Автор: инфодеск
Post Views: 241 Во пресрет на Светскиот ден на крводарителството кој се одбележува на 14 јуни, Црвен крст Охрид, во соработка со Службата за трансфузија – Охрид и Костал Охрид, вчера реализираа крводарителска акција со вработените во компанијата, а истата се одржа во просториите на Костал.„Изразуваме голема благодарност до сите вработени кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и до компанијата Костал за нејзината висока општествена одговорност“, – велат од Црвен Крст Охрид.
Градската библиотека го реализира проектот „Читаме гласно и раскажуваме“
Post Views: 203 Втора година со ред НУ Библиотека ,,Григор Прличев“ од Охрид“ го спроведе Проектот: „Читаме гласно и раскажуваме“ одобрен од Министерството за култура и е дел од Годишна програма за работа на установата.Се работеше со деца од второ одделение кои според наставната програма веќе ја имаат совладано азбуката и од нив се бараше да научат добро да читаат, да прераскажуваат обработени и самостојно прочитани текстови, да раскажуваат вистински и измислени настани и доживувања.Целта беше да се работи со деца кои имаат тешкотии во читањето и да им го олесниме патот...
Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на „Вдиши театар“
Post Views: 231 Тесен беше просторот на летната сцена во предворјето на црквата Св.Софија, да ги собере сите љубители на театарската игра, кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на деветтото издание на Меѓународниот Аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 12-16 јуни во Охрид.Блескав настап имаше театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „УТРЕ“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц...
Денес е Спасовден – празник на Христовото вознесение
Post Views: 211 Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до...
Алексијоски: ЈП Колекторски систем во целост ја отстрани опасноста од излевање фекални води во езерото
Post Views: 241 Од кога е формирано ЈП Колекторски систем во континуитет се грижи за работењето на колекторскиот систем за заштитата на водите на езерото, но пред се работи на целосна рехабилитација и ставање во функција на истиот, кој за жал децении воопшто не беше одржуван и беше надвор од функција, вели директорот на претпријатието Владимир Алексијоски, посочувајќи дека имаат голем удел во квалитетот на водата во Охридско Езеро.„Покрај редовното одржување, согласно годишните програми за работа ние од сопствени средства изработивме автоматизација скоро на сите препумпни...
Учествувајте во рубриката „Заедницата има многу лица“
Post Views: 358 Креаторите на политики и носителите на одлуки треба да имаат слух за различните потреби на различни групи граѓани.Анализата на потребите на локалната заедница од аспект на нејзината хетерогеност е важна при креирањето на локалните политики, со цел да се создадат можности и услови подеднакво и за студент/ка или ученик/чка, и за пензионер/ка, и за жена претприемачка.Со воведување на рубриката „Заедницата има многу лица“ сакаме различни групи граѓани (жени, лица над 65 години и млади) да артикулираат како живеат во градот, кои се нивните интереси и...
Годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“
Post Views: 239 Синоќа во катедралната црква Св. Софија се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“На концертот учествуваа најдобрите и најталентирани ученици кои во учебната 2023/24 година беа наградувани на државни натпревари во нашава земја и надвор од неа.За постигнатите успеси покрај учениците годинава беа наградени и дел од наставниците за посебен придонес и афирмација на музичкото училиште.Проектите на оваа образовна институција беа поддржани од Општина Охрид и градоначалникот...
Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти споредено со лани
Post Views: 294 Во државава во април годинава се регистрирани 81 752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151 720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2 проценти од странските туристи, објави Државниот завод за статистика. Од вкупно 62 978 странски туристи, 25 324 се од Турција, 3 254 од Германија, 5 006 од Србија, 2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија, 2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија…Хотелско сместување користеле 76 662 туристи, од кои 24 472 биле...
Ова лето во Охрид богата културно забавна програма за најмладите – „За сите деца“
Post Views: 326 Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид за прв пат организира богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во нашиот град.На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето, ќе се реализираат низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години, под мотото „Културата расте со децата“.Во текот на месеците јуни, јули, август, септември и октомври на отворените сцени на Долни Сарај, плоштадот „Крушевска...
Во петок акција за подигнување кабаст отпад во населбите Кошишта, Воска и Даљан
Post Views: 208 ЈП „Охридски Kомуналец” на 14 јуни (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 со која ќе се опфатат населбите Кошишта, Воска и Даљан.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 14.06.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот од 07.00 до 21.00 часот, велат од претпријатието.Кабастиот...
Регистрирано присуство на балканскиот рис и на Илинска-Плакенска Планина
Post Views: 359 Македонско еколошко друштво сподели убава вест дека по 15 години регистрирале присуство на балкански рис на Илинска-Плакенска Планина– По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија, велат од МЕД.Сесијата на фото-замки МЕД ја реализирале со помош и соработката со планинарското друштво „Бигла“ од Демир Хисар.
Се реновира Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид
Post Views: 564 Започна реновирање на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид.Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид претставува регионален центар за општа и специјалистичка интернистичка патологија која се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти кои имаат честа потреба од хоспитализација. Последниот пат одделот бил реновиран во 1978 год. и поради тоа, отпочна комплетно реновирање, вклучувајќи осовременување на болничките соби, работни простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешна столарија,...