Автор: инфодеск
Views: 171 Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или...
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 92 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 16 степени Целзиусови.Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека под влијание на влажни воздушни маси од утре следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Маховска Шикалеска: Ќе го вратиме сјајот на Билјанини Извори
Views: 58 Проект за враќањето на сјајот на Билјанини Извори, претстави денеска кандидатката за советничка СДСМ и Коалиција Ивана Маховска Шикалеска. Таа посочи дека Билјанини извори како симбол на љубовта, традицијата и историјата не го добиваат вниманието што го заслужуваат.Како идни советници предлагаме да го вратиме ова прекрасно место не само како туристичка атракција, туку како културно и духовно светилиште, рече Маховска Шикалеска.„Овој проект опфаќа : Техничка реконструкција и обнова местото околу изворите, Уредување на околината со патеки, декоративно зеленило и клупи, Еко...
Изречени две судски пресуди за градоначалникот Рамиз Мерко
Views: 95 Условна казна во времетраење од една година за незаконско назначување на директор во училиштето во Велешта, и парична казна во износ од 2500 евра за школото Браќа Миладиновци.Условна казна добија и двајцвата вработени во училиштето во Велешта за фалсификување на исправа.– Иако се земе предвид дека делата да се сторени со поврзени дејствија под исти околности, одлучив на сите да им биде изречена иста санкција, и тоа санкцијата, овој пат со оглед на олеснителните околности, ке биде условна осуда, така што им се утврдува казна за траење од една година, која што...
Приоритетните проекти од програмата на кандидатот за Градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков
Views: 120 Од тимот на кандидатот за Градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков потсетуваат на приоритетните проекти од неговата програма.Дел од приоритетните проекти од програмата на Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија” се: изградба на Младински културен центар, реконструкција на културните домови во населбите Црногорци, Кошишта и Љубаништа, уредување на отворениот дел на Градскиот пазар и негово покривање со настрешница, изведба на секундарна канализациона мрежа во селото Трпејца, реконструкција на дел од магистралниот пат...
Во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за вакцинација против грип ќе добијат СМС порака за термин
Views: 164 Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација.Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата.Од министерството потсетуваат дека е во тек пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на...
Во петок започнува 10. сезона на „Импровокација“
Views: 87 Петок, 17 октомври, Народниот Театар во Охрид ќе биде домаќин на едно од најочекуваните стенд-ап случувања — ИМПРОВОКАЦИЈА: сезона 10, со наслов „ЛАППАЈ СИ!“Публиката ќе има можност да ужива во несекојдневна, жива и целосно непредвидлива импровизација од страна на врвните комичари: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Филип Ангеличин Жура и Никола Јосифовски.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Од денес до петок акција за подигнување зелен отпад во населба Радојца Новичиќ
Views: 69Од Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид инфомираат за измена во Календарот на акции за подигнување на кабаст и зелен отпад за 2025 год. Имено заради реалната ситуација на терен и наметнатите потреби, Акцијата за подигнување зелен отпад од У.З.14 Радојца Новичиќ која согласно Календарот беше предвидена за 31.10.2025 год., ќе се реализира на 17.10.2025 год. (петок). Со акцијата се започна од денеска и ќе се реализира заклучно со 17.10.2025 год. (петок).Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.10.2025 год.(петок) ќе организира акција...









