Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес и утре охриѓани го слават Св. Еразмо Охридски

Post Views: 278 Денес и утре православните верници го слават Св. Еразмо Охридски. Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва. Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го...

Продолжи со читање

Осветлено помошното фудбалско игралиште со вештачка трева

Post Views: 272 Преку проект реализиран од Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” осветлено помошното фудбалско игралиште со вештачка трева.Ова доаѓа после повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови од градот, вели градоначалникот Кирил Пецаков. Додава дека општината заедно со ЈП Билјанини Извори продолжуваат максимално да се фокусираат во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови.– Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите активности да ги продолжат...

Продолжи со читање

Втор ден Вдиши Театар

Post Views: 261 Вчера вечер, театарската група на Црвен крст Бар, Црна Гора, во Центарот за култура Григор Прличев, на вториот ден од Театарскиот фестивал ВДИШИ ТЕАТАР ја изведе својата претстава.Опкружени со војна, омраза, страдања се причина за младите да тргнат во потрага по изгубените вредности и да откријат дека во секој човек тлее искра на хуманост и човечност, на која и треба многу малку за да се разгори, беше темата на синоќешната претстава.На третиот ден од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ љубителите на театарот ќе имаат можност да го проследат...

Продолжи со читање

Денес е светски ден на крводарителството

Post Views: 255 14 јуни насекаде во светот се одбележува како Светски ден на крводарителството.На овој ден Црвен крст Охрид искажува искрена благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Служба за Трансфузија-Охрид, вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и сите оние поединци, фирми, институции кои вложија труд, креативност и средства за поддршка и помош во реализација на крводарителските акции. На сите овие чинители ги поврзува една иста, многу значајна...

Продолжи со читање

Поради дефект прекин на водоснабдувањето на дел од улица „Гоце Делчев“

Post Views: 325 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од претпријатието.

Продолжи со читање

Освојувачот на бронза на Европско јуниорско Таеквон-до првенство Давид Крстески на средба со градоначалникот Пецаков

Post Views: 342 Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Давид Крстески, член на Таеквон-до клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, кој на последното Европско јуниорско првенство во Копер, Словенија го освои бронзенииот медал. Крстески се закити со брнозеното одличје во категоријата спаринг борби до 63 килограми.На средбата, Пецаков, честитајќи го големиот успех, порача дека локалната самоуправа и понатака активно ќе го помага клубот, овозможувајќи оптимални услови за работа на младите спортисти.

Продолжи со читање

Државните шампионки во тенис Спасеска и Џајкоска на средба со градоначалникот Пецаков

Post Views: 341 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ги прими тенисерките Ана Спасеска и Маја Џајкоска кои освоија златен медал на Државното првенство по тенис што се одржа во период од 1-ви до 4-ти јуни во Тениската академија Аеродром во Скопје.Двете млади спортски надежи од Охрид кои доаѓаат од ТК „Адвантико“ , Спасеска и Џајкоска беа најдобри во категоријата Јуниорки за двојки. Тие успеаа да ги соборат Ведрана Танеска и Марија Попоска од ТК „Охрид“ и ТК „Чери Спорт“.На средбата градоначалникот Пецаков им честита за постигнатиот успех, со желба...

Продолжи со читање

Во вторник Советот на Општина Охрид ќе бира нов Претседател

Post Views: 232 Свикана четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 18.06.2024 година (вторник ) со почеток во 11:00 часот.На Дневен ред на седницата е избор на нов Претседател на Советот на општина Охрид, со оглед на тоа дека актуелниот претседател Сашо Донев му престанува мандатот со верификацијата на неговиот пратенички мандат во новиот состав на Собранието на Р. Македонија.Д Н Е В Е Н   Р Е ДПредлог-одлука за престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.Предлог-одлука за верификација на мандатот на член во Советот на...

Продолжи со читање

Избрано идејното решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

Post Views: 216 Општина Охрид го избра идејното решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид, врз основа на објавениот јавен конкурс.Комисијата за спроведување избор на идејното решение, формирана од градоначалникот на Општина Охрид, бр.09-5735/3 од 16.05.2024 година, во состав : Александра Настоска, претседател, Билјана Аврамоска – член, Митко Трпкоски – член, Петар Боев – член и Наташа Стојкоска – член,  од Одделението за култура од општина Охрид  прими вкупно 5 плика кои беа пристигнати по Конкурсот за идејно решение.Комисијата...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков им ја честиташе титулата на младите фудбалери од Фер Плеј

Post Views: 336 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младите фудбалери од фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид, кои ја освоија титулата -Државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.Градоначалникот Пецаков упати срдечни честитки до дечињата и нивните трењери со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истака дека Општина Охрид како и до сега ќе продожи да инвестира во спортот и да дава поддршка на младите спортисти.На првенството во категорија на детски лиги организирано од ФФМ, екипата на „Фер Плеј“ играше без пораз и...

Продолжи со читање

Велосипедистите бараат поврзување на двата крајезерски градови Охрид и Струга со современа вело патека

Post Views: 415 Велосипедистите со години бараат велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Неодамна, со Ипа вело тура, која ја подржаа над 120 велосипедисти се реафирмира идејата за изградба на безбедна велопатека меѓу двата крајезерски градови, но и патека кон населбата Свети Стефан.Во современите земји велосипедизмот е начин на живот, треба да се работи на проширување на велосипедската мрежа.„Урбаниот велосипедизам станува начин на живот, стил на живеење. Рекреативниот велосипедизам исто така наменет е не само за охриѓани и стружани, но многу повеќе и за...

Продолжи со читање

Младински Центар Охрид организира Креативна летна школа

Post Views: 252 Креативен Клуб при Младински Центар Охрид организира Креативна летна школа во период од 1 јули до 12 август 2024 година.„Школата ќе се реализира во просториите на Младински Центар Охрид, во дворот каде би имале особена слобода за да ја изразат својата креативност, но, и во природа, покрај плажа каде би имале простор за тим билдинг, релаксација и креативно изразување“, велат организаторите.Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1DOCTl5CuOPs8HJONVuKUbswqG_da1QiTmDZMI3ybnCE/viewform?edit_requested=true

Продолжи со читање