Автор: инфодеск
Post Views: 71 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 5, а максималните до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Денес и во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Свикана 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 97 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, информира дека утре, 09.10.2025 година (четврток) со почеток во 09.00 часот ќе се одржи 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид.
На Златибор ќе се гради аеродром
Post Views: 98 Веб-страницата Biznis.rs денес објави дека веќе се подготвува земјиште за изградба на писта на најпосетуваната српска планина, Златибор.Претседателот на Општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, го најави почетокот на реализацијата на проектот за изградба на аеродромот.-Во првата фаза од работите, пистата ќе биде долга околу 700 метри, во втората 1.200 метри, а конечната должина ќе биде 2,5 километри. Јавниот интерес е утврден овде, а ние се бориме земјиштето на Земјоделскиот комбинат, кое е блокирано, да го резервираме за такви цели преку јавниот интерес,...
Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците
Post Views: 96 Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за безбедност и здравје при работа, Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните...
Полицијата во објект во Љубаништа пронајде марихуана и засадени стебла канабис
Post Views: 73 На 07.10.2025 во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 68 годишно лице од Скопје.-При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Општина Охрид организира повторена јавна анкета и јавна презентација за Нацрт ДУП за УЗ 2 УБ 2.4 опфат 1
Post Views: 124 Општина Охрид распиша повик за организирање повторена јавна анкета и презентација за нацрт-детален урбанистички план за УЗ 2 УБ 2.4 Опфат 1, плански период 2023-2028 година.Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето на опфатено со планот, претставници на стручната јавност, претставници на органите на државната управа, на единиците на локалната самоуправа, на институции надлежни за заштита на недвижното културно наследство и на комуналните претпријатија и претпријатијата чијашто дејност е од јавен интерес, како и...
Преподобна Ефросинија Александриска
Post Views: 95 Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак, младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агапит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Post Views: 45 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека времето од четврток ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 13 степени Целзиусови.
Почина легендарниот фолк-пејач Халид Бешлиќ
Post Views: 105 Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Бешлиќ бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево кон крајот на август.Роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.Неговата кариера, која траеше повеќе од четири децении, вклучува безброј хитови кои станаа евергрини и неизбежен дел од секоја прослава, радио и кафанска музика. Меѓу неговите најголеми хитови се: „Миљачка“, „Ја без тебе не...
Учениците и вработените во охридската Гимназија утре ќе ја даруваат својата скапоцена течност
Post Views: 80 Утре Црвен крст Охрид во соработка со Службата за Трансфузија – Охрид организираат крводарителска акција наменета за учениците и вработените во ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид.-Ги покануваме сите ученици и вработените кои имаат желба да ја даруваат својата скапоцена течност и воедно да спасат нечиј живот. Ве очекуваме! Дарувај крв, спаси живот!, велат од Црвен крст Охрид.Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 09:00 до 12:00 часот во просториите на Службата за трансфузиологија Охрид.
Во петок истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица за гласање на локалните избори
Post Views: 101 Oстануваат уште три дена за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК), избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија (ОИК) најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација.На...
Почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи
Post Views: 131 Од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на сајтот vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Годинава се набавени 80.000 дози четиривалентна вакцина од производител „Абот“ од Холандија, соопшти Министерството за здравство.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени...
