Skip to main content

Автор: инфодеск

Екипата на Црвен крст Охрид втора на Државниот натпревар по прва помош

Views: 128 Екипата на Црвен крст Охрид освои второ место на XXXII Државен натпревар по прва помош, кој се одржа на 26 септември 2026 година во Скопје.Домаќин на натпреварот беше Црвениот крст на град Скопје, а на него учествуваа 10 екипи од исто толку општински организации на Црвениот крст, кои претходно обезбедија најдобар пласман на регионалните натпревари.Натпреварувачкиот дел се одвиваше на 10 бази – пет бази за прва помош и пет бази со забавен и интерактивен карактер. Натпреварувачите своите знаења и вештини ги покажаа на повеќе локации во централното градско подрачје на...

Продолжи со читање

a man pumping gas into his car at a gas station

ДДВ за дизелот останува 10% до 12 октомври

Views: 255 Владата ја продолжи мерката со која данокот на додадена вредност за дизел-горивото останува намален од 18 на 10 проценти до 12 октомври, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Таа нагласи дека целта е заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на стабилноста на домашната економија.„Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Продолжи со читање

Продолжува реконструкцијата на „7-ми Ноември“

Views: 142 По завршувањето на градежните активности од првата фаза за реконструкција на дел од улицата „7-ми Ноември“, Општина Охрид продолжува со реализација на следната фаза од проектот.Втората фаза ќе се реализира во две подфази, со цел побрзо завршување на градежните активности и намалување на влијанието врз секојдневното движење на граѓаните.Првата подфаза предвидува реконструкција на делницата од фабриката „Братство“ до Основното училиште „Братство Единство“. Во втората подфаза ќе се реконструира потегот од ОУ „Братство Единство“ до пресекот со булеварот „Туристичка“....

Продолжи со читање

,,Книгата зборува со сите – инклузивни читања со глуви и наглуви лица” успешно реализиран проект во НУ Библиотека ,,Григор Прличев”

Views: 265 Во рамки на Меѓународната недела на глувите лица (21-27 септември), НУ Библиотека ,,Григор Прличев” – Охрид успешно го реализираше проектот ,,Книгата зборува со сите – инклузивни читања со глуви и наглуви лица”, поддржан од Министерството за култура и туризам.Проектот е посветен на создавање инклузивен библиотечен простор во кој книгата, читањето и културата се достапни за сите, без оглед на различностите, пречките или ограничувањата. Целта на проектот беше да овозможи непосредно запознавање на глувите и наглувите лица со библиотеката, книжевното творештво и можностите што...

Продолжи со читање

Претставата „Кловн“ ќе донесе детска смеа и радост во Народниот театар Охрид

Views: 234 Од вторник, 29 септември, до петок, 2 октомври, Народниот театар Охрид ќе биде во знакот на детската смеа и радост. Најмладата публика ќе има можност да ја проследи претставата „КЛОВН“, наменета за околу 1.500 деца од училиштата на територијата на Општина Охрид.Претставата „КЛОВН“ е по текст на Кристина Тодороска Петреска, инспириран од делото „Се бара стар кловн“ на Матеј Висиек, а режијата е на Ѓорѓи Ризески.Во претставата настапуваат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Павел Маслов, Биљана Билаловиќ Вељаноска и Филип Кипровски.За визуелниот изглед на...

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Утре трет уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Views: 165 Утре, 29 септември 2026 година е третиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Идните студенти можат да изберат тригодишни или четиригодишни студии од областа на компјутерските науки и инженерството, комуникациските мрежи и безбедноста, машинската интелигенција и роботиката, информатичките системи, визуелизацијата, дигиталната мултимедијална и анимациска техника, како и дигиталната бизнис аналитика.Подетални информации за слободните места, потребната документација и условите за запишување се...

Продолжи со читање

Охрид во петокот беше домаќин на XVIII Меѓународна научна конференција INSCOSES 2026

Views: 127 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид во петокот беше домаќин на XVIII Меѓународна научна конференција за услужниот сектор – INSCOSES 2026, која обедини истражувачи и професори од повеќе земји. На конференцијата беа презентирани научни трудови од областа на туризмот, угостителството, економијата, меѓународната трговија, логистиката, финансиите, осигурувањето и дигиталната трансформација.Посебен дел од програмата беше пленарното предавање на проф. д-р Jean Vasile Andrei, на тема „When Energy Meets Tourism: A Twin Transition Perspective on Sustainable...

Продолжи со читање

Свеќи

Светиот маченик Никита

Views: 134 Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Никита ја носеше...

Продолжи со читање