Автор: инфодеск
Post Views: 131 Од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на сајтот vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Годинава се набавени 80.000 дози четиривалентна вакцина од производител „Абот“ од Холандија, соопшти Министерството за здравство.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени...
Тодороски: Проектот „Зелени рурални ризници“ ќе го подобри животот во охридските села
Post Views: 103 План за развој на агро туризам и еко туризам во руралните средини во охридско, претстави носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Јане Тодороски. Проектот „Зелени рурални ризници“ дирекно ќе го подобри животот во охридските села и ќе донесе можностите за сите, рече кандидатот за советник на денешната прес конференција.“Идејата е едноставна да го искористиме тоа што веќе го имаме, прекрасната природа, традицијата, домаќинската храна и вредните луѓе. Со овој проект ќе се работи на подобрување на патната инфраструктура во селата, уредување...
Македонија од денес е дел од СЕПА системот
Post Views: 90 Од денес конечно Македонија станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), што претставува голема поволност за граѓаните и компаниите. Овој чекор значи дека плаќањата во евра кон земјите од Европската Унија и другите членки на СЕПА ќе се одвиваат на ист начин како и во ЕУ, а најголемата придобивка е значително намалување на трошоците за трансфер.Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на платформата X објави дека плаќањата во евра ќе бидат околу шест пати поевтини и побрзи.–Земјава практично станува дел од Единствената...
Охридските гимназијалци рециклираат за нула отпад
Post Views: 87 Од охридската Гимназија информираат дека заедно со Нула Отпад во континуитет преку едукација се трудат да создадат генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.-За таа цел поставен е контејнер за ситен електронски отпад во дворот на училиштето, а учениците од прва година заедно со професорот по Информатика, Дарко Цветкоски рециклираа паметно за нула отпад, велат во нивното соопштение.
Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Post Views: 90 Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судијата и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Post Views: 69 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Од УХМР информираат дека и утре нè очекуваат истите временски услови, а од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.
Одржано Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери во Охрид
Post Views: 91 Воведување на зелени технологии за производство на електрична енергија е главниот предизвик пред кој е исправена нашата земја. Како дел од зелената транзиција. фотоволтаици, ветерници и водени турбини треба да ги заменат загадувачките индустрии. Ова се дел од заклучоците на Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери.–Посебно индустриите кои што производуваат електрична енергија да ги заменат со обновили извори на електрична енергија. Рударството е многу битен фактор, од проста причина што...
Мојсоска: Програмата на Левица изобилува со социјални мерки кои ги нема кај другите партии
Post Views: 141 Црната кампања за наводна коалиција на Левица со ДУИ, која ја води власта нема да помине на овие избори, и истата само покажува дека власта се плаши и го докажува нашиот раст кој мислам дека ќе кулминира на овие локални избори, порача пратеничката Јована Мојсоска, кандидатка за Градоначалничка на Струга. Таа викендов заедно со претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев и кандидатите за советници на средби со граѓаните ја претставуваа изборната програмата.„Првиот приоритет за Општина Струга за нас уште првиот месец ќе биде да воведиме конечно...
Семејното насилство и агресивното однесување доминира во полицискиот Билтен
Post Views: 96 На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 33 – годишна сопруга, а упатувал закани и кон останатите членови на семејството. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.На 05.10.2025 во 10:35 часот на улица „Радојица Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 32-годишно лице од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја напаѓал...
Аврамоска: Левица беше најактивен застапник на интересите на граѓаните во Советот и ќе продолжи со истото темпо
Post Views: 128 Во изминатиот мандат Левица беше најактивната политичка партија во Советот на Општина Охрид и најгласен застапник на интересите на граѓаните, вели носителката на листата на кандидати за советници, Виолета Аврамоска. Таа потсетува дека Левица во изминатите четири години редовно поднесувала иницијативи до Советот со цел решавање на конкретни проблеми на граѓаните, а од оние кои се реализираа, го посочува отворањето на простор за деца со церебрална парализа во објект во поранешната касарна.„Бевме најактивната политичка партија која на таков начин дејствуваше во...
Маховска Шикалеска: Имаме реални решенија и визија за современо и инклузивно образование
Post Views: 165 Ивана Маховска Шикалеска, кандидатка за советничка од СДСМ и Коалицијата, денеска на прес конференција зборуваше за важноста и статусот на просветните работници, нејзини колеги, и за унапредување на образованието во Охрид. На сите наставници, воспитувачи и просветни работници, таа им упати благодарност за нивната посветеност, трпение и љубов кон децата. Луѓето кои секојдневно ја градат иднината на нашето општество треба да добијат соодветна поддршка и признание, потенцира Маховска Шикалеска.„Како наставничка знам дека учителот е темелот на секој...
Утре неколку часа без струја ќе бидат Вевчани, Октиси и Горна Белица
Post Views: 121 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека утре ќе има неколкучасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица поради приклучок на вториот дел од кабелот на трасата Суво поле – Вевчани.