Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес за најмладите „Марсовски пикник“ во Охрид мол

Views: 153 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, денес ќе биде прикажана детската интерактивна театарска престава „Марсовски пикник“ во изведба на „Театар за тебе“.Претставата ќе биде одиграна во 19 часот во Охрид мол.-Дојдете и уживајте во детската магија!, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

Светиот маченик Калистрат

Views: 134 Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Понтиј Пилат во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така, со текот на времето, светиот Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура

Views: 85 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР инфомираат дека следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, а во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Продолжи со читање

СДСМ најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште

Views: 122 На денешната прес конференција на СДСМ и коалицијата, Иван Димкоски најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште во Охрид, како една од најзначајните иницијативи што ја предлагаат како советнички тим на СДСМ.-Оваа иницијатива не е обичен проект ова е порта која ќе го поврзе Охрид со иднината и современите светски туристички дестинации. Порта која ќе го отвори градот кон нови можности за туризам, економски развој и меѓународна соработка. Проектот ќе се реализира во корелација помеѓу Општина Охрид, државните институции и приватниот сектор. Ќе...

Продолжи со читање

Изложба на фотографии од најпретставителните единки на Балкански рис досега фатени на камера во КЦ Култ Охрид

Views: 92 Изложба на фотографии кои ја прикажуваат убавината и уникатноста на Балканскиот рис од денеска е отворена за охридската јавност во Културниот центар „Култ“ . 21 фотографија од најпретставителните единки на ова ретко и таинствено животно содржи селекцијата создавана околу 17 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис која ја спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД). Фотографиите се направени со помош на фотозамки, како најкористен метод за теренско истражување на притаени диви животни, а неколку се уловени со фотоапрат.Како критично загрозен...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи свечена седница по повод 11. Октомври, Денот на народното востание

Views: 83 Утре, Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.Свечената седница е предвидено да се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот. Ќе се обратат претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, по што ќе следува културно-уметничка програма.Во сабота, 11 октомври, во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд-Охрид, во училишниот двор на СОСУ „Св....

Продолжи со читање

Огненоски: Со повеќе резултати, а помалку изговори, да го вратиме животот во Дебрца

Views: 67 Даниел Огненоски, кандидат за Градоначалник на Општина Дебрца од ЛДП и коалицијата „Искуство за успех“ денеска на прес конференција порача дека доколку ја добие довербата на граѓаните неговиот главниот фокус ќе биде ставен на подобрување на условите за живот, развој на туризмот и отворањето на нови работни места преку земјоделство и грантови и привлекување на странски инвеститори. Од 8000 жители, во Дебрца моментално има околу 3000, што е навистина поразителна бројка и тоа мора да се смени, потенцира Огненоски.„ Како советник во Општина Дебрца во три мандати имам искуство и...

Продолжи со читање

Одржана 63-та последна седница на Советот на Општина Охрид во овој мандат

Views: 64 Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав.‎‎Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите советници за нивниот ангажман и посветеност.‎‎Зборувајќи пред присутните, благодарност за досегашната соработка искажаа и претседателот на Советот, Перчо Божиновски, како и координаторот...

Продолжи со читање