Автор: инфодеск
Post Views: 297 Деветтото издание на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој ќе се одржи од 12 до 16 јуни 2024 г. во организација на Црвен крст Охрид.-Подгответе се да уживате во прекрасните и креативни изведби на младите актери, волонтери на организациите на Црвениот крст од Србија, Црна Гора и Македонија, најавуваат организаторите.
Едукативни прирачници за деца посветени на Вевчанските Извори
Post Views: 256 Центарот за истражување и информирање за животната средина – Еко-свест изработи три едукативни прирачници за спроведува активности во природа, посветени на Споменикот на Природата Вевчански Извори. Прирачниците се достапни за бесплатно симнување на веб страната на Еко-свест.Споменик на Природа Вевчански Извори – Експериментално поле за млади научници -Практичен водич за наставници од повисоки одделенија за спроведување активности во природаЛинк до публикацијата – https://t.ly/UagC3Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште...
Тимови од Центар за јавно здравје на располагање на ранливи категории граѓани за земање материјали за анализа во домашни услови
Post Views: 193 Поради топлото време и високите температури, мобилни тимови од Центар за јавно здравје им стојат на располагање на ранливите категории граѓани кои имаат потреба од микробиолошки анализи, за земање на соодветните материјали во домашни услови.– Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие надпросечно топли денови, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина,...
Не се исполнија најавите дека летово на охридската ривира ќе работат над 500 увезени работници
Post Views: 357 Иако се очекуваа над 500 увезени работници ова лето да се вклучат во хотелско угостителскиот сектор на брегот на Охридското Езеро, на стартот на туристичката сезона ги има само стотина од Филипини, Индија и Непал. Мал дел кои пристигнаа со договори за работа, ја напуштија земјава. Имаше неколку пријави во полиција од работодавачите за исчезнати работници.Оние кои што се во Охрид задоволни се од условите, но не планираат долгорочно да работат во земјава. Сакаат повисоки плати и подобра...
Во 2023 година во Охрид се родени 427 деца
Post Views: 243 Во 2023 година, во Охрид вкупно се родени 430 деца, од кои живородени се 427, објави Државниот завод за статистика. Според пол, кај живородените деца 214 се машки, а 213 женски. Вонбрачно живородени деца се 31.Во Струга минатата година вкупно се родени 485 деца, од кои живородени се 483. Според пол, кај живородените 254 се машки, а 229 женски. Вонбрачно живородени се 39 деца.Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, во Република Северна Македонија вкупно се родени 16859 деца, од кои живородени се 16737, а мртвородени 122....
Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти
Post Views: 269 Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.Зголемувањето се должи на покачувањето на трошоците на животот во делот ресторани и хотели за 3,1 проценти, рекреација и култура за 2,1 процент, транспорт за 1,9 процент, облека и обувки за 1,5 процент, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје...
Во понеделник промоција на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“
Post Views: 266 „Охридски писатели за деца и младинци“ е најновата книга на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски што деновиве излезе од печат во издаваштво на Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пѐцаков.Овој труд е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ во чии рамки претходно локалната власт издаде девет трудови од горе споменатите автори.Промоцијата на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ е закажана за понеделник (10. 06 2024 г.) во 11ч. во големата сала на Општина Охрид, а...
Богата програма на третото издание на Ohrid Wine Festival
Post Views: 309 Богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 27-ми до 29-ти јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.-На отварањето на фестивалот на 27.06.2024 (четврток) на сцената ќе настапат Backdoor band, Миле Кузманоски и „Куку леле“.-Вториот фестивалски ден на 28.06.2024 (петок) е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers.-Во рамки на третиот фестивалски ден на 29.06.2024 (сабота) за забавата ќе бидат...
Летно работно време на градската библиотека
Post Views: 302 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9:30 до 14.00 часот.Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои...
Канонизација на светите Спасе и Спаса Вишенски
Post Views: 522 Викендов, во храмот „Свети Атанасиј“ во селото Вишни и во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, ќе се случи свечениот чин на канонизација на новите македонски светци Спаса и Спасе Вишенски. Со овој чин всушност ќе се стави крај на еден процес кој е започнат пред речиси еден век, со откривањето на моштите на света Спасица Вишенска, како што ја нарекуваат мештаните, во далечната 1927 година.Светите Спасе и Спаса се светители од отоманскиот период. Света Спаса има двоен венец, исповеднички и маченички, односно, како девственица му се предала на Христа...
Денес и утре СВР Охрид ќе спроведе боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар”
Post Views: 235 Полициски службеници – припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај како и од криминалистичката полиција, денеска и утре (06 и 07.06.2024), на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловечкото друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.„Пред почетокот на боевото гаѓање,...
Претставата „Види, летам“ гостува во Охрид
Post Views: 846 Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, ќе ја изведат претставата „Види, летам!“ во Охрид.„Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги имаат споделено своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни. Раскажаните приказни, авторот на...