Skip to main content

Автор: инфодеск

Свр охрид

СВР Билтен: приведен охриѓанец кој нападнал сограѓанин пред казино, кривична пријава за Грк кој продавал марихуана на зависници од Охрид

Views: 93 На 08.10.2025 во 10:40 часот пред казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички и со остар предмет нападнал 42-годишно лице исто од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на...

Продолжи со читање

Литературата гради мостови меѓу народите, средба на српски и македонски писатели и поети во Охрид

Views: 104 Српски и македонски писатели и поети во Охрид преку пријателство и пишаниот збор градат културни мостови меѓу двата народи. Писателите Радомир Андриќ, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Србија, Раденко Поповиќ и Радоња Дубљевиќ се сретнаа со нивниот домаќин, познатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски и со уште неколку поети од Охрид.Суштината на литературата е да не познава граници. Ако се пишува на хуман јазик, вистински човечки јазик тоа ќе биде добредојдено во секоја средина, кај секој народ, кажа познатиот српски поет Радомир Андриќ на средбата со...

Продолжи со читање

A collection of cardboard boxes and paper bags on a patterned rug in a home setting.

Ќе се менува Законот за ДДВ: нема повеќе ослободување од данок на пратките од странство до 22 евра

Views: 210 Владата го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предлага укинување на досегашното ослободување од плаќање ДДВ при увоз на пратки со мала вредност до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи.-Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, а се пропишува...

Продолжи со читање

Денес во Охрид ќе биде отворена изложбата на фотографии од Балканскиот рис во Културниот центар „Култ“

Views: 179 Денес, со почеток во 13:30 часот во Културниот центат „Култ“ ќе биде отворена патувачката изложба на фотографии од Балканскиот рис. Изложбата ќе биде достапна за разгледување до 21 октомври, по што ќе го продолжи своето патешествие во друг град.-Како критично загрозен подвид кој живее само во регионот на Западен Балкан, со помалку од 50 возрасни единки во природата, балканскиот рис е под закана од загуба на живеалишта, криволов и ниска генетска разновидност, иако претставува незаменлив дел од природното наследство на регионот. Оваа изложба сведочи за неговото значење,...

Продолжи со читање

Претставување на апостолот и евангелист Јован Богослов

Views: 70 ин на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господа Исуса, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Преображението на Господа на гората Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ, тој потоа ѝ беше како син на Пресветата...

Продолжи со читање

Денес сончево со мала до умерена локална облачност

Views: 63 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 5, а максималните до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Денес и во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Продолжи со читање

Свикана 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид

Views: 81 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, информира дека утре, 09.10.2025 година (четврток) со почеток во 09.00 часот ќе се одржи 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

a ski lift going up a snowy mountain

На Златибор ќе се гради аеродром

Views: 130 Веб-страницата Biznis.rs денес објави дека веќе се подготвува земјиште за изградба на писта на најпосетуваната српска планина, Златибор.Претседателот на Општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, го најави почетокот на реализацијата на проектот за изградба на аеродромот.-Во првата фаза од работите, пистата ќе биде долга околу 700 метри, во втората 1.200 метри, а конечната должина ќе биде 2,5 километри. Јавниот интерес е утврден овде, а ние се бориме земјиштето на Земјоделскиот комбинат, кое е блокирано, да го резервираме за такви цели преку јавниот интерес, изјави Стаматовиќ...

Продолжи со читање