија за домаќинствата кои ќе важат од 1 ви јули. Реално нема промена на цената.За најголем дел од домаќинствата зголемувањето е под 0,5% и мислам дека не предизвикуваме никакви ценовни шокови, рече Бислимовски.Новите цени кога ќе се претворат во потрошувачка, трошокот на домаќинствата за струја ќе се зголеми зависно од тоа во кој блок на потрошувачи спаѓаат.„ Според оваа одлука која ни...

Продолжи со читање

Доцни супервештачењето, повторно одложено судењето за родилката од Дебар

Post Views: 315 Повторно се одложи судењето за родилката од Дебар, која пред четири години, при породување во струшката болница остана без три органи, бубрег, јајници и матка. Последното рочиште се одржа  во април, кога поради неусогласување на двете спротивставени вештачења, судот  издаде наредба да се прави супервештачење, за утврдување на одговорност кај лекарите.Супервештачењето доцни, треба  го изготви  одбор од  19 лекари при Медицинскиот факултет. Оштетената стравува, постои опасност судењето повторно да се врати на...

Продолжи со читање

Физички нападнато 82 годишно лице на улицата „Аџи Мустафа“

Post Views: 249 На 26.06.2024 година во 17.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од три лица врз 82 годишно лице, сите од Охрид.Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

ОСУ „Св. Климент Охридски“ во новата учебна година ќе работи во една смена

Post Views: 422  Од ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид за новата учебна година најавуваат нов концепт, работа во една смена.Најава за новини во работењето на училиштето: работење во една смена за учениците од I до IV година, информираа од Гимназијата.Оттаму додаваат дека успешно е завршено првото пријавување на идните гимназијалци, а второто е на 1. и 2. јули, до 15:00 часот.Доставување на документи во Гимназијата на 1. јули во периодот од 07:00 до 17:00 часот и на 2. јули 2024 година од 07:00 до 15:00 часот. 

Продолжи со читање

Започна проектот „Да ги овековечиме вредностите“

Post Views: 201 Општина Охрид преку Програмата за култура започна да го реализира проектот –„Да ги овековечиме вредностите“. Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои оставиле трага во охридската и македонската  меморија.Согласно предвидениот буџет, проектот започна со цртање на  ликот на Григор С. Прличев – симболот на македонската гордост, истрајност и  непокор, поетот кој  со своите вонвременски дела Сердарот и Скендербег ја извиши Македонија во врвот на светската литературра,  покажувајќи и...

Продолжи со читање

Центар за стимулација на раст и развој, едукација и советување „Мали стапала“ започна со работа во Охрид

Post Views: 615 Во Охрид започна со работа Центар за стимулација на раст и развој, едукација и советување за деца од 0 до 7 годишна возраст и родители. „Мали Стапала“ претставува катче во кое стручно лице работи индивидуално со деца на кои им е потребна  стимулација на раст и развој,  дефектолошки третмани, дечиња со атипичен развој, но и место за едукација и советување на родителите.„ Мали стапала е наменет за деца од најрана возраст , од 0 до 7 години, значи и бебиња можат да доаѓаат , тоа се дечиња родени со ризик фактори како предвремено родени, царски...

Продолжи со читање

ЦУК одржал координативен состанок за справување со змии

Post Views: 270 Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов одржал координативниот состанок на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето од зголеменото присуство на змии во урбаните средини”, на којшто присуствуваа претставници од Министерство за внатрешни работи и од Зоолошка градина Скопје.Од ЦУК информираат дека на состанокот, иако повикани, не присуствувале претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, од Министерство за здравство и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.Ангелов на...

Продолжи со читање