Автор: инфодеск
Post Views: 7 Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека веќе идната недела треба да почне враќање во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во пожарот во Кочани. Прво ќе се враќаат оние кои се во добра здравствена состојба, изјави Муцунски.-Лично ги посетив болниците во 6 држави, разговарав со нивните семејства, со медицинскиот персонал и со моите колеги министри. Благодарност до сите партнери за солидарноста и човечноста. За кратко, во МНРНТ ќе се одржи координативен состанок за подготовка на следните чекори околу...
Денес се празнува христијанскиот празник Свети 40 Маченици – Младенци
Post Views: 13 Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.Се слави на 22 март, тоа е празник на пролетта па така младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината.За Младенци се врзуваат многубројни обичаи, уште од минатото. На овој ден, жените станувале рано и меселе 40 колачиња, кои симболизираат долг, благ и среќен живот. Колачињата ги печеле и премачкувале со мед. Гостите што доаѓаат во...
Сончево со слаб јужен ветер
Post Views: 9 Сончево со умерена облачност.Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Денешните температури во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.Од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд(над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен(над 60км/час) јужен ветер, велат од УХМР.
Кривична пријава за поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“
Post Views: 20 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против 42 годишно лице од Струга, 59 годишно лице од струшкото село Радолишта, 55 годишно лице од Струга, 49 годипно лице од Охрид и 49 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Првопријавениот, во текот на 2023 година, во својство на в.д. директор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје,...
Во недела на градскиот плоштад 60-минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани
Post Views: 13 Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет во Охрид на ден 23 март, недела, со почеток од 12:00 часот на градскиот плоштад организираат 60-минутен молк за почит за сите жртви од трагедијата во Кочани.-Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите.
ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани
Post Views: 15 Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи...
Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање
Post Views: 8Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање, информира на денешната прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски. Тука сакам нагласам дека законите во дел на контрола за жал не се јасни, да не речам се исклучиви и ние ова го правиме со еден вид политичка одлука, но сметаме дека е правилна, а по завршувањето на овие постапки ќе следат и јасни законски измени со кои ќе има обврска на секои 6 месеци да се врши ваква контрола на се што е издадено од страна на институциите....
10 пациенти денес се испишани од македонските клиники и се пуштени на домашно лекување
Post Views: 9 Уште 10 пациенти кои беа повредени во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, кои се лекуваа на домашните клиники, после сите направени токсиколошки анализи, денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, информира министерот за здравство, Арбен Таравари.–Бројката на пациенти коишто се лекуваат моментално е 162. Добра вест е дека 10 од пациентите коишто лежат во државата ќе бидат испишани. 115 пациенти се на лекување надвор од државата.Министерот рече дека веќе нема да се праќаат пациенти надвор од државата и дека идната...