Автор: инфодеск
Post Views: 794 Во сабота, на 22 Јуни, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 20.00 часот, свечено ќе биде отворена 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на делата и авторите на уметниците кои твореа во текот на изминатата колонија.-Свеченоста, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година, и истата е реновирана изминатата година со што се створени подобри услови за работа, велат од здружението. На интернационалната уметничка колонија...
Во туристичката сезона здравствените установи во Охрид под зголемен притисок
Post Views: 308 Недостигот на лекари во Охрид се продлабочува во текот на туристичката сезона, кога поради напливот на туристи е зголемен обемот на работа. Во Општата болница во Охрид недостигаат анестезиолози, уролози, лекари фалат и во одделите за трансфузиологија и физикална терапија, но и на Кожното одделение. Најалармантно е на Одделот за педијатрија каде повеќе од две години се вршат само прегледи и инфузиона терапија, нема хоспитализација ниту ноќна смена. Во моментов работат само тројца педијатри.Итната медицинска помош во Охрид има возила, но нема доволно...
Трет меѓународен турнир во кошарка „ КК Колибри “- Охрид
Post Views: 770 Во спортската сала „Билјанини Извори” од 18 до 21 јуни ќе се одржи третиот по ред меѓународен турнир во кошарка „ КК Колибри “- Охрид 2025 година во категорија : девојчиња и момчиња, генерации М9, М12 и М14. Натпреварите ќе се одигруваат од 9 до 12 часот претпладне и од 16 до 22 часот попладне.– На турнирот ќе настапат екипите на МБА Академија – Крагуевац, Р. Србија, Елит Баскет – Тирана Р. Албанија, КК Волвс – Корча, Р. Албанија, КК Гостивар – Гостивар, КК Куманово – Куманово, КК Црн Дрим – Струга, ЖКК...
Традиционална Супер Чистка и бесплатно возење на СУП и кајак за Денот на Охридско Езеро
Post Views: 415 Во петок (21.06) oд 9.00 часот на плажа Канео започнувагодинешната Супер чистка во организација на SUP Club Ohrid. Еколошката акција е по повод Денот на Охридското езеро.– Традиционално се дружиме и оваа година по повод Ден на Охридско Езеро. Првиот ден на летото 21 јуни, во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец, со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна. Ве чекаме да го...
Се тампонираат локални патишта во селата Издеглавје и Сливово
Post Views: 268 По барање на жителите на село Издеглавје, извршени се активности за тампонирање со гребен асфалт на патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.-По завршувањето на тампонирањето со гребен асфалт на патот до црквата “Св Димитрија”,село Издеглавје денес продолживме со тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”, село Сливово, со што ќе се обезбеди полесен пристап на граѓаните до црквата и селските гробишта, информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се...
СВР Билтен: две лица нападнати од домашен миленик, жител на струшко Ташмаруништа нападнал охриѓанец
Post Views: 169 На 14.06.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Серафим Китаноски” во Охрид две лица биле нападнати од куче домашен миленик. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Истиот ден на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, жител на струшкото село Ташмаруништа, физички го нападнал 18 годишен охриѓанец. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.
Да се отстранат пловните објекти на Сараиште и од крајбрежјето во Пештани
Post Views: 255 Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“, информираат од локалната самоуправа.–Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците, велат од локалната.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред почетокот на летната туристичка сезона.
ФА Отекс Фолк со годишен концерт ќе ја обележи работата на фолклорната школа во изминатата година
Post Views: 429 Фолклорниот ансамбл Отекс Фолк со годишен концерт насловен “Рака за рака, чекор по чекор” ќе го обележи работењето на фолклорната школа во изминатата школска година. Годишниот концерт ќе се одржи на 15-ти јуни (сабота) во Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 15:00 часот.На овој концерт ќе настапат најмладите членови на ансамблот, средната група, како и и вториот состав кои што со голем ентузијазам и љубов ги изучуваа традиционалните фолклорни кореографии во изминатата школска година и ќе прикажат што се научиле од ризницата...
Да се укине забраната за ноќно пловење на Охридско езеро бараат едриличарите
Post Views: 336 Наутичкиот туризам е една од најбрзорастечките форми на алтернативен туризам, која според туристичките работници, но и научната фела, треба да се поддржи во туристички Охрид како еколошка атракција која не влијае штетно врз Охридското езеро и живиот свет. Но белите едра на езерото можат да се видат само на спортски регати и преку ден. Од 2013 година на сила е забрана со која е ограничено пловењето на овие пловила во вечерните часови до 5 часот наутро. Наутичките туристи се еколошки совесни, со голема платежна моќ и посакувани гости на охридската ривера, велат...
Да не се користи за пиење водата во и околу мерно место населба ОХРИДАТИ
Post Views: 263 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува корисниците од населбата Охридати, дека настаната е контаминација на водата за пиење од градскиот водовод во и околу мерно место населба ОХРИДАТИ – Охрид.Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерно место населба ОХРИДАТИ – Охрид.
Глобално признание од Светската шаховска федерација(ФИДЕ) за ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски
Post Views: 363 ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација(ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма.Kомисијата за шах во образованието која, е дел од ФИДЕ, го сертифицираше Јахја Кемал со златен амблем по спроведеното оценување на десет критериуми и активности коишто овозможуваат успешно имплементирање на шахот како дел од образовната програма.Златната награда е доделена на ПСУ „Јахја Кемал” поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста...
Во недела годишен концерт на студиото за танц „Соната”
Post Views: 284 „Магија во движење” е насловена танцовата претстава на студиото за танц „Соната” со која ќе заокружат уште една успешна танцова сезона.На годишниот концерт ќе се претстават сите оние кои изминатиов период напорно работеа и навлегуваа во тајните на класичниот балет, современиот танц и хипхопот и ќе потврдат дека заслужено настапуваат и ги собираат наградите на престижни натпревари во и надвор од земјава.– И овојпат имаме подготвено иновативни кореографии уникатни костими, со еден збор публиката ќе ужива во магија на сцената придружена со...
