Skip to main content

Автор: инфодеск

Passkontrolle Passport control signage

Од утре се воведува новиот систем за контрола на Шенген зоната

Views: 124 Од утре почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена.Имплементацијата на системот ќе биде постепена во период од шест месеци, при што во првите 30 дена земјите членки ќе треба да евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от ден треба да почне евидентирањето на сите...

Продолжи со читање

11 октомври

Македонија го празнува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Views: 163 Македонија денес одбележува 84 години од почетокот на антифашистичкото востание. Празникот 11 октомври е Ден на народното востание.11 Октомври е празник на востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. Настанот од 11 oктомври 1941 година е...

Продолжи со читање

Во недела ќе се одбележат 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид

Views: 127 Од Дебарско-кичевска епархија Охрид по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид, еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, во недела на 12.10.2025 г. во храмот ќе биде отслужена света Литургија на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.Од епархијата информираат дека покрај локалните свештеници од Охрид, во...

Продолжи со читање

Младински центар Охрид

Настан за подигнување на свеста за менталното здравје денес во Младински Центар Охрид

Views: 95 По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври, Младински Центар Охрид денес организира настан-дискусија посветен на менталното здравје на тема „Пристап до услуги – Ментално здравје при катастрофи и вонредни состојби“.-Оваа година, фокусот е на обезбедување на поддршка за лица погодени од конфликти, катастрофи, раселување и други кризни ситуации, како и за хуманитарните работници во теренски услови, информираат организаторите. Во нивното соопштение додаваат дека на настанот ќе говорат лиценцираните психолози Кети Маркоска и Сања Наковска.-Дојдете да учиме,...

Продолжи со читање

Охрид свечено го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание

Views: 77 Со свечена седница Општина Охрид ги започна чествувањата по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ. Седницата започна со видео запис со историјата на Охрид за време на Втората-светска војна и за борците од охридско кои ги положија животите за ослободување, а продолжи со изведба на химната на Република Македонија од страна на охридскиот детски хор „Бамбино“.11 Октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една генерација која избрала да не молчи со решителност поголема од стравот и со силна идеја посветла од...

Продолжи со читање

Меѓународен успех за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – освоени златни и сребрени признанија на ГАТУС

Views: 163 Во периодот од 5 до 8 октомври се одржа 13-тиот меѓународен натпревар за ученици од угостителско-туристички училишта – GATUS 2025. На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска) и Бар (Црна Гора), каде домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Бар, Црна Гора.Учениците се натпреваруваа во готварство, угостителско послужување и подготовка на...

Продолжи со читање

Детското одделение во охридската болница повторно работи во три смени

Views: 273 Повторно започна со работа детското одделение во охридската болница. По четири години, откако  беше затворено поради недостиг на педијатри, конечно се обезбедени шест специјалисти  за исполнување на тросменски  дежурства.Конечно децата од Охрид ноќе, во викенди и за празници нема  да мора да патуваат во Струга, потребните здравствени услуги ќе ги добиваат во охридската болница.– Ќе ја  искористам ова прилика и да се заблагодарам и на колешките и на персоналот на одделението за педијатрија, кои што се нафатија и знам колкава жртва прават за ова да се оствари, меѓутоа...

Продолжи со читање

Одржана работилница во охридскиот затвор на тема: „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“

Views: 70 Од Црвен крст Охрид информираат дека во КПУ Затвор Охрид во рамки на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, реализираа нова и значајна работилница на тема „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“.–Работилницата се одвиваше во пријатна и инспиративна атмосфера, поттикнувајќи отворен дијалог, взаемна поддршка и интерес за нови теми кои ќе бидат обработени на идните средби. Заедно создаваме простор за разбирање, промена и личен раст, велат во соопштението од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање