Skip to main content

Автор: инфодеск

Зголемен бројот на каснувања од змија во охридскиот регион

Post Views: 588 Зголемен бројот на каснувања од змија во охридскиот регион. Турист од Холандија  во Охрид каснат од змија вчера беше транспортиран со екипа на Итната медицинска болница во Дебар, бидејќи  во Општата болница во Охрид во моментот немале противотров за змии. Последниот бил даден на повозрасна жена која била донесена во болницата во петокот.Болницата во Дебар вчера била единствената во блискиот регион која имала серум антивипериум. Директорот на болницата во Дебар вели дека пациентот бил донесен за да прими терапија и веднаш бил вратен во Охрид.„Во...

Продолжи со читање

ЈП Охридски Комуналец: Мини депонии на секој чекор во урбаните заедници

Post Views: 228 И покрај сите напори за чист и среден Охрид, граѓаните повторно создаваат мини-депонии во сите урбани заедници, велат од ЈП Охридски Комуналец.Последиците од лошите навики сведочат на секој чекор, посочуваат од ЈП Охридски Комуналец.Од таму апелираат граѓаните редовно да се информираат за акциите за подигнување кабаст и зелен отпад, согласно годишниот календар за 2024 год.Апелираме до граѓаните да се почитува динамиката согласно годишниот календар за 2024 год. на акции за подигнување каваст и зелен отпад, а за сите информации...

Продолжи со читање

Музичка вечер во чест на виртуозот Климе Садило

Post Views: 247 Во четврток на 20 јуни пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи музичка вечер „Чалгиските звуци во чест на Климе Садило“. Настанот е во организација на Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди“ од Охрид, а изведувачи ќе бидат Музичката група „Фросина“ и Камерен Оркестар „Охрид“.Климе Садило е претставник на македонската чалгиска традиција чии зачетоци се во 19 и во 20 век. Роден бил 1881 година, а починал 1965 година. Најпрво започнува да свири во тајфата на својот татко, а подоцна формира своја тајфа „Такамот на Садиловци“,...

Продолжи со читање

ВДИШИ ТЕАТАР 2024

Post Views: 305 Аматерскиот театарски фестивал ВДИШИ ТЕАТАР 2024 во организација на Црвен крст Охрид, во среда, 12.06.2024 година ќе ја претсави својата прва претстава за овогодинешното издание во предворје на црквата Св. Софија – Охрид.Театарски групи од општинските организации на Црвен крст Бар, Црна гора, Крагујевац и Суботица, Србија, ќе се претстават пред Охридската публика во Центарот за култура Григор Прличев, во деновите 13 и 14.06.2024 година.Влезот за сите претстави е слободен.

Продолжи со читање

Се одржа хуманитарниот турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“

Post Views: 371 На 8.06.2024 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024. Покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија,  Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.„Oва е трет хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024 година, кој  прерасна во една убава традиција, турнирот е одлична можност за децата на...

Продолжи со читање

ЦУК апелира на внимателност при движење во природа поради честа појава на змии

Post Views: 287 Центарот за управување со кризи превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните да имаат случај да се сретнат со змии, па, иако во ретки случаи, можат дури и да бидат гризнати од влекачите.Во таков случај и после прва самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со лекар, бидејќи ако змијата е отровна правилната прва самопомош е многу важна и времето за добивање лек е многу важно, а истовремено се можни алергиски и инфекциски реакции кај луѓето коишто се гризнати од животно, во конкретниот случај, од змија и...

Продолжи со читање

Топлотен бран

Денеска и утре топлотен бран, владата со препораки до работодавачите

Post Views: 248 Метеоролозите за денеска и утре најавуваат сончево и натпросечно топло време. До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).Владата на барање на Министерството за здравство, на вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава донесе соодветни препораки.Владата ги усвои...

Продолжи со читање

„Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ – акција на охридскиот младински клуб за артивизам

Post Views: 235 Денеска на Кеј Македонија охриѓани и гостите фотографираа скулптура направена од пластични отпадоци. Уметничката инсталација ја изработија активистите од охридскиот клуб за артивизам при Mладински центар Охрид во рамки на младинска акција „Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ за подигање на свеста кај заедницата, особено кај младите за заштита на Охридското Езеро и животната средина.„ Одлучивме да ја направиме оваа скулптура на која се покажани некои работи кои многу често се фрлаат во Охридското езеро и кои наместо да бидат таму би можеле да се...

Продолжи со читање

Промовирана книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ од авторите Пандев и Ѓорѓо Димоски

Post Views: 240 Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски.Станува збор за деветтата по ред книга којашто е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издава градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид. За значењето на овој труд зборуваше заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.СЕ ВО ЕДНО -Вака некако со два збора  може да се опише најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо –  Димоски затоа што многу умешно на...

Продолжи со читање

ИПА Охрид реализира уште една успешна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда

Post Views: 223 Викендов, Интернационалната полициска асоцијација Охрид,  во рамките на ИПА вело викендот „На точак Охрид и Струга да видам”, ја реализира велосипедската тура Охрид-Струга-Радожда. Годинава, учествуваа 120 велосипедисти од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.Рекреативното возење се одржа во саботата а ден пред тоа, беше отворен ИПА ЕКСПО ВЕЛО штандот на кој, учесниците ги поздрави и во името на Советот на општина Охрид им се обрати советничката Ана Крстеска. Таа го истакна значењето на иницијативата на ИПА Охрид за велосипедско поврзување на...

Продолжи со читање

Демне опасноста од епидемија на морбили во струшко

Post Views: 292 Демне опасноста од нова епидемија на морбили во струшко. Откако викендов беше откриен првиот потврден случај, шестгодишно момче од село Лабуништа, кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје, ЦЈЗ  засилено работи на откривање на контактите.Откриени се пет невакцинирани деца во селото, но епидемиолозите велат немаат точен увид во списокот на имунизација , поради честите миграции на населението. Не се исклучува опасноста од проширување на болеста.„Постои можност за проширување, како што реков тоа е заболување со висок ризик...

Продолжи со читање

СВР Билтен: Лице повредено со остар предмет, кривична за бесправно градење

Post Views: 205 Вчера вечер во СВР Охрид е пријавено дека лице од село Слатино бил примен во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет. Тој во близина на спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев” во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, – информираат од СВР Охрид.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишно...

Продолжи со читање