Автор: инфодеск
Post Views: 227 Благодарение на донација од страна на локални фирми, успешно заврши реконструкцијата на кровот на објект од павиљонски тип на згради при ЈЗУ Општа болница – Охрид.Со реконструкцијата се замени стариот кров, беше извршена и замена на оштетени делови и инсталирани нови материјали за заштита од влага и временски услови.Објектот е изграден во 1962 година и ова е прва значајна реконструкција. Оваа зграда, која ги вклучува трансфузиологија, биохемиска лабораторија, физикална медицина и рехабилитација, радиологија, болничка аптека, јавни набавки,...
Се реконструира спортскиот полигон во село Оровник
Post Views: 308 Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.–Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи, вели градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Пронајдено нелегално оружје во Горенци
Post Views: 295 На 24.06.2024 во 17.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 34 годишно лице од селото Горенци, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје, пронајдоа и одзедоа ловна пушка „црвена застава” и три куршуми кои, нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Музичка приредба на младите во Младински Центар Охрид
Post Views: 277 На 25ти јуни (вторник) во просториите на Младински Центар Охрид со почеток во 19 часот учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид под менторство на професорот Игор Стефановски ќе одржат музичка приредба со богат репертоар на добро познати песни од големи домашни и странски артисти.-Да ги поддржиме младите музички надежи од Охрид и да се забавуваме, порачуваат организаторите.
Утревечер шесто издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид”
Post Views: 301 По шести пат, утревечер ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос”.Публиката ќе може да ужива во хорските композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани.Како домаќини, охридските хористи ќе настапат со четири композиции: Ubi caritas – О. Gjeilo, Konj – I. Matvienko, аранжман I. Denisova, Besame mucho – C. Velasquez, аранжман J. Galvan и Mad world – Tears for fears, за која аранжманот го направи диригентот...
Треба да се работи на развој на инклузивен туризам
Post Views: 240 Додека светот забрзано работи на развој на инклузивен туризам, во земјава се уште е во зародиш. Во туристичките центри, нема пристапни плажи за лица со посебни потреби, маркирани патеки, адаптирани сместувачки капацитети, ниту соодветна угостителска услуга. Пристапност е потребна и до културно историските споменици, цркви, музеи и манифестации.Единственото место во земјава, кое нудат инклузивна услуга за лицата со попреченост е хотелот на сојузот на глуви и наглуви на брегот на Охридското Езеро, таму целиот персонал го користи знаковниот јазик....
Поради дефект прекин на водоснабдувањето на дел од улиците „Кленоец“ и „Српница“
Post Views: 197 Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците Кленоец и Српница.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.
Од петок започнува летниот режим на сообраќај во стариот дел од градот
Post Views: 223 Од петок, 28 јуни 2024 ќе почне да функционира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори”.-Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни информации или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во...
Киселинов: Откажана е трката во Формула 1 на Охридско Езеро кај Поградец
Post Views: 562 Tрката во Формула 1 со високо-туражни моторни чамци на Охридско Езеро кај Поградец, е откажана, вели еко активистот Никола Киселинов. Претседателот на Туристичката асоцијација на Македонија „Билјана“, која е една од 50-тината граѓански здруженија кои се кренаа против одржувањето на ваква трка на Охридското езеро, вели дека информацијата ја дознал на неодамнешната прослава на Денот на езерото во Поградец. Статусот на трката, која според календарот на организацијата F1-H2O беше закажана за почетокот на јули, на официјалниот сајт на организаторот подолго време беше...
Мултимедијалниот перформанс „Алхемијата на дивината“ среда и четврток во Вевчани
Post Views: 311 „Алхемија на дивината“, е мултимедијален и локациски специфичен перформанс во Вевчани, кој има за цел да ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Премиерата ќе се одржи во среда во 19 часот, а втората и третата изведба ќе се одржат во четврток во 12, односно во 19 часот.–Додека го истражувате Вевчани и Вевчанските извори, околу вас ќе се создаваат магични приказни од алтернативни реалности. Нурнете во овие наративи на еден час, за време на настапот во живо, или препуштете се на една подолга авантура која ветува...
Утре дезинсекција против комарци на територија на Општина Струга
Post Views: 342 На подрачјето на општина Струга на 25.06.2024 год. (вторник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 ч., до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.-Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, апелираат од Општина Струга.Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува...
ВК Црн Дрим – Струга е нов државен првак во веслање
Post Views: 419 Во организација на Веслачката федерација на Македонија, во Струга се одржа државното првенство во веслање. На регатната стаза “Ас” веслата ги вкрстија веслачи од сите веслачки клубови од државава (ВК Црн Дрим – Струга , ВК Врбник – Струга , ВК Горица Ремо – Охрид , ВК Дебар – Дебар ) најуспешни меѓу нив беа:Скиф за пионери:-Прво место Александар Хиохи-Второ место: Стефан ЧадоскиСкиф за кадети:-Прво место: Леон Шутиноски-Второ место: Вања Кукунеш,Скиф за јуниори:-Прво место: Кристијан Китаноски-Второ место: Цветко Димоски...