Автор: инфодеск
Post Views: 11 Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 8 до 13 степени Целзиусови.
ДКСК со извештај од спроведеното следење на примената на системот за интегритет за 2024 година
Post Views: 29 Државната комисија за спречување на корупцијата го објави Извештајот од спроведениот мониторинг на имплементацијата на системот за интегритет за 2024 година, со кој се презентираат не само резултатите од спроведените политики туку и јасната визија за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на државата.Мониторингот кој има опфатено 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор, според резултатите од нив само 50 институции од централната власт ја имаат исполнето обврската за пополнување на...
Утре ќе се одржи панел дискусија по повод Светскиот ден на театарот
Post Views: 18 Утре, 27. 03. 2025 година, по повод Светскиот ден на театарот со почеток од 20 часот на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи панел дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.Како вовед во панелот ќе се прочитаат овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, потоа на темата ќе говорат дел од ансамблот на Охридскиот театар, а за крај е предвидена и дискусија со присутните.Настанот кој што е организиран од Народен театар Охрид во...
Кривична пријава против четворица охриѓани за сторено кривично дело лихварство
Post Views: 6 СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица на возраст од 34, 28, 30 и 33 години, сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство” по член 260 од кривичниот законик.-Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари, информираа од МВР. Парите, освен што биле уплаќани на сметките на...
479 градежни фирми остануваат без лиценца
Post Views: 15 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и надзор може да останат без лиценци од Министерството за транспорт и врски поради неисполнување на условите. Меѓу нив има и фирми со А лиценци за градби од прва категорија, како пруги, патишта, термоцентрали или брани.-Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа и за следните контроли жалбата...
Денеска 55. вонредна седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 12 Денес со почеток во 9.00 часот ќе се одржи педесет и петтата вонредна седница на Советот на Општина Охрид со следниот дневен ред:1. Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2025 година.2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на Општина Охрид за 2025 година.3. Предлог-одлука за одобрување финансиска помош за семејствата на починатите лица и за повредените лица во пожарот во Кочани од 16.3.2025 година.
Учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј” одржаа еколошка акција
Post Views: 11 По повод денот на екологијата, минатата недела на 21 Март „Св. Кирил и Методиј” беше одржана еколошка акција.Од школото информираат дека беа засадени пет жални врби и обезбедиле четири канти за рециклирање на отпад (пластика и хартија).-И во чест на нашите ангели кои трагично ги изгубија своите животи во Кочани, поставивме спомен-плоча во дворот на нашето училиште, додаваат во нивното соопштение.
Свети Никифор, патријарх Цариградски
Post Views: 8 Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го разобличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на свети Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Откако изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на...