Skip to main content

Автор: инфодеск

Времен режим на сообраќај за осмото издание на „Охрид трчаТ“

Post Views: 302 За време на манифестацијата „Охрид трчаТ“ , на 2 јуни, ќе бидaт затворени за сообраќај улиците: „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Македонски Просветители“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, патека Студенчишта и „Св. Наум Охридски“.

Продолжи со читање

Децата и младите се новата мета на тутунската индустрија

Post Views: 337 31-ви мај се одбележува како Светски ден без тутун. Оваа година глобалната кампања на СЗО има за цел да ја подигне јавната свест за новата мета на тутунската индустрија, децата и младите. Тутунската индустрија се обидува да го продаде истиот никотин на нашите деца, само во различно модерно пакување, со привлечен дизајн и различни вкусови и мириси злоупотребувајќи ја нивната љубопитност, вели д-р Даниела Чингоска, Спец. по социјална медицина и јавно здравје од ЦЈЗ Охрид.  Ни се заканува нова епидемија на никотинска зависност во друга модерна можеби и поопасна...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава локации за поставување урбана опрема за забава на отворено

Post Views: 382 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема забава на отворено на Кеј Македонија.Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2024 до 15.09.2024 година.Право на учество на јавниот повик за изнајмување на простор за поставување на урбана опрема има секое:Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)Физичко лице кое е жител на општина ОхридСекое физичко и правно лице има право...

Продолжи со читање

Во сабота ќе се полага првиот екстерен испит

Post Views: 243 Државниот испитен центар (ДИЦ) објави дека за јунската сесија се пријавени 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.Испитниот материјал ќе им биде доставен на училиштата утрото во деновите кога ќе биде полагањето, а почетокот на тестирањето за двата испита ќе биде во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на...

Продолжи со читање

Поднесени пријави против две лица за измами по телефон за лажни сообраќајки

Post Views: 248 Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишна жена од Република Бугарија и 41 годишно лице од Охрид.–Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, лицето од Бугарија и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои имало жртви. Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од...

Продолжи со читање

Балканските прваци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на прием кај градоначалникот Пецаков

Post Views: 244 По повод големиот успех кој го оствари на меѓународниот натпревар по роботика Балкан Јуниор 2024 година каде го освои првото место, тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше на прием кај градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и раководителот на секторот образование Димитар Спасески.На овој прием присуствуваа учениците Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања Јованоска, Љупчо Балески и Тоде Дукоски, советникот во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска, како и директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“...

Продолжи со читање

Рекреативниот риболов да се врати во туристичката понуда на Охрид

Post Views: 433 Охрид со езерото и Галичица има огромен потенцијал за развој на алтернативниот туризам. Последниве години се поголем е бројот на странски гости кои ја посетуваат нашата најпозната туристичка дестинација во потрага по нешто повеќе од плажа и уживаат во планинарење, нуркање, едрење, параглајдинг. Љупчо Стојкоски – Лепи, туристички работник и риболовец со години се обидува туристичката понуда на градот да ја збогати со уште една атрактивна содржина, рекреативен риболов на Охридското Езеро. Туристите што сакаат да рибарат на Охридското Езеро се рекреативни...

Продолжи со читање

Ќе се преосветува манастирот Свети Јован Владимир во село Подгорци

Post Views: 681После еден век од изградбата,  фрескоживописан  манастирот  Свети Јован Владимир во струшко  Подгорци. Тоа е единствениот храм во земјава  посветен на овој значаен светител.  Црквата е изградена  во 1925 година, врз темелите на дамнешен параклис. Издигната во дабовата  шума на  источната падина на  Јабланица на 910 мнв,  на  15 тина километри од Струга.На ѕидовите денес се насликани велелепни и уникатни фрески, кои ги нема никаде во светот, а тие живописно  го отсликуваат житието на светителот Јован Владимир. Фреската одење на лов, визијата на Свети...

Продолжи со читање

Еколошка акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2024”

Post Views: 367 Еколошката акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2024” ќе се одржи на 01.06.2024 (Сабота) а ќе земат учество нуркачи од Македонија и Балканскиот регион, информираат од нуркачкиот центар Амфора.Оваа година како локации се одбрани :1. Калишта2. Градско пристаниште3. Камп Градиште4. Музеј на вода5. ЧераваЗбирното место за сите нуркачи е Градското пристаниште во 9:00 часот. Во недела за сите учесници на акцијата во 9:30 часот, нуркачкиот центар Амфора организира нуркање на една од многуте атрактивни локации на Охридското...

Продолжи со читање

Изложба „Низ фотографскиот објектив на Македонида, уметноста на средновековните цркви во Охрид и охридско“ во Скопје

Post Views: 305 Во Музејот на град Скопје, денеска со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида, уметноста на средновековните цркви во Охрид и охридско“, а ќе биде промовиран и веб-сајтот „Регистар на средновековни цркви во Охрид и охридско“.Истражувачкиот проект кој теренски се работел во 2021 година од д-р Панче Велков и м-р Владимир Таневски е подржан од грант на фондацијата Richard H. Driehouse од Чикаго.„Со оваа изложба на фотографии на фрески за кои сметаме дека се меѓу најубавите уметнички дела од...

Продолжи со читање

Потпишан мемурандум за збратимување на СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” и Средња Школа ,,Дољевац” од Ниш

Post Views: 226 Во периодот од 21 до 23 мај 2024 г. професори од Средна школа ,,Дољевац” од Ниш беа во посета на Охрид, по повод збратимување на двете стручни училишта. Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на директорите Ристе Јанкоски и Марко Цветковиќ.Со потпишувањето на овој меморандум, двете стручни школи отвараат зголемени можности за размена на знаење и искуство помеѓу професорите и учениците, меѓусебна соработка, учество во заеднички проекти и настани, со цел подобрување на квалитетот на образовниот процес.За време на...

Продолжи со читање

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од населба Бараки

Post Views: 330 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од  У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки).Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 31.05.2024 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.Отпадот треба да е уредно оставен до...

Продолжи со читање