Skip to main content

Автор: инфодеск

Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина

Views: 57 Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но, кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја позна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан, пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе света Јустина, бидејќи се занесе од нејзината убавина, па кога девицата одлучно го одби, тој...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Views: 71 Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок.Минималните температурти во Охрид од 6, а максималните до 17 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Во охридската Гимназија презентирани можностите и придобивките на Еразмус+ програмата

Views: 77 Од 13 до 18 октомври 2025 година ширум светот ќе се одржат Деновите на Еразмус, меѓународна манифестација која ги слави успесите и достигнувањата на програмата Еразмус+. Тема на годинашното издание е посветена на европските вредности – со слоганот „Живееме според нашите вредности, создавајќи подобра иднина.“–Еразмус+ поттикнува личен и професионален раст преку олеснување на размената на мобилност и кооперативни проекти. Овие иницијативи им нудат на милиони ученици, студенти, наставници, волонтери и професионалци шанса да стекнат меѓународно искуство, да развијат...

Продолжи со читање

Владата ја раскина концесијата за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга

Views: 88 На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга.Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени. Одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски.–Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите...

Продолжи со читање

МТВ ги гаси музичките канали

Views: 118 Компанијата „Парамаунт Глобал“ објави дека ќе затвори пет музички канали со брендот МТВ во Велика Британија и Северна Ирска до 31 декември 2025 година, со што ќе заврши речиси три децении емитување на тој пазар. Станува збор за каналите MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live. Кога каналот започна со работа во 1981 година, првата песна што ја емитуваше беше „Video Killed the Radio Star“. Со тоа, МТВ ја најави својата револуција – ерата кога визуелниот аспект на музиката стана подеднакво важен како и звукот. Со децении, МТВ беше неприкосновен креатор на музички...

Продолжи со читање

Македонија се простува со уште една жртва од пожарот во Кочани: почина Панчо од групата ДНК

Views: 117 По седуммесечната битка за живот по пожарот од дискотеката Пулс во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тоје 63. жртва од трагедијата во Кочани.Во пожарот загинаа и други членови на бендот: клавијатуристот Филип Стевановски, беквокалистката Сара Пројковска, тапанарите Георги Георгиев и Александар Коларов, како и фотографот на групата Александар Ефремов.Неговата смрт е последното, најтрагично поглавје од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, приказна која го остава со сложено и длабоко болно наследство – како сакан музичар, како трагичен преживеан, но и како...

Продолжи со читање

Боево гаѓање

Денес и утре на Бејбунар вежбовна активност за боево гаѓање

Views: 63 Припадници на редовниот состав од Полициската станица од општа надлежност, од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција, денеска и утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје. Припадници на редовниот состав од Полициската станица од општа надлежност како и од криминалистичката полиција, денеска на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.Од СВР Охрид информираат дека за предвидените вежбовни активности...

Продолжи со читање

Историски момент: Први победи на Светско првенство во Таеквон-до за Божидар и Владимир Димитриевиќ

Views: 105 Овај викенд најдобрите натпреварувачи во Таеквон-до ИТФ од 74 земји од светот, беа собрани во Јесоло, Италија, каде се одржа Светското Таеквон-до ИТФ првенство од 05.10 – 12.10 2025, каде учество зеде и Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација. На ова Светско првенство имаше над 2500 учесници од 74 земји.Нашата репрезентација предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, учествуваше со двајца натпреварувачи. Божидар Димитриевиќ, црн појас II дан, се натпреваруваше во категоријата сениори од 18 до 34 години во борби -92 килограми. Во неговата категорија имаше...

Продолжи со читање