Skip to main content

Автор: инфодеск

Општинска изборна комисија Охрид известува за промена на локации на избирачки места

Views: 87 Општинската изборна комисија известува за промена на локации на гласачки места за претстојните локални избори 2025 година. На територија на Општина Охрид променета е локацијата на 7 избирачки места.Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар- Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ – поранешна касарна Ул....

Продолжи со читање

Денес за најмладите музичко-драмско доживување – „Хероите на градот“

Views: 63 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, вечерва е предвидено едно волшебно музичко-драмско доживување: „Хероите на градот“ – концерт исполнет со интерактивност, едукација и радост за најмладата популација.На сцената ќе доминира класичната музика, внимателно адаптирана за најмладата публика, во изведба на Продукцијата ТРИАНГЛ: оперски пејачи, пијано, труба и мандолина. -Подгответе се за концерт кој ги спојува уметноста и играта, каде музиката зборува на јазикот на детската фантазија, порачуваат...

Продолжи со читање

На полноќ почнува изборниот молк

Views: 111 Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржат во недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалициите уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг. Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2....

Продолжи со читање

Денеска завршен митинг на ВМРО во Охрид

Views: 78 Денеска во Охрид ќе се одржи завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.Митингот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“, а започнува во 19 часот.-Заедно, сплотени и обединети да го направиме Вистинскиот избор!, порачуваат од партијата.

Продолжи со читање

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Views: 92 Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.Од УХМР додаваат дека под влијание на влажен бран од Медитеранот денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни денес, особено во западните и југозападните делови кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието. Потоа...

Продолжи со читање

Младеновска: Со срце за постарите, со визија за достоинствен живот

Views: 80 Со срце за постарите, со визија за достоинствен живот, порачува Марија Младеновска, носителка на независна листа на кандидати за советници која на локалните избори настапува под број 34. Младеновска својата програма ја темели на подобрување на условите за живот на сите генерации, но со посебен фокус на повозрасните. Порачува дека сите треба да дадат свој придонес за поголема грижа за градот, за животната средина и за меѓусебна поддршка на луѓето.„ Јас сум пензионерка, немаме Дом за стари лица. Ветуван ни е со години, децении. Секој градоначалник во секоја кампања ветувал...

Продолжи со читање

По уривањето на спомен куќата на Владо Малески во срцето на Струга, инспециските служби го затворија градилиштето 

Views: 89 Откако при изведување градежни работи, вчера беше срушена Сарата струшка куќа,  инспекциите го затворија градилиштето. При уривање на  соседен објект, инвеститорот направил оштетување на темелот при што се урна источен калкански ѕид и кровот на Спомен куќата на Владо Малески, во срцето на Струга. Вешти лица и инспектори од Управата за заштита ќе ги утврдуваат штетите врз вредното  заштитено културно наследство.–Претходно, заради изградба на тој приватен објект, побарани се и одобрени се заштитно-конзерваторски услови од...

Продолжи со читање

Животната средина, поголемо граѓанско учество и транспарентност на локалната се во фокусот на Коалицијата за зелена иднина

Views: 64 Во фокусот на програмата на кандидатите за советници од Коалиција за зелена иднина која на изборите настапува под бр.8 е човекот и животната средина, поголемо учество на граѓанинте во сите аспекти на работата на општината и Советот и транспарентност и отчетност на локалната власт, кажа денеска на прес конференција носителот на листата, Никола Киселинов. Тој порача дека Зелената коалиција во Советот на Општина Охрид ќе се залага за намалување на загадувањето на воздухот, почвата, водата и ставање ред во урбанистичката сфера.„Ние како Зелена коалиција, сакаме своето учество во...

Продолжи со читање