Skip to main content

Автор: инфодеск

Три лица повредени во сообраќајка во близина на Прентов мост

Post Views: 408 Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на регионалниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост.–Повредените лица се префрлени во болницата „Св. Еразмо“. Во несреќата, која се случила во 7:20 часот утрово, учествувале две патнички возила едно со охридски, a друготo со битолски регистарски ознаки. Извршен е увид од полициска екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.Интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид на извлекување на повредените.Сообраќајот после...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава локации за урбана опрема за комерцијално користење

Post Views: 271 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор, 13 локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење, продажба на храна на Кеј Македонија и Плоштад Крушевска Република.Локациите за Станици за подвижна урбана опрема се наоѓаат:на улица Кеј Македонија – 6 локацииплоштад Крушевска Република – 6 локациипешачка патека канал Студенчишта –Хотел Парк 1 локацијаГрафичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава локации за типизирани тезги за продажба на сувенири

Post Views: 314 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за продажба-типизирани тезги за сувенири.Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат:Во Стар град – Варош вкупно 10 локации и тоа на патеката од Самоилова Тврдина кон Плаошник- вкупно 5 локации, пред влезот кон “Плаошник” – вкупно 4 локации, пред влезот на “Амфитеатар”- вкупно 1 локации и на Кеј Македонија вкупно 7 локации.Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web...

Продолжи со читање

Изградено уште едно детско игралиште

Post Views: 226 Со цел да се обезбедат подобри услови за забава и рекреација на најмладите, изградено е ново детско игралиште на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на станбениот комплекс покрај реката „Грашница“.Поставени се најсовремени реквизити за забава и специјална гумирана подлога согласно безбедносните стандарди. Исто така поставена се и клупи за седење, заштитна ограда и засадено е соодветно зеленило.Средствата за изградба на игралиштето се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Post Views: 389 Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид.Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44).Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата, што ќе се одржат ова...

Продолжи со читање

Одложена главната расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник за набавката на луксузниот автомобил

Post Views: 522 Во Основниот суд во Струга повторно е одложена главната расправа за судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“, вреден 67 илјади евра и уште три други автомобили за општинските потреби.Причина за одлагањето според судијката е тоа што одбраната достави обемна листа на докази, вкупно 68 вербални и писмени, која Судот треба да ги разгледа но и да прибави одредени документи од надлежните институции.„Потребно е време и за обвинителството да се запознае со истите но и за судот. Интенцијата е да...

Продолжи со читање

Младите музичари од ОМУ „Методи Патче“ постигнаа извонредни резултати на меѓународниот натпревар ” Тартини”

Post Views: 457 Младите музичари од ОМУ „Методи Патче“ постигнаа извонредни резултати на меѓународниот натпревар ” Тартини”, кој по четврти пат се одржа во Пиран, Р. Словенија, во чест и слава на виртуозот по виолина и композитор Џузепе Тартини.Младите и талентирани музичари: Антица Николоска V одд , Ана Кузманоска VII одд, Виктор Србиноски VII одд и Лина Николеска IX одд , беа единствените натпреварувачи од Р. Македонија. Во силна конкуренција на учесници од 21 држава од светот, постигнаа врвни резултати во соло дисциплина и камерна музика.Клавирското трио...

Продолжи со читање

Oтворена е сензорна соба во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Post Views: 238 За првпат во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ отворена е сензорна соба. Станува збор за посебно опремена просторија за деца со потешкотии во развојот .–Преку опуштена и релаксирана интервенција децата го учат најважното – „Учат како се учи“. Исто така децата со потешкотии во интеграцијата во сензорната соба истражуваат, учат, стекнуваат искуства кои се важни за нивниот понатамошен раст и развој. Бенефитите од ваква соба и сензорна интеграција се многубројни, напиша во објава на Фејсбук, градоначалникот Кирил Пецаков.Сензорната соба е реализирана во...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Post Views: 216 Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид.Поради настанат дефект на водоводната мрежа,неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“ и дел од Булевар „Туристичка“. Исто така, поради интервенција на водоводната мрежа до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Винковачка“ и дел од „Будва“, информираат од ЈП „Водовод“ – Охрид.Eкипи на јавното претпријатие се на терен до целосно завршување со санациите.

Продолжи со читање

400 жардиниери со саксиско цвеќе ќе подели општината како дел од проектот „Цветни балкони – цветен Охрид“

Post Views: 256 Како дел од активностите за одбележување на 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина, Општина Охрид традиционално и годинава, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – цветен Охрид“.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Радојца Новичиќ“, „130“ и „28-ми април“.Акцијата ќе се реализира во среда и четврток, на 5-ти и 6-ти јуни 2024 година.– Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на научна конференција за физичко образование

Post Views: 250 Охрид беше домаќин на 18-от Европски  Конгрес FIEPS Europa и 6-та Научна конференција RPESH. Меѓународниот академски настан е во организација на Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје во соработка со Европската федерација на спортски педагози.На официјалното отворање на овој важен научен собир, учесниците ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.– Како поранешен спортист, голем поддржувач на спортот и како градоначалник на Охрид, особено сум горд што нашиот град е домаќин на една ваков голем научен собир од областа на физичкото...

Продолжи со читање

Рекореден број учесници на „Охрид трчаТ“

Post Views: 248 На 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што ќе се одржи од денес до недела, учество ќе земат рекордни 2200 натпреваривачи од 31 држава. Гостин на спортската манифестација ќе биде претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Ова беше истакнато на прес конференција на која беа соопштени деталите за годинешното издание на „Охрид трчаТ“.– Осмото издание на „Охрид трчаТ“ според статистиката и бројките е рекордно. Особено не радува што во овие години изградивме имиџ и квалитет кои придонесоа бројките да бидат такви какви што се....

Продолжи со читање