Автор: инфодеск
Views: 81 Од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на сајтот vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Годинава се набавени 80.000 дози четиривалентна вакцина од производител „Абот“ од Холандија, соопшти Министерството за здравство.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за...
Тодороски: Проектот „Зелени рурални ризници“ ќе го подобри животот во охридските села
Views: 75 План за развој на агро туризам и еко туризам во руралните средини во охридско, претстави носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Јане Тодороски. Проектот „Зелени рурални ризници“ дирекно ќе го подобри животот во охридските села и ќе донесе можностите за сите, рече кандидатот за советник на денешната прес конференција.“Идејата е едноставна да го искористиме тоа што веќе го имаме, прекрасната природа, традицијата, домаќинската храна и вредните луѓе. Со овој проект ќе се работи на подобрување на патната инфраструктура во селата, уредување излетнички и природни...
Македонија од денес е дел од СЕПА системот
Views: 123 Од денес конечно Македонија станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), што претставува голема поволност за граѓаните и компаниите. Овој чекор значи дека плаќањата во евра кон земјите од Европската Унија и другите членки на СЕПА ќе се одвиваат на ист начин како и во ЕУ, а најголемата придобивка е значително намалување на трошоците за трансфер.Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на платформата X објави дека плаќањата во евра ќе бидат околу шест пати поевтини и побрзи.–Земјава практично станува дел од Единствената област за...
Охридските гимназијалци рециклираат за нула отпад
Views: 89 Од охридската Гимназија информираат дека заедно со Нула Отпад во континуитет преку едукација се трудат да создадат генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.-За таа цел поставен е контејнер за ситен електронски отпад во дворот на училиштето, а учениците од прва година заедно со професорот по Информатика, Дарко Цветкоски рециклираа паметно за нула отпад, велат во нивното соопштение.
Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Views: 67 Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судијата и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Views: 65 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Од УХМР информираат дека и утре нè очекуваат истите временски услови, а од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.
Одржано Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери во Охрид
Views: 54 Воведување на зелени технологии за производство на електрична енергија е главниот предизвик пред кој е исправена нашата земја. Како дел од зелената транзиција. фотоволтаици, ветерници и водени турбини треба да ги заменат загадувачките индустрии. Ова се дел од заклучоците на Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери.–Посебно индустриите кои што производуваат електрична енергија да ги заменат со обновили извори на електрична енергија. Рударството е многу битен фактор, од проста причина што рударството треба...
Мојсоска: Програмата на Левица изобилува со социјални мерки кои ги нема кај другите партии
Views: 117 Црната кампања за наводна коалиција на Левица со ДУИ, која ја води власта нема да помине на овие избори, и истата само покажува дека власта се плаши и го докажува нашиот раст кој мислам дека ќе кулминира на овие локални избори, порача пратеничката Јована Мојсоска, кандидатка за Градоначалничка на Струга. Таа викендов заедно со претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев и кандидатите за советници на средби со граѓаните ја претставуваа изборната програмата.„Првиот приоритет за Општина Струга за нас уште првиот месец ќе биде да воведиме конечно пренос на седници...









